Мали трикови за поубав изглед!

.

  • .

    Гласови: 25 47,2%
  • .

    Гласови: 7 13,2%
  • .

    Гласови: 15 28,3%
  • .

    Гласови: 6 11,3%

  • Вкупно гласачи
    53

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Нега на косата во ладните денови

Нагло залади и кожата одма ви се суши! Ништо необично, веќе сте приметиле дека кожата така ви реагира на ладно и на време сте се обезбедиле со добро млеко за тело ( а ако несте, побрзајте да го набавите пред кожата да почне да ви се перути и да се лупи). Она што покасно се приметува е дека ладното зимско време има подеднакво лошо влијание и на вашата коса. Еве на што би било да обратите внимание и како да ја заштитите својата коса.

Дури и вашата коса да е најздрава, централното греење ке ја извлечи влагата од неа. Ниските температури само додатно ке ја оштетат. Затоа би било добро во текот на есента и зимата косата да ја негувате на сличен начин како и кожата. Правилна нега би била редовно миење со хидратантни шампони, нанесување на регенератори и ставање на паковања еднаш неделно.

Еднаш неделно би било добро да се нанесе и регенератор со длабинско делување - тоа се оние регенератори за кои се наменети за оштетена коса. Одма после миењето на косата и впивањето на водата со пешкир, нанесете од овој регенератор, завиткајте ја косата со топол пешкир и оставете така да одстои десетина минути. Измијте ја со млака вода.

Природно кадравата коса, како и минивалот, во ладните денови може да имаат дополнителни проблеми. Затоа, ако имате таква коса, би требало да употребувате спреј или серум за кадрава коса, таканаречен антифриз - тој ке го спречи нејзиното сушење и пукање. Покрај тоа, овие спрејови спречуваат косата, во моментот кога ке излезите на влажен и ладен воздух, да ви се претвори во “жбун”.

Оштетувањата на косата, предизвикани од вакво или онакво време, воглавно не се одма видливи и затоа често се дешава да реагираме дури кога штетата е позначајна и тешко поправлива.
 

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
113
ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШАТА КОСА



Clinique го лансираше новиот систем за нега на коса, кој делумно се базира на светскиот феномен на нивниот режим за нега на кожата во три чекори.
Целиот процес на чистење, кондиционирање и стилизирање е прилагоден да ги задоволи сите потреби на вашата коса.
Без оглед на тоа дали вашата коса е масна, нормална, сува, права или извиткана, конечниот резултат ќе биде здрава коса.
Чекорите 1 и 2 се чекори на шампонирање и кондиционирање. Има по три избори и од двете формулации кои ќе се погрижат вашата коса да го добие најдобриот можен третман.
Чекорот на кондиционирањето го покриват Quick Detangle, Super Condition и Dramatic Moisture. Чекорот 3 нуди други три опции за комплетирање на процесот на стилизирање. Defined Curls ги максимизира сите локни и ја скротува вашата фризура која сите ги излудува!
Доколку вашата коса не е кадрава, тогаш Clinique за вас го усоврши и Perfectly Straight балсамот за да ви помогне да добиете мазен, прав изглед и олеснувачко опуштање, на безживотните прамени.
Конечно, доколку сеуште имате потреба од „безбедносен спреј” пред да излезете надвор тогаш Clinique има решение и за вас, тие го создадоа Natural Hold лесниот лак за коса како и спреј за дополнително волумизирање. Што друго може да биде подобро од ова? Сите овие производи се достапни кај вашиот снабдувач со Clinique.


CLINIQUE
 

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Мат изглед на кожата

Убавата кожа на лицето е нешто што секоја жена посакува да го има, но не е така лесно да се има таква кожа. Стресот и загадувањата во воздухот (кои во поголемите градови ги има премногу) се најголемите непријатели на кожата и со тек на време може да ја “исцрпат” кожата. Кожата го губи сјајот, игледа мат, а ако поркај тоа и “затега”, тоа значи дека и е неопходна маснотија, бидејќи не е во состојба сама да ја произведува во доволни количини.

Што да направите?

