Не во Драчево туку кај фабриката ИНО СПЕКТАР,близу УСЈЕ фабриката. Таму демек пред да стават камбана, се појавувале духови.
-во Усје, многу одамна,во српско 1918 - 1928 година, има починати многу
членови од едно семејство т.с. скоро сите,незнам каде им се гробиштата ама долго време ги викале “Баровски гробишта“- и дали сега постојат незнам.ги покосила чума-тогаш неизлечива туберколоза.
--- надополнето: 20 март 2012 во 12:15 ---
- внучко да ти кажам и јас некое зборче за Скопјево
ај по ваше нека биде де, урбани легенди
Скопје си беше Скопје и пред да дојдат во него мариовци и шопи.
Скопје си беше Скопје и во Турско и во Српско и во Бугарско.
Си имаше и многу цркви, ама една си беше ептен Скопска-наша.
Таа беше во Пајко Мало, посветена на Св. Богородица.
Сега може да ја видите и посетите,пред некоја година ја направија.
Ослободителите- (читај,бугарските фашисти) старата црква ја
ограбиле а потоа ја запалиле во време на окупацијата (читај,НОБ)
Долго време тоа место беше празно-црковно,вакавско ли се викаше.
Ама комунистиве после земјотресот,решива Скопје да го градат.
И на тоа исто место почнаа да градат де ова де она.Тие дење градат
тоа ноќе се урива.Потоа пак одново,целата постапка. Ама не бива.
И на крајот се откажаа.МАНУ и дом на Млади ги направиа понатаму.
Си остана тоа место пак празно,на радост на нас децата од околните
маала а кој учевме во О.У. “Кирил и Методиј“- т.с.беше ливада за фудбал.
Значи било тоа место црквено и црквата си го бараше за себе.Потајно.
Кој ги рушеше почнатите темели за новите градби го немаме одговорот,
остана мистерија-“Виша Сила“... Продолжете да размислувате за ова.
-------------------------------------------------------------------------------------------------
урбана легенда бр: 2
информирајте се, прашајте или прочитајте во другите теми за:
зошто за земјотресот не се сруши Највисоката зграда во Скопје во “63год,
уште поточно не и фалеше ама баш ништо, (обележана со три зелени црти)
е тоа е урбана легенда а тој што ја направи права легенда како ли заврши?