Мала помош за влез во програмирање

Член од
29 јуни 2014
Мислења
11.123
Поени од реакции
11.682
https://scrimba.com/g/glearnreact

Learn React for free
A comprehensive introduction to React by the Director of Education at V School, an award-winning school of technology education

Еве @HoT _iCe нешто за со кафе
И ја пробав така но не иде, не можеш да учиш реакт ако немаш добра основа у JS, може глава да те боли само и да се откажеш:icon_lol:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
7.562
Поени од реакции
6.694
Ова можеби е само една статистика од многуте, но во врска со муабетот од пред повеќе месеци за моите совети за почетниците да учат javascript

https://www.techrepublic.com/article/top-10-programming-languages-employers-actually-need/
Top 10 programming languages employers actually need

1. JavaScript
Employers need: 48%

Students know: 42%

2. Java
Employers need: 47%

Students know: 66%

3. Python
Employers need: 33%

Students know: 53%

4. C++
Employers need: 21%

Students know: 66%

5. C
Employers need: 19%

Students know: 76%

6. C#
Employers need: 18%

Students know: 16%

7. PHP
Employers need: 15%

Students know: 25%

8. Ruby
Employers need: 8%

Students know: 5%

9. Go
Employers need: 7%

Students know: 2%

10. Swift
Employers need: 6%

Students know: 4%
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
10.106
Поени од реакции
8.558
И ја пробав така но не иде, не можеш да учиш реакт ако немаш добра основа у JS, може глава да те боли само и да се откажеш:icon_lol:
Со JS и да имаш добра основа секако глава ќе те боли :)
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
11.123
Поени од реакции
11.682
што им е на фирмиве со огласиве ко да не сакаат да најдат вработени, диплома на финки, 3+ работно искуство, и којзнае што други барања за факинг фронт енд да работиш, ко да треба да си високо образован да научиш jquery да користиш:facepalm:
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
6.501
Поени од реакции
9.500

Нема врска што бараат на огласот, ти аплицирај ако имаш знаење и ако им треба човек може да те одберат.
Обично copy-paste со мала модификација им се огласите од некаде, голем дел од тие помалите програмерски фирми немаат ни HR вработен, газдата и некој негов поблизок ги креираат и објавуваат огласите, па не очекувај на целата гужва многу да се замараат.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
7.562
Поени од реакции
6.694
Ако ме послуша Макс сега веќе и Windows апликации ќе може да прави

Не дека не можеше и досега со Електрон на пример, ама ова ќе биде нешто друго.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
7.562
Поени од реакции
6.694
Кај сте бе сите што сакате да учите еве ви сега време, тамн со полициски час, да направите нешто, да научите.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
8.618
Поени од реакции
11.036
Зависи од повеќе фактори, но добар математичар стојам на тоа дека многу полесно може да се снајде во програмирање од некој што нема појма од математика (не зборувам за рандом страна), зборувам за решавање на покомплексни проблеми.
Реално и Ајнштајн не завршил факултет, ама дискутираме за апла мал процент на луѓе кои може да се карактеризираат како генијалци, познавам и луѓе што имаат завршено физичка култура и правен, па после факултет фатија курс од по 1-2 години и сега програмираат, дури и ја земаат работата на луѓе што завршија ФИНКИ, ама тоа не ги прави добри програмери, туку ограничени програмери, ги збира плодовите што паднале под дрвото, ама никогаш не може да се качи да бери од тие што се на дрвото.
Апликативна (дискретна) математика, да.

Вака по постовите делуваш ко све да разбираш. Од кај ќе ги береш плодовите зависи и само зависи дали тоа што го работиш ти е пасија, на пример кога слободното време ќе го поминуваш во работење само поради тоа што ти е ќеиф, не дека мораш, па и ако немаш работа сам ќе си создаваш работа, и работата си ја сфаќаш ко забава/хоби, нешто ко гејминг.

Извини за тоа што ти цитирам старо мислење, случајно ми влезе во очи.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
6.501
Поени од реакции
9.500
Апликативна (дискретна) математика, да.

Вака по постовите делуваш ко све да разбираш. Од кај ќе ги береш плодовите зависи и само зависи дали тоа што го работиш ти е пасија, на пример кога слободното време ќе го поминуваш во работење само поради тоа што ти е ќеиф, не дека мораш, па и ако немаш работа сам ќе си создаваш работа, и работата си ја сфаќаш ко забава/хоби, нешто ко гејминг.

Извини за тоа што ти цитирам старо мислење, случајно ми влезе во очи.
Нема гајле што е старо мислењето, тоа што сум го пишал уште и го мислам на таа тема.

Во врска со мене, напротив, секој ден се плашам дека се помалку разбирам, учам нови работи буквално секој ден и како и на секој што се плетка во овој свет најдобар другар ми е документацијата и google.

