Поздрав друштво, за околу два часа со семејството поаѓаме од дома кон Грција на одмор.
Можеби малку доцнам со постот (имав обврски), но доколку на некого нешто му е потребно од Германија (лек, документ, слободно место во кола за едно лице или нешто навистина важно) пратете ми порака или слободно јавен пост и ќе ве исконтактирам.
Ќе возам по следната рута.
Прегледај го приврзокот 385013
Возам преку Минхен бидејќи од таму продолжуваме заедно со уште една кола (пријатели) ќе се пратиме заедно по пат до Грција. Преку Македонија поминуваме само транзит, но не би било никаков проблем да застанеме во градовите Куманово, Скопје, Велес, Неготино, Гевгелија...