Кога кожата не произведува доволно липиди, доаѓа до недостаток на керамид, основниа сврзувачка супстанца во заштитниот слој на кожата. Ако на време не и посветите внимание кожата со тек на време ке постане уште поосетлива.

Што тоа значи?

Тоа значи дека на мат кожата под итно и се потребни липиди. За ова многу корисни се емулзиите “вода во масло”. Емулзијата треба да содржи есенцијални масни киселини (кои се многу слични на киселините во кожата), како и екстракти од ружа - тие брзо ќе ја регенерираат кожата. За да ја подтикнете кожата сама да произведува повеќе липиди може да користите препарати со омега керамиди, како и препарати со уље.

За дополнителна нега на мат кожата добро е да се користи уље за чистење на кожата. На крајот од чистењето задолжително користете тоник. Препорачливо е еднаш неделно да се користи и хранлива маска, комбинација од изгмечено авокадо со масло од јојоба.

Што се однесува до шминката, избегнувајте пудра бидејќи може дополнително да ја исуши кожата. Компактните или мат подлогите исто така не се препорачуваат, подобро е да се користат течни подлоги или хидрантни креми, бидејќи содржат јојоба која ја храни кожата.

Дури и правилната исхрана може и помогне на вашата кожа да произведува липиди кои и недостасуваат. Есенцијалните масни киселини се корисни и за организмот, а може да ги внесите со конзумирање на маслиново масло, како и морски риби ( туна, лосос, харинга).
 

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Нега на стапалата

Како и секој дел од нашето тело така и стапалата бараат посебна нега и внимание, и тоа не само во летниот период кога носиме отворени чевли, туку и преку зимата.
Еве неколку совети за нега на стапалата преку целата година:

Еднаш неделно направете топла купка за стапалата. Во купката ставете малку шампон за тело и неколку капки масло од лаванда, која ќе ја смири болката и ќе го намали чувството на тежина во стапалата. Купката нека трае се додека не се олади водата.

Ако не можете да одите на педикир тогаш сами средете се со тоа што ке земете добри ножички и добра турпија за обликување на ноктите.

Масирајте ги стапалата со многу мрсен крем секој ден, така ќе се ослободите од сувата кожа.

За да го избегнете непријатниот мирис, во чевлите ставете малку сода бикарбона.

Користете камен за петици ако сакате мазна кожа на стапалата.

Сечете ги ноктите право до врвот на прстот.

Ако имате проблеми со испукана кожа на петиците, побарајте специјален крем или лосион за нега на нозете.

Кога нанесувате лак за нокти на ножните прсти, секогаш нанесувајте еден слој заштитен или прозирен лак за да ја избегнете промената на бојата на лакот по неколку дена.

Во купката за омекнување на стапалата задолжително ставете и неколку капки лимон.
 

StormAngel

Stormology
Член од
22 јануари 2005
Мислења
5.059
Поени од реакции
244
У летно време само, ми смрдат чорапите.
У зима тоа не е случај.

Сода бикарбона рече е клучот? Како да го пакувам? То ест како да ја ставам сода бикарбоната у кондурите?
 

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Па ке туриш малку сода бикарбона во кондурите и решен проблем, е сеа немој да се залеташ цело пакетче да го истуриш внатре
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Новогодишна шминка

Гламурозна шминка за најлудата ноќ

Новогодишната треска владее насекаде. Секако дека и вие не останавте настрана од тој вирус. Ве тресе, чуствувате паника. Се погриживте за гардеробата меѓутоа не знаете што со вашата шминка и фризура. Не очајувате Кајгана е тука да ви помогне на најдобар начин да ја усогласите својата гардероба со фризурата и шминката која ќе ве направи гламурозни за најлудата ноќ.

Запловете во новата година со блескави светулки на вашето лице, очи и тело. Ќе изгледате прекрасно. За вечерниот make-up потполно можете да се опуштите и да експериментирате со вашата фантазија. Златна, сребрена, бакарна тоа се само дел од нијансите со кои можете да си поиграте. Секако не заборавајте ги и сината со метален сјај и темно сивата, како и виолетовата и розевата. Блескајте и сјајте, купете светликави звездички кои можете да ги ставите на капаците и краевите на очите, но и на образите и деколтето.

