Мене на стадион ми изгледаше пеналот како чист поклон за нас, ама сега кога го видов видеото, каде бе таков старт у 16-ник, па у 3та лига не се прави таков старт.. И да бил на топка, и да стигнал до топката, ептен оштро отиде, многу судии би свирнале тука пенал. Слога не играше ништо, исто како лани прво коло кога ни земаа бод, лежење, глумење, трошење време, од ништо дадоа гол и успеаа да издржат до крај. Петте минути продолжение си беа оправдани, еден куп прекини имаше, плус сите замени направени. Вардар ако не го потпише Барсегјан или некое друго крило, ќе го гледаме истиот очобол од лани на пола утакмици, на Градски не би требало да имаме проблеми, на гости ќе биде мучење, Хоф не игра и одма тешко иде во нападот, најопасен играч во напад ни е десен бек
Не знам зашто вака се ебаваат од управа, 3 години трубиме дека треба промени у напад, апла е очигледно, и пак си тераме со просеци и сумљиви засилувања