- Член од
- 27 август 2009
- Мислења
- 899
- Поени од реакции
- 158
Ако не отиднам на одмор можно е да идам...Партизан има одлична екипа па заш да не се види како играат
Да, ама Партизан играше со втор тим против Работнички и ги победи 5-1. Далеку е Партизан пред Шкендија бе, не прајте филмоој. Далеку е и Српскиот фудбал пред Македонскиов, за жал. Едно е да играш против Турново и Скопје, друго е да играш со Партизан. Не дека зборим од инает, тоа е реалноста јебига.ќе видите дека шкендија голем отпор ќе му дај.само Хасани ако не му замини.шкендија е појака од работнички и тренерот на партизан изјавил дека резултатот не бил онаков како што се прикажало на теренот..така да..ќе видиме и тие не се нешто посебно
До кога со вакви имиња бе?И општо постапкава.А тие од Миравци не знам зошто воопшто се бореа за 1 лига.Нека се расформираат слободно.ФК Вардар останува во првата лига
Гласините кои деновиве се ширеа низ фудбалските клубови, денес беа потврдени и од претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески. ФК Вардар останува во првата лига на местото на Миравци.
Низ фудбалските кругови деновиве се ширеа разни информации околу иднината на нашиот најтрофеен фудбалски клуб, а денес на брифингот со новинарите во ФФМ, претседателот Хаџи-Ристески потврди дека и во следната сезона ФК Вардар ќе се натпреварува во првата македонска лига.
До ова доаѓа откако ФК Вардар и несудениот нов прволигаш ФК Миравци ќе ги заменат местата, односно со фузија и промена на имињата, ФК Вардар ќе се натпреварува во првата, а ФК Миравци во втората лига.
Како едно од можните имиња за ФК Вардар, се шпекулира со името „ФК Вардар 2011“, одлука која наиде на негодување кај најверните навивачи. Во 64-годишната историја, клубот успеал да го задржи името, па навивачите не сакаат тоа ни сега да биде променето.
Новото раководство на клубот веќе работи на новиот тим. Клубот го напуштија бразилците Нено, Фабио и Карлос, Златко Ристов, браќата Џангаровски, Трајче Стојковски, Перица Василевски, Емин Шабани и Веби Алиовски. Неколку звучни имиња се споменуваат како потенцијални засилувања, а тоа се Александар Васоски, Боби Божиновски, Филип Деспотовски, Александар Бајевски, поранешните играчи на Македонија ЃП Вашнгтон и Амбуре. Раководството има желба во редовите на Вардар да донесе и звучно име од странство кое би ја вратило публиката на „Градски“, па едно од имињата со кое се шпекулира е камерунецот Пјер Боја од Партизан.
Со новиот, реновиран тим на Вардар, најверојатно ќе раководи Илчо Ѓорѓиоски, со кого веќе се отпочнати преговорите.
http://on.net.mk/sportal/fudbal/fk-vardar-ostanuva-vo-prvata-liga
Срамота е ако ова навистина се оствари ... доста е со фаворизирање и попуштање на одредени имиња во македонскиот спорт ... точно е дека ФК Вардар е бренд на македонскиот фудбал , но ова воопшто не е фер кон сите останати фудбалски клубови ... а не ми е јасна ни логиката на ФК Миравци во цела оваа работа ... ако е проблемот тоа дека немаат стадион кој ги исполнува условите за играње во Прва лига , тогаш може да играат во најблискиот град каде што има таков стадион ... ако ова што го пишува за Вардар е вистина , тогаш секој нареден прволигаш кој ќе отпадни во наредните години , ќе има апсолутно право да се буни и да бара останување во Прва лига ... ако е веќе така планот , тогаш нека ја направат Прва лига како што е НБА , па да нема отпаѓање и влегување во неа и да си играат нон стоп само истите клубови , а не вака да се фаворизираат одредени имиња ... СРАМОТАФК Вардар останува во првата лига
Гласините кои деновиве се ширеа низ фудбалските клубови, денес беа потврдени и од претседателот на ФФМ, Харалампие Хаџи-Ристески. ФК Вардар останува во првата лига на местото на Миравци.
Низ фудбалските кругови деновиве се ширеа разни информации околу иднината на нашиот најтрофеен фудбалски клуб, а денес на брифингот со новинарите во ФФМ, претседателот Хаџи-Ристески потврди дека и во следната сезона ФК Вардар ќе се натпреварува во првата македонска лига.
До ова доаѓа откако ФК Вардар и несудениот нов прволигаш ФК Миравци ќе ги заменат местата, односно со фузија и промена на имињата, ФК Вардар ќе се натпреварува во првата, а ФК Миравци во втората лига.
Како едно од можните имиња за ФК Вардар, се шпекулира со името „ФК Вардар 2011“, одлука која наиде на негодување кај најверните навивачи. Во 64-годишната историја, клубот успеал да го задржи името, па навивачите не сакаат тоа ни сега да биде променето.
Новото раководство на клубот веќе работи на новиот тим. Клубот го напуштија бразилците Нено, Фабио и Карлос, Златко Ристов, браќата Џангаровски, Трајче Стојковски, Перица Василевски, Емин Шабани и Веби Алиовски. Неколку звучни имиња се споменуваат како потенцијални засилувања, а тоа се Александар Васоски, Боби Божиновски, Филип Деспотовски, Александар Бајевски, поранешните играчи на Македонија ЃП Вашнгтон и Амбуре. Раководството има желба во редовите на Вардар да донесе и звучно име од странство кое би ја вратило публиката на „Градски“, па едно од имињата со кое се шпекулира е камерунецот Пјер Боја од Партизан.
Со новиот, реновиран тим на Вардар, најверојатно ќе раководи Илчо Ѓорѓиоски, со кого веќе се отпочнати преговорите.
http://on.net.mk/sportal/fudbal/fk-vardar-ostanuva-vo-prvata-liga
Срамот кај нив е веќе направен...сезонава се согласувам може да ги зафркаваат до безкрај...Ќе остане дека Вардар испаднал од Лига за прв пат во својата историја ама бил спасен од еден Миравци а притоа го сменил за прв пат името после незнам 60 и кусур години олку имаат постоење !!! Силекс останува единствен Прволигаш што ги има играно сите сезони во 1 лига од осамостојувањетоОва што сега се случи со Вардар е и полошо од играњето во Втора Лига кое клубот реално и те како го заслужи, срамно е ова, мене лично срам ме фаќа, до вчера Вардар беше гордост на мак.фудбалот а сега самите 1 тон кал фрлија врз себе, јас сум дециден, не се гордеам со ова.
Па никој не ни заврши работа за нас, едноставно си го купивме местото на Миравци во прва лига.Срамота е ако ова навистина се оствари ... доста е со фаворизирање и попуштање на одредени имиња во македонскиот спорт ... точно е дека ФК Вардар е бренд на македонскиот фудбал , но ова воопшто не е фер кон сите останати фудбалски клубови ... а не ми е јасна ни логиката на ФК Миравци во цела оваа работа ... ако е проблемот тоа дека немаат стадион кој ги исполнува условите за играње во Прва лига , тогаш може да играат во најблискиот град каде што има таков стадион ... ако ова што го пишува за Вардар е вистина , тогаш секој нареден прволигаш кој ќе отпадни во наредните години , ќе има апсолутно право да се буни и да бара останување во Прва лига ... ако е веќе така планот , тогаш нека ја направат Прва лига како што е НБА , па да нема отпаѓање и влегување во неа и да си играат нон стоп само истите клубови , а не вака да се фаворизираат одредени имиња ... СРАМОТА