ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 61
Како до совршена кожа
Новите истражувања во областа на дерматологијата дошле до нови сознанија за нејзината нега. Искористете ги за да ја спречите појавата на акните, да ги ублажите брчките, да ја спречите нивната појава и вашиот тен да биде совршен.
Изгледот на кожата не зависи исклучиво од гените.
Верувале или не, состојбата на тенот во голема мера зависи од тоа колкаво внимание му посветувате. Дерматолозите неодамна дошле до заклучок дека животниот стил е многу важен фактор за кожата.
Нови начини за борба против акните.
Во дваесеттите акните најчесто се последица на осцилирањето на нивото на хормони кои се во директна поврзаност со менструалниот циклус и стресот. Дерматолозите објаснуваат дека кога сте под стрес надбубрежната жлезда произведува кортизол, хормон кој предизвикува зголемено лачење на масти, што може да резултира со појава на акни. Акните кај возрасните се слични на оние кои се јавуват кај тинејџерите, но на таа возраст потребен им е поинаков третман. Бидејќи кожата кај возрасните не е толку масна, повеќе е подложна на иритација и полесно се суши, треба да ги избегнувате агресивните производи кои се наменети за тинејџерите. Нема потреба да купувате цели колекции препарати против акни. Подобро користете квалитетно средство за чистење кое содржи материи што ги одзатнуваат порите и средство за хемиски пилинг што ги отстранува мртвите клетки. Дури и ако имате масна кожа, треба да користите хидратантни креми. Дерматолозите тврдат дека ако кожата е масна, тоа не значи дека е и доволно влажна.
Можете да ги отстраните знаците на стареењето.
Не е тајна дека на изгледот на кожата најмногу влејае изложувањето на сончевите зраци. Истражувањета спроведени на млади девојки кои многу се сончале покажале дека, иако на нивните лица немало видливи брчки, на микроскопските прегледи се виделе оштетувањата ка кожата, односно намалување на некои нејзини составни елементи како што се протеините, колагенот и еластинот. Значи употребувајте креми кои содржат заштитен фактор, дури и во зима, бидејќи тие ја штитат коажта од штетните УВ зраци и со тоа и овозможуваат повеќе енергија да троши на регенерација наместо на заштита од сонцето.
Исто така, користете креми кои содржат антиоксиданти. Тие го неутрализираат дејството на слободните радикали кои се форимраат како резултат од дејството на УВ зраците и други штетни материи од околината. Најновите истражувања покажуваат дека најефикасно средство за заштита и регенерација на кожата се производите кои содржат коктел од повеќе антиоксиданти. Според стручњаците слободните радикали кои се формираат под влијание на сонцето се разликуваат од оние кои се последица на пуењето или конзумирањето на алкохол.
Кожата се регенерира додека спиеме.
Во текот на денот кожата се брани од УВ зраците, загадениот воздух и последиците од стресот, така што во тој период не може адекватно да се опорави. Во текот на ноќта метаболизмот се забавува и телото не произведува толку слободни радикали како дење и нема опасност од ултравиолетовите зраци. Затоа ноќта е најсоодветна за нанесување производи со посилно дејство кои ќе и помогнат на кожата во процесот на регенерација. Според најновите сознанија способноста на кожата да ги впива хидратантните средства е поголема ноќе. Користете креми кои ја поттикнуваат кожата да произведув колаген- содржат пентапептиди, ретинол или алфа-хидроксилна киселина. За да продрат овие состојки што подлабоко, нанесувајте ги на влажна кожа.
Животниот стил влијае на состојбата на кожата.
Пушењето, недоволното спиење и нездравата исхрана се одразуваат на тенот. Сппред едно истражување кај луѓето кои земале витамински додатоци во исхраната, антиоксиданти, глукозамин и есенцијални амино киселини, во период од пет недели брчките се намалиле за 34 отсто.