Очите се оние кои треба да ги нагласите, незаборајте, тие можат да заведат секого. Контрастот на боите го отвара погледот и дава посебност. Eyajner-ot добива нови димензии, така што со него лесно ќе го постигнете саканиот ефект. Усните секако треба да бидат сјајни и светликави. Посебните сјаеви ќе ги направат вашите усни сочни и привлечни...

Еве неколку начини на шминкање кои ви ги предлагаме

Доколку сте смеѓа запловете во најлудата ноќ со темно-виолетови тонови.
1. Беспрекорен тен ќе добиете доколку прво ставите течна пудра а потоа и пудра во прав. Тие нека бидат со нежна нијанса, со тоа ќе ги нагласите очите.
2.Со течните сенки во облик на стик кои ќе ги нанесете на целиот капак ќе постигнете игри на линии. Надворешните агли на капаците означете ги со тенки линии кои ќе ги направите со eye liner.
3.На внатрешниот дел од капакот ставете светло виолетова сенка. А, вашите трепка нема да го остават никого рамнодушен доколку употребите маскара за волумен.
4. Со вака нашминкани очи, за усните употребете светло-виолетова нијанса на кармин и сјај, коли нежно ќе ги нагласат, а руменилото треба да биде нежно виолетово до розево, со што ќе добиете природно елегантен изглед.



За девојките со сини очи и руси коси, совршено одговараат сино жолти тонови.
1.На млечно белиот тен одберете подлога за шминка која не е во контраст со вашиот тен. Течната пудра треба да е една до две нијанси потемна.
2.Долж целиот капак ставете сина сенка со метален сјај, а на горниот дел од капакот линија од жолта сенка која е исто така со метален сјај.
3.Во внатрешноста на долниот капак повлечете црна линија со што ќе ги нагласите вашите светло сини очи. На крај ставете маскара на вашите очи, а за вашите усни употребете розев кармин и сјај, а
за вашите образи розевкасто руменило кое ќе ги направи вашите образи нежни.



Темнокоси девојки; уживајте во вашиот сомотски тен, златните светулки и заводливиот црвен кармин.
1.За да постигнете сомотски тен ставете течна пудра, а врз неа транспарентна пудра во прав.
2.Вашите очи ќе сјаат со златните светулки, кои внимателно ќе ги ставите во внатрешниот и надворешниот дел на капакот.
3. Во внатрешноста на долниот капак повлечете зелена линија, а на трепките ставете дебел слој од црна маскара.
4.Сочните усни нагласете ги со црвен кармин, врз кој ќе ставите безбоен сјај.
Уживајте, бидете природни и весели, и вие сте гламурозната звезда на вечерта.



 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
StormAngel напиша:
У летно време само, ми смрдат чорапите.
У зима тоа не е случај.


Kupi si "fresh force" (summer fresh) od KIWI.
Znaci ete ti ja opakovkata pogore na slikata.
Nie doma koristime vakov sprej za cevli, i super e, zatoa i ti go preporacuvam. Cel den ja odrzuva svezinata vo kondrurata, patikata i nema napaden miris. Pakuvanjeto ti e od 100ml.:wink:
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Порција Козметика

Ако немилосно ги трошите вашите препарати за нега, и фрлате огромни суми за нив, придржувајте се до оваа табела. Ќе зачувате пари и секако здравјето на кожата.

Крема за сончање/тело
-Голема јагода тежи околу 30г. Толку крема е потребно за да го намачкате целото тело.


Балсам за коса
-Зрно грозје т.е балсам во големина на зрно грозје, е сосема доволно да ја омекне и обнови косата, без притоа да ја измрси и да создаде првут.


Крема за лице
-Капина, е сосема доволна за лицето, вратот и деколтето


Шампон
-Новите шампони се концентрирани, па затоа не ви треба поголема количина од големина на малина.


Серум за сјај
-Поголема од количина од боровинка, може само да ја замасти кожата, ништо повеќе.
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Маникир и Педикир


Направете си сами, педирикир и маникир. Еве како:

-Маникирот и педикирот се третмани кои лесно можете да ги направите и дома, секако ако ги следите следните упатства:

1.Нанесете мала количина средство за заноктици на секој нокт, почекајте неколку секунди, а потоа благо притиснете ги надоле, заноктиците со специјално стапче од вашиот прибор за нокти.

