Мала помош за влез во програмирање

  • Креатор на темата Креатор на темата Max Stew
  • Време на започнување Време на започнување
Не ги потценувам, далеку од потценување, а во AI и тоа како ќе ти помогне математика.

На рутракер ги има скоро сите од удеми на гага :)

Еве и ти си учел и си го применувал тоа што си го научил, зошто се негираш самиот? Самата логика се развива со математиката и проблемите што ги решаваш таму, дури и никогаш да не ти затреба да применуваш некоја теорема на Ојлер, Коши, Гаус....учејќи го тоа си развил пристап за решавање на комплексни проблеми.

Ти му викаш оди прво вози на рели во планина оти тоа е платено, а после ќе научиш да тргнуваш со колата и како да менуваш брзини.
Со Angular имам другар што работи во Македонија за Германска плата, арно ама почетник не може да го научи тоа преку ноќ, а и друга работа што ако тргне да скока од еден на друг фрејмворк тешко него, друга работа детево прашува за нешто што ќе треба да го работи во најдобар случај после 8 години (доколку учи факултет), дотогаш прашање дали воопшто ќе ти требаат голем дел од програмскиве јазици, можеби AI ќе програмира наместо тебе.
https://www.express.co.uk/news/science/776170/AI-RISE-OF-THE-MACHINES-computers-code-THEMSELVES
Нека научи прво да оди, па после ќе трча, кога тогаш ќе се сопне ако нема основа.
Си видел некогаш код во асемблер?
 
Никој не го потценува и не му кажа да не учи JavaScript.
Прво неколку месеци нека почне со Python, ептен лесен за почетници и ќе му помогне многу, па после се по ред. Има интересни курсеви на Udemy.
 
Никој не го потценува и не му кажа да не учи JavaScript.
Прво неколку месеци нека почне со Python, ептен лесен за почетници и ќе му помогне многу, па после се по ред. Има интересни курсеви на Udemy.
Уште не ми е јасно зошто не треба да почне со јаваскрипт?
 
Уште не ми е јасно зошто не треба да почне со јаваскрипт?

Ни јас не би советувал почетник да почне со јаваскрипт.
Има доста чудни работи во него.

Пајтон, Ц, Ц++... според мене не ти е толку важно во што, туку што.
Научи да програмираш прво, почни со типови на податоци и оператори, услови, циклуси, фунцкии, класи, објекти... основи што се неопходни во секој програмски јазик.
Барај логички задач, вежбај на нив.

Кога ќе научиш да програмираш нема да ти е тешко од еден јазик во друг да преминеш.
Затоа не се фокусирај многу на тоа со кој јазик да работиш сеа. Мал си... додека дојде време вистински да програмираш ќе се сменат работите уште многу :D
 
На пример?
 
Работа со децимали, операции меѓу различни податочни типови, операторот за споредба не секогаш го враќа очекуваното.
Проблеми со кои би можел да се соочи во пракса.

Сепак се работи за дете, почетник.
 
Работа со децимали, операции меѓу различни податочни типови, операторот за споредба не секогаш го враќа очекуваното.
Проблеми со кои би можел да се соочи во пракса.

Сепак се работи за дете, почетник.
http://delapouite.com/ramblings/javascript-coercion-rules.html

Па баш дека е почетник десет пути ќе му биде полесно со јаваскрипт него ли C++. Кога веќе му препорачувате да почне со јазик треба да го прашате со што планира да се занимава, ако планира да се занимава со web development PHP + JS му е најбоље избор, има еден тон ресурси и има огромно комјунити као никој јазик.
 
И ти изгледа лесен, вака како за почетник?
Не му реков во асемблер да куца код, идејата ми е преку математика да ја развие инженерската логика, порано или подоцна ќе му затреба.
Зошто мислиш дека и на другите факултети се изучуваат математика и физика, во реалност не му треба ни на градежник (има еден тон софтвери што му ја прават целата пресметка), машинец (исто софтвери кои му пресметуваат што ќе посака), телекомуникации иста приказна и да не набројувам, но пристапот кон решавањето на проблемите не му го даваат софтверите, се друго што изучува вклучително и математиката го прават добар инженер, така е и со програмирањето.
Џабе ќе се вртиме на оваа тематика, секој со свое мислење, негово е да одбери што ќе слуша, на крајот правењето на пари не е услов ни поради факултет, ни поради математики, ни поради програмирање, познавам луѓе со 4то одделение што направија империи со разни бизниси така да ако му е целта само да прави пари не му треба факултет, нека фаќа пасош за надвор од тука, нека учи некој занат или курс за програмирање и тоа е тоа, 4-5 години на факултет ќе му потрошат многу нерви и над 15 000 евра, а паралелно ќе му изгубат уште едно 30 000 евра ако работи надвор, значи губи цел стан што никогаш нема да го заработи со платата која ќе му биде дадена после факултетот.
 
Не бе јас така почнав, со асемблер на 14 години.
Дека бил заебан јаваскриптов.
 
Која е мојата цел?Мојата цел е научам повеќе програмски јазици во сите полиња да знам по нешто и да знам како да ги употребам да створам нешто.Главно повеќе сакам да направам добра веб страница,добри Андроид апликации и не само Андроид.И Game Development исто сакам.
 
Не иде тоа така. :) Мој совет ти е почни со јаваскрипт, прво ќе ти биде полесно пошто реално ти треба еден обичен текст едитор и web browser за да почнеш да работиш. После за бекендот ќе си видиш што јазик ти лежи, дали PHP, дали JAVA, дали Node.js. Денес битката за бекендот во веб дивелопмент, во глобални рамки, се води измеѓу node и php.

И глеј научи англиски пошто без јазик ништо не праиш.
 
Далеко од експерт за се.Доволно ќе ми биде и малку познавање да имам ама да знам да се снајдам во секое поле.А за Англиски и Математика ептен ми одат.
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom