- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.147
- Поени од реакции
- 4.542
Еден куп глупости направија летово, се ослободија од Дашјан, а во средина не донесоа ништо, се ослободија од Фичо и Ќеран, а го потпишаа Обрегон, ова уште не можам да го сфатам, како успеа овој да се убута, послаб играч сме немале ни во сезоната кога испаѓавме, па уште на 2 сезони договор, и после ќе биде пак ко со Стојков и Ќеран, натегање за да си оди, и на крај ќе си лапне висока оштета.Барсегјан не можел да ги помине лекарските прегледи, наводно имало некои здравствени проблеми со него и ќе морал на операција и тек зимоска ќе можел да потпише.
Али се сложувам со твојот коментар и за пеналот. Мене најголем парадокс во целава ситуација ми е зошто не го играат Стојков??? Уште им е под договор (оти не можат да го раскинат оти си ги бара парите за такво нешто), али не рачунаат на него, а и онака се очајни во напаѓачките позиции. Па коа и онака веќе го имаш како играч, што к.. ќе изгубиш ако го користиш, толку лош не е.
Иначе за ова со Барсегјан, неколку пати имам прочитано дека не можел лекарските прегледи да ги помине, ама тоа било или овде на форумов, или кај црвено-црно семејство на фејсбук, а баш тие 2-3 дена кога се дешаваше ова не бев у Скопје и не бев толку во тек. Имаше нешто во мак. спорт, спортмедиа за ова ?
Работнички го потпишаа Фичо, Стевица Ристиќ останува слободен играч, една сезона да изгура кај нас ќе заврши огромна работа..