2
.Со помош на фина турпија (никако метална) обликувате ги ноктите, така што ќе ја пратат природната форма на растење.

3
.Исчистете ги ноктите со мека четкичка, за да ги припремите за нанесување на лакот.

4
.Умасирајте малку крема за раце/нозе.

5
.Исчистете ги ноктите (али, и под ноктите) со памукче на кое има нанесено ацетон.

6
.Нанесете еден слој основа за лак, и почекате потполно да се исуши (околу 2 минути.)

7
.Излакирајте два тенки слоја лак за нокти. Секако, морате да почекате прво да се исуши потполно првиот слој, пред да го аннесете вториот и не заборајате да намачкате малку лак преку самата ивица на ноктот, бидејќи ноктот најпрво таму пука.

8
.Постапката завршете ја со нанесување тенок слој зашититен лак.
Напомена: Избегнувајте лакови кои брзо се сушат, бидејќи они најчесто брзо се лупат.

9
.На секои два или три дена, нанесувајте заштитен слој за да им го вратите сјајот на ноктите, и секако да ги заштитите од пукање.

Совет:
Доколку маникирот или педикирот го правите во салон, обавезно понесете си свој лак, бидејќи многу често во салоните додаваат ацетон во лакот за да им трае подолго.


 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Ej ubavo me potseti noktite da si gi isecam...:)
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]КОСА[/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT]​
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]1. Безживотна коса [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Ако користите гел или пена за зголемување на волуменот на косата, немојте да го користите на мокра коса бидејќи тоа ќе направи вашата коса да изгледа млитаво. Водата ќе ги разводни активните состојки на повекето гелови и пени. Затоа добро избришете ја вашата коса, отстранувајки го вишокот вода, потоа измасирајте ја вашата коса со гелот или пената и оформете фризура. [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]2. Избледена офарбана коса[/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]За да ја задржите бојата што сте ја нанеле на вашата коса, подолго време, пробајте да користите шампон со малку покисела ph од 5.5. Сите шампони за сјај, волумен или против првут содржат состојки кои ја оштетуваат бојата на вашата коса. Затоа користете што поприродни шампони кои немаат ознака за одредена цел. [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]3. Прaвилно сушење: [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Вашата коса е многу нежна додека е мокра, затоа кога можете избегнувајте сушење со фен, и користете крпа за бришење. Немојте да ја триете косата со крпата туку само завиткајте ја со неа и оставете ја така околу 5 минути. Потоа, земете што поприродна четка за коса и чешлајте ја косата околу 5 минути нежно. [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]4. Одржување на косата (летно време): [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Летото е тука, затоа обрнете внимание на вашата коса, направете потсекување или целосно шишање. Летниот период може да ја исуши вашата коса, затоа користете кондиционер по секое миење на косата, а посебно обрнете внимание на врвовите. Можете да користите маслиново масло за врвовите, држејки ги така преку ноќ. [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]5. Направете ја вашата темна боја на коса природна: [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Сварете една шолја јако еспресо(нескафе) и оставете да се олади. Ставете го така на сува коса околу 20 минути. Исплакнете. За црвена коса употребете чај од лимон. [/FONT][/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Неколку совети за вашата
КОЖА
[/FONT]
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]1. Отстранете го несаканиот сјај: [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Во половина шолја студена вода, ставете 10 капки лимон. Од течноста ставете на памук и нанесете го на лицето. Немојте да исплакнувате. [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
2. Затворете ги порите на лицето:
[/FONT]
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Помешајте една белка од јајце со неколку капки лимон. Со мала четка измасирајте ја смесата на вашето лице. Оставете 5 минути и исплакнете со млака вода. [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
3. Мазна кожа - Домашен пилинг (за тело):
[/FONT]
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Измесајте 1/8 шолја маслиново масло и една рака морска сол. Тријте го телото нежно и исплакнете. Избришете се со мека крпа. [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
4. Маска за очи:
[/FONT]
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Исецкајте 1/4 јаболко и мала резанка компири изгмечете ги заедно. Нанесете на очи околу 15 минути и покријте ги со млака крпа. [/FONT][/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]
5. Перутаво лице:
[/FONT]
[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, sans-serif] [/FONT] [FONT=Verdana, Arial, sans-serif][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Измесајте 1 шолја мед со 1 кафена лажичка каранфилче и размачкајте на лицето. Оставете 15 минути и исплакнете. [/FONT][/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
[FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Болки во стопалата и повреди кои може да се олеснат[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Многу работи може да предизвикаат болки во стопалата и ногата. Најважен фактор е начинот како се движат стопалото и ногата. Луѓе специјалисти за стопала (podiatrists) ги оценуваат ненормалните појави во движењето на стопалото и ногата, исто така техниките, површините и обувките, за да ги утврдат причините и начинот на лекување на болката во стопалото и ногата.