Јас не сум класичен програмер со специфичен факултет во таа област, инженер сум од друга област и самоук како програмер.

Во формално образование (на училиште и факс) имам учено само основни работи: pascal, visual basic, microsoft acces и само синтакса од sql. Дополнително самиот во слободно време почнав да се дообразувам во оваа област и почнав уште од почеток на работното искуство да си играм и да си автоматизирам со скрипти доста мануелни и повторливи процеси на работа (во принцип кога и да ми дадат некоја досадна работа што е повторлива немам нерви да ја работам рачно, се нервирам и поарно ќе си ја чукам главата да искуцам код што ќе ми ја заврши работата за 5 минути, отколку да штракам со денови едно исто :) ). Постепено се прешалтав во блиска област до она што го имам студирано, а каде програмирањето се користи секојдневно (најмногу python, VBA, javascript, c#) и продолжив да го работам тоа. Имам минато курсеви за веб од љубопитност, иако најголем дел од работата ми е сведена на: одржување на постоен систем кој го имам наследено (проширување на нови модули, скрипти за автоматизација, веб и дб линкови со други системи, анализа и рипортинг), често има и потреба да се скоцка некоја помала CRUD апликација за специфичен интерен проект кој трае неколку месеци или 1-2 години се со цел да се усогласат голем број на луѓе да користат ист тип на податоци и иста база и тн и голем дел од времето припрема на скрипти во апликации кои ги користат другите инженери во фирмава за моделирање, цртање, визуелизација.

Најдобро е чувството кога гледаш дека тоа што го правиш му го олеснува животот на останатите и носи поголем приход. Идеи имам еден тон и сам си наоѓан нон стоп да буцкам нешто, здравје нека помине хаосот со коронава сакам и да се сертифицирам да имам црно на бело за тоа што го работам (иако за пајтон сертификати нема баш избор од акредитирани компании).

Математиката колку и да се игнорира е одлична основа и затребува, баш денес ова (dijkstra' s algorithm) го употребував за апликацијата што ја припремам и чисто се сомневам дека ќе го разбере некој што нема основи од математика.
 
Ти ако не си класичен програмер, ја сум антикласичен. Немам ниту технички факултет завршено, ниту средно техничко, ниту сум посетил било каков курс (освен онлајн курсеви ако не се рачунаат кои во најголем дел си ги плаќам). Муабетот ми е дека создавањето на основата, како што ти ја нарекуваш математиката, не е една фиксна точка која ти ја имаш а другите ја немаат пошто си завршил технички факултет, создавањето на основата е динамичен процес кој никогаш не престанува инаку многу брзо се губи. Ќе ти дадам попластичен пример, земи ги Меси и Роналдо за пример, станале успешни уште на рана возраст, Меси или Роналдо немало да бидат тоа што се сега ако не тренирале напорно низ годиниве, замисли го тој муабет да каже Меси ја на 16 години почнав да играм за Барса и ради тоа сум боље од сите, дури и не морам да се трудам пошто ијам добра основа. Не одат така работите, за да се трудиш треба да имаш љубов кон тоа што го праиш, ништо не иде на сила и влегувањето во оваа професија само затоа што е "поплатена" од другите професии ко главна и единствена причина е многу погрешен пристап, и тоа е тоа што ќе те напраи просечен. И на крај ќе излезе дека единствена амбиција на таков профил на човек му е да напредува во хиерархијата у фирма, еден куп се такви, со лопата можеш да ги ринеш.

Никој не рече ништо против математиката, напротив, повеќе забелешката беше упатена во однос на оној дел од математиката кој реално ќе ти помогне со програмирањето. Инаку во однос на апликацијата што ја праиш според алгоритмов дали е можно да е поврзана со project management?
 
Се согласувам дека мора да се напредува и тоа е нешто што на голем дел од луѓето му недостига. Еднаш ако поминат нешто „си легнуваат на брашното“ и толку, сум сретнал и инженери кои уште имаат калкулатор на маса и собираат келнерска математика, а имаат пред нив машини дадени од фирмата од по 1000евра, само Ексел е за глупи :)

Не е за тоа апликацијата, на кратко: прави комбинаторика од сите дадени случаи за изведба на една иста ситуација и во однос на претходно зададени параметри му ја избира најоптималната, а потоа резултатите ги полни во Ексел во кој во првиот шит влегуваат овие податоци, а во останатите екселот си ги повлекува преку power query и прави дополнителна визуелизација со графикони и анализи. (проект што човек го работи рачно 2 недели, со овие скрипти се завршува грубо во 1-2 денови при што на крај генерира ист сет на податоци кај сите што работат на проектот и ја олеснува понатамошна манипулација на податоците и импорт во база).
 
На врв Bottom