Кои и каде се тие религиозни Македонци ....................... религијата е внатрешна/духовна работа, а не надворешна/материјална работа и до сега не сум сретнал некој кој навистина верува ............... освен чат-пат по некоја бабичка .......... сето останато се верници на хартија(декларативно) т.е. ’’верници‘‘ !
Кои верници ги имаме овдека во Македонијава, кај нас луѓето одат во црква само на Божиќ или Велигден, како и на свадба, погреб... но тоа е ради-реда, а не дека вистински веруваат, исто така некои носат тони храна на гробишта(духовден) но и тоа е ради-реда, колку да се покажат и да претераат, а не дека навистина веруваат во тие работи, или пак куќните слави, како и крштевките на пр. кои станаа обични кичерајски пикници и само екстра повод за добра пијанка ............ а да и коледарските огнови кои немаат благе везе со религијата(Христијанството) тоа се паганштини, тоа и самите свештени лица го велат, но луѓето како луѓе пак си тераат со паганштините ............ околу постовите, не познавам ниту еден млад човек(било машко, било женско) кое пости пред Велигден, па ниту возрасните(грото) не постат, ОК освен некои постари бабички кои сеуште си ги тераат тие работи !
Така да сума-сумарум Македонците да религиозни се у смисол сите се декларираат како верници(Православни-Христ.) но реално гледано вистинските верници се раритет и дали и воопшто постојат !
На пр. во МКД на последниот попис 65/66% од граѓаните се декларирале како Христијански верници(од нив 99% Православни) .................. но реално гледано сето тоа се само декларативни верници(грото) ................ и јас отсекогаш сум се попишувал и ќе се попишувам како Македонец - Православен Христијанин .......... тоа биле моите родители, тоа биле и моите баби, дедовци, прабаби, прадедовци... но реално гледано со религија немам ни 2% врска !