[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Дијабетисот може да предизвика последици на вашите стопала [/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Луѓето со дијабетис треба да водат грижа за стопалата. Диабетисот може да влијае на циркулацијата на крвта и оштетување на нервите во стопалото. Некои едноставни мерки може да помогнат за спречување на оштетувањето на стопалата и нивно одржување здрави.

[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Изместување/шинување на глуждот на ногата[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Изместување/шинување на глуждот на ногата е една од најчестите спортски повреди. Ненадеен потрес или свиткување може да предизвика истегнување и раскинување на лигаментите што даваат подкрепа предизвикувајки болка и потечување. Лекувањето се состои од мирување, облоги со мраз, вежби за зголемување на цврстината и подвижноста.

[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Миризба на стапалата – причини и лекување[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Миризбата на стапалата е чест проблем што настанува поради преголемо потење и бактерии кои се развиваат на стапалата. Дури и луѓето кои стапалата ги држат многу чисто, може да страдаат од тешка миризба на стапалата. Има повеќе едноставни лекувања за да се отстрани овој проблем.

[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Обувки за здрави стопала[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Носењето на обувки кои одговараат на стопалата е важно за да се избегнат болки во стопалата, како и да спречат или намалат проблеми кои често се јавуваат.

[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Подиатрите ви помагаат во одржување на здравјето на нозете[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Специјалистите за нозе ги лечат нозете. Грижата опфаќа превенција, дијагноза, лекување и рехабилитација. Грижата за нозете е многу важна за луѓето на сите возрасти, особено на оние со шекер. Подиатрите можат да им помогнат на постарите лица да бидат активни и подвижни. На децата и спортистите, исто така, може да им треба помош од подиатар.

[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Проблемите во стопалата може лесно да се лекуваат[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Луѓето често имаат болки во стапалата поради разновидни проблеми и состојби како, на пример рокчиња во коската, дебела тврда кожа, кожна болест од фунги, оток на ножниот палец и враснати нокти. Повеќето од нив лесно може да се идбегнат и лечат без тешкотии.

[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Проблеми со стопалата и болки во ткивото на стопалата[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Болките може да се јават во мекото ткиво под стопалата кое ја заштитува структурата на стопалата како и коските, мускулите и лигаментите. Овие болки се честа појава поврзана со стопалата.

[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Проблеми со стопалата и здебелена кожа[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Се јавува на делови од стопалата каде што кожата е здебелена како резултат на притисок или триење. Тоа може да биде и знак на подкожна болест, како што е деформација на зглобовите.

[/FONT] [FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]Стапалата кај децата[/FONT][FONT=verdana,arial,helvetica,sans-serif]
Повеќето од децата во периодот пред проодување имаат рамни табани затоа што мускулите и лигаментите на стапалата се уште не им се развиени. Децата пред породување би требало постојано да одат боси за да ја развиваат рамнотежата, ставата и координацијата.[/FONT]
 

ThA-BiTcH

~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
Член од
23 септември 2005
Мислења
4.338
Поени од реакции
61
Заштитете ја вашата кожа од студот

Време е за зимските уживања. Некои ќе заминат на планина, а некои ќе останат во своите домови. Но без разлика каде сте, за сите важи една работа, а тоа е негата на лицето да ја прилагодите на времето и местото каде што се наоѓате. Тоа е особено важно бидејќи секоја промена на годишното време ја чувствуваме на сопствената кожа и бидејќи кожата силно ги чувствува надворешните влијанија.

