Македонски филмови

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Не можам да сВатам брат, јас сум глупо дете шо не разбира толку високо ниво на хумор и сарказам, уствари не знам ни да го препознаам, до толку сум глуп.Сепак ти си дете од Влае, јас сум од провинција, ваљда имаш и некој приватен факултет завршено, а ја едвај и средно завршив, и како сакаш да сВатам.

Стај кул Анон, стај кул,
Не си глупо дете, просечен си и претерано досаден со „случувања во Македонија“ со особен нагласок на настани поврзани со албанците.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.007
Поени од реакции
17.940
Не си глупо дете, просечен си и претерано досаден со „случувања во Македонија“ со особен нагласок на настани поврзани со албанците.
За тоа сум дојден на форумот, и зошто живееме во демократско опшество имам право да си искажувм ставови, кои на друго место немам каде да ги изнесам ниту пак да отварам дискусија.Тука има неколку членови со кои си дискутирам и како постари учам од нив и разменуваме мислења.Ако за тебе моменталната ситуација во Македонија е ок, за мене не е, јас не те терам со сила, ниту пак некого друг од мојот круг да се занимава со таа тема, но ниту пак мене не може некој да ми каже што да правам на јавен форум.
Во приватниот живот, никогаш не инсистирам да се зборува на овие теми, не сум човек кој ќе те гњави за политиката во Македонија, (зошто знам дека најголемиот дел од народот не му е тоа приоритет,како што не му е чистиот воздух, лошиот образовен систем и нефункционирањето на иституциите) освен ако некој друг некаде случајно не почне таква тема, па дури и тогаш само разговарам колку да ги дознае моите ставови по тоа прашање, но ако е некој нормален лик за дискусија а не од типот, јас кога би ми дале би ги заколил сите Албанци, а цел живот седи дома у фотеља.

Како шо ти кажав, остани си кул, и продолжи си со сарказмот, ваљда за тоа си на форумот, не судам.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.679
Поени од реакции
81.967
Синоќа по втор пат го гледав Исцелител, бел бумбар има и по второ гледање (y) еден од подобрите македонски филмови последниве години. Атанас Тановски и Диме Илиев одлично ја тргаа мрачната атмосфера што ја имаше филмот кога го гледавме синот Веле.

Од друга страна, деновиве првпат го изгледав и До Балчак на Столе Попов... нема да кријам, имав големи очекувања за филмов, посебно што режисер беше човекот кој ги создаде Црвениот коњ, Среќна нова '49, Тетовирање и Џипси Меџик, и на крај останав тотално разочаран (n). Многу бледа глума, приказната тапа, се на се џабе потрошени 3 часа од моето време... очекував многу повеќе
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.099
Поени од реакции
9.917
Просветли ме те молам.
Јас се водам од фактот дека филмов е подржан во Кан а скоро секој нивни филм е со премиера на фестивал од А или Б категорија. Еден куп награди и релевантни фестивали во кариерата. Коопродукции со Нетфликс и некои од најдобрите режисери во регионот.

На нашата конзервативна средина :tapp: им смета што во нивните филмови жени скокаат по крстот и тоа што момчињата од Смилковско не се прикажани како безгрешни ангели (бидејќи и не беа).
Другар, Антр шјaн е лу од Белгија е продуцентската куќа која што ги пoддржува сите проекти на Теона, а за возврат Теона им носи наши пари. Теона живее во Белгија, а таа продукција е на некои нејзини пријателчиња, па што и да сними они секогаш ја поддржуваат. Остатокот од земјите што влегуваат во нејзините филмови се најчесто Франција и Словенија (од кај што си имаат пријателчиња на функција исто така за да им ги поддржува филмчињата). Еуроимаж бара да имаш бар уште една или две странски земји кои ти го поддржале филмот за да ти дадат пари. Уште ако имаш контроверзни теми ко филм по реално убиство, филм за верски скандал и најновиот филм за последиците од војната врз меѓуетничка љубов, добиваш со гаранција.

Да си погледнал дел од филмовите што ги поддржал Еуроимаж до сега ќе видиш дека мал дел имаат некој квалитет. Така што дај малце одмори од Теона и Лабина кои што ги правиш тука светици, а се далеку од тоа.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
До Балчак на Столе Попов
Еден од најлошите филмови што сум ги гледал во животот, три саата без никаква приказна и дејство. Уште пожално е што е од истиот режисер кој има култни проекти како овие што ги наброја.

Таа сцената со куротресците кои скокаат, никогаш нема да ми биде јасно зошто е во филмот.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.007
Поени од реакции
17.940
Изгубена е поентата на филмот, според мене најверојатно поентата им било да го прикажат животот на комитите во тоа време, но преку друг начин на живот и изразување, но испаднал тотално погрешен.Ај на еден да не му се допаѓа ама не сум сретнал некој да каже нешто позитивно за филмот.Дури и Никола Ристановски игра лошо, ептен вештачка ми е сцената кога се дере на репликата (А јас што јадам)

Владо мислам најдобро си ја изигра улогота, барем мојот впечаток беше таков, мислам дека убаво го изведе ликот на старец кој се пореметува од како му ги силувале сите женски членови на фамилијата.И таа сцена не е најдобро изведена а најверојатно со тоа сакале да ја прикажаат реакцијата на странците кога ќе слушнат за злосторствата на Османлиите.Во Мис Стон има таква слична сцена и е маестрално изведена.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.099
Поени од реакции
9.917
Кај и да е очекувајте нова поддршка за Милчо.
kaymak.JPG
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.926
Поени од реакции
7.586
Од понеделник на МРТ 1 кратки играни македонски филмови. Пепи и Муто е во понеделник 22:20

За другите денови барајте на линков во програмската шема.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.726
Поени од реакции
1.485
Што се случи со филмот Ругање со Христа? Бар негде да се погледне?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Мене омилен македонски филм ми е оној коа ќе се соберат платени убици во една куќа и чекаат да дојде американецот за да им даде работа и додека чекаат нешто ептен ќе се изнервираат и ќе се испукаат сите меѓу себе но ќе преживее само еден кој цело време ќе ќути се додека не дојде американецот и ќе каже говор за тоа како американците имаат систем за се, за тоа како да фатиш згодна женска и како да фатиш грда женска и после ќе го убие американецот кој ќе биде оној од Бушава азбука и така ќе заврши.
Нема да ви кажам повеќе, сами ќе дознаете.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.500
Поени од реакции
16.158
Мене омилен македонски филм ми е оној коа ќе се соберат платени убици во една куќа и чекаат да дојде американецот за да им даде работа и додека чекаат нешто ептен ќе се изнервираат и ќе се испукаат сите меѓу себе но ќе преживее само еден кој цело време ќе ќути се додека не дојде американецот и ќе каже говор за тоа како американците имаат систем за се, за тоа како да фатиш згодна женска и како да фатиш грда женска и после ќе го убие американецот кој ќе биде оној од Бушава азбука и така ќе заврши.
Нема да ви кажам повеќе, сами ќе дознаете.
Филмот се вика "Американецот".
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Мислам бидејќи има Американец во филмот, ама не сум сигурен.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom