Другар, вака сега. Слушни го и добро запамти го ова. Било која професија да ја учиш, било што да бираш понатаму, глеј научи математика. Ова многу го сфаќаат погрешно. Не ти зборам да научиш алгоритми(начин на кој се прави нешто - чекори) во математиката. Да научиш постапка за решавање на нешто, тоа го можи секоја втора будала шо се вика. Ти зборам стварно да научиш, со разбирање, како што и зошто работат работите така како што работат. Да развиеш способност да размислуваш апстрактно и да генерализираш многу. Апстрактното размислување ќе ти помогне премногу понатаму. Без математика секогаш ќе бидиш изгубен. Тешко ќе се снаоѓаш во многу работи, ќе мора да учиш на памет многу, а тоа во оваа професија не ти помага. А за да почниш со програмирање, можиш успат да го правиш тоа. Почни со C++. Зошто? Иако е ПРЕМНОГУ комплексен јазик, не мора ти којзнае колку да навлагаш во работите. Ќе совладаш доволно за да можиш да одиш на алгоритамски натпревари на мендо.мк. На страната имаш добри туторијали. Имаш тон задачи шо можиш да ги решаваш. Е сега, ако навлезиш добро во овој дел, имаш државни, меѓународни натпревари. Со награда од државен имаш стипендија на ФИНКИ. Можиш да си набилдаш портфолио натпреварско што можи да ти користи понатаму. Имаш и codefu.mk за кога ќе бидиш студент на факс, али можиш и сега да го користиш.
Поентата е, глеај на долг рок. А ако сакаш да мислиш дека знајш нешто а уствари појма да немаш со животот, земи научи HTML, CSS и JavaScript( неможи да ме убеди никој дека е добар јазик за почетник, ништо нема да му е јасно ниту кога ќе мисли дека го знае, ниту понатаму кога ќе треба да учи јазик како C,C++,Java. Javascript посебно во OOP делот е доста заебан, различен од многу мејнстрим јазици, затоа што се базира на prototypal inheritance, да не објаснувам понатаму, битно не е така се лесно ко што изгледа. За играње со DOM-от не ти треба многу) и прај си едноставни сајтчиња. Тешкото нема да го видиш тука. Работата е да почниш со тешкото уште од сеа, за после кога ќе ти дојди лесното да се смејш на таков материјал. А верувај обратното е тешко, во многу случаи невозможно. Математика не се учи за два дена ко што се учи и HTML и CSS и Javascript после добри основи. Ќе зажалиш ако не го направиш ова, ќе неможиш да напредуваш во многу работи ако сакаш. Пример, ќе сакаш да учиш машинско учење? Ќе ти остане само желба. Вештачка интелегенција, алгоритми? Ташак, само ќе се протнуваш едвај. You get the point. Инвестирај сеа, ќе ти се исплати подоцна. И не забегувај од сеа со работа, со курац палац, имаш време, не оди тоа туку така, треба доста работи да научиш.