Најчестата грешка што сите ние ја правиме е долготрајна употреба на истите производи за нега (млеко, тоник, дневни или ноќни кремови). Потребно е производите за нега да се менуваат, но тоа да не биде само кога ќе стигнат на дното на амбалажата. Секое годишно време на нашата кожа и налага други потреби, чии функции се менуваат поради бројните надворешни влијанија. Темелното чистење, хидратацијата, целната нега, масажата и специфичните маски се неизоставен дел од негата во текот на целата година, но третманите и производите треба да се прилагодат кон природните промени на фукнциите на кожата. Идеална нега на кожата во зима ќе и дадете ако на неа нанесете густ крем со богата текстура. Кожата понекогаш изгледа уморно, без сјај како да е прекриена со вел, кои и ги одзема свежината и бојата. Тоа често се случува кон крајот на летото но и во зима. На кожата и е потребн поттик, а тоа најдобро ќе го направите со квалитетен пилинг и маска богата со хидратантни материи и антиоксиданти кои на кожата ќе и ја надополнат загубената вода и ќе ги поттикнат нејзините природни одбранбени механизми. Чистењето на кожата и понатаму е основа на негата, бидејќи само на кожа која е исчистена од сите нечистотии, козматичките третмани и производи и даваат видливи резултати. Но важно е да се најде производ што на кожата најмногу и одговара, зависно од нејзините својства, а во исто време ги премостува минливите проблеми.

Трите најголеми закани за чуствителната кожа во зима се:

Сувост:
Оштетениот хидролипиден филм го овозможува продирањето на штетните или иритирачките материи на кожата/ Последица се не само видните оштетувања на површината на кожата туку и оштетувањата на нејзините длабоки слоеви. Чуствителната сува кожа особено е загрозена; нејзиниот хидролипиден филм природно е чуствителен , со тоа е зголемена предиспозицијата за појава на црвенило, иртации и брчки.

Купероза: Под влијание на стуфот, капиларите се стегаат, дермата и епидермот послабо се снабдуваат со крв, се губат природната еластичност и отпорност, се јавува купероза или се влошува состојбата на куперозната кожа.

Студ: Мускулите се стегаат и ја спречуваат правилната површинска циркулација. Ткивотно на кожата останува без одредена количина кислород и хранливи материи за извршување на виталните функции. Негата со соодветни производи понекогаш не е доволна. Нашата кожа е показател, и на здравјето на целиот организам и секое нарушување на здравјето може да се прочита на кожата. Во голем број случаи, промената на кожата е последица на неправилната исхрана, недостатокот на витамини и минерали. Внесувањето на доволна количина вода е важно во зима, исто како и во лето, а особено ако станува збор за чуствителна и сува кожа. Навистина, само мал дел од водата која ја внесуваме во организмот доаѓа до кожата, но нејзиниот недостаток е забележливо видлив-таа станува тенка, го губи сјајот, се јавуваат брчки. Билните чаеви се одлична замена за вода во зима. Комбинирањето на корисните растенија, овозможува да се одржат тонусот и убавината на кожата и на целото тело. Ако се прилагоди исхраната, ако се внесуваат доволно течности во организмот, ако се користат производи за нега што одговараат на потребите на вашата кожа иа ако редовно се оди на козметички третмани, тогаш на вистински начин сте ги заштитиле убавината и здравјето на вашата кожа.

Совет +
Направете маска од крем, врз база на камилица. На овој начин кожата на лицето ќе ги добие, потребните хранливи состојки и ќе се затегне. Дома направете маска за лице која ќе ви ја нахрани кожата. Во децилитар јогурт, ставете ситно исецкани бадеми, 2 лажички мед и исто толку масло од пченични никулци. Состојките измешајте ги во компактна маса, втријте ги во кожата и оставете ги да дејствуваат 20 минути. Бадемите ќе направат фин пилинг и ќе ги остранат мртвите клетки.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom