Не си глупо дете, просечен си и претерано досаден со „случувања во Македонија“ со особен нагласок на настани поврзани со албанците.
За тоа сум дојден на форумот, и зошто живееме во демократско опшество имам право да си искажувм ставови, кои на друго место немам каде да ги изнесам ниту пак да отварам дискусија.Тука има неколку членови со кои си дискутирам и како постари учам од нив и разменуваме мислења.Ако за тебе моменталната ситуација во Македонија е ок, за мене не е, јас не те терам со сила, ниту пак некого друг од мојот круг да се занимава со таа тема, но ниту пак мене не може некој да ми каже што да правам на јавен форум.
Во приватниот живот, никогаш не инсистирам да се зборува на овие теми, не сум човек кој ќе те гњави за политиката во Македонија, (зошто знам дека најголемиот дел од народот не му е тоа приоритет,како што не му е чистиот воздух, лошиот образовен систем и нефункционирањето на иституциите) освен ако некој друг некаде случајно не почне таква тема, па дури и тогаш само разговарам колку да ги дознае моите ставови по тоа прашање, но ако е некој нормален лик за дискусија а не од типот, јас кога би ми дале би ги заколил сите Албанци, а цел живот седи дома у фотеља.
Како шо ти кажав, остани си кул, и продолжи си со сарказмот, ваљда за тоа си на форумот, не судам.