Македонски студенти во Бугарија

Член од
15 јуни 2014
Мислења
316
Поени од реакции
300
Јави се во амбасада и ќе отидеш ќе ти објаснат се убаво, потоа ќе отидеш во еден бугарски културен центар, така нешто се викаше, зад универзална (Александер Д Грејт) и ќе си земеш од таму материјали (книги) за учење.
 
Член од
25 април 2015
Мислења
6
Поени од реакции
1
Kolku ve ima zainteresirani za vo Bg godinava za na medicina?
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
316
Поени од реакции
300
Многу, како и секоја година. 30-40% во најмала рака се за медицина од сите што се пријавуваат :)
 
Член од
25 април 2015
Мислења
6
Поени од реакции
1
Za literatura od koi ucebnici trebe da se uci?
 
Член од
27 мај 2012
Мислења
5
Поени од реакции
1
За сите матуранти или пред-матуранти што сакат да студират у Бугарија. Воа се однаса за во 2016 година.

Вие се пријавувате како Бугари што живеат надвор од Бугарија. Кога ви дадат формулар да поплните, вие пишувате дека имате Македонско граѓанство, но дека имате Бугарска националност. Ако пишете дека имате Македонска националност шансите да ве примаат на било кој факултет што сте го навеле се намалуват за 95%. Само во исклучок да нема никој што сака на тој факултет, само тогаш ќе ве примаат. Инаку, колку и да ви се добри оценките, нема да ве примаат.

За Информатички факултети гледаат само оценката од 1-4 година математика или пак ако имате подобар резултат по математика на матура, тогаш ја зимаат оценката од матурата. Да речеме имате просек 4.5 по математика од 1-4 година, а имате 5 математика на матура, ја зимаат оценката од матура.

Претпоставувам за медицина гледаат оценката по хемија и биологија.

Друго, се полага секоја година на 3 јули во Софија тестови по Бугарска литература и јазик и Бугарска историја. Но, само еднаш треба да го положите.

На тестот има 40 прашања на заокружување, од кои секако мора да погодите 15 без учење на ништо и со среќа. Во просек македонците вадат околу 4.0 просек. Тамо оценките варираат од 2-6. Србите се подобри со околу 5.3 просек, но да не навлегувам.

За примери од тестови, скролнете најдолу на оваа страна

http://mon.bg/?go=page&pageId=15&subpageId=173

Еве ви ја страната, но веќе е касно, процедурата за упишување започнува во Мај. Треба накај 23-25 Јуни да одете во Скопје во Бугарската амбасада и да доставете следниве документи:
  • Копија заверена кај нотар од Диплома за завршено средно образование
  • Копија заверена кај нотар од Извод од матичните
  • Копија заверена кај нотар од Лична карта или пасош или било каков документ за идентификација
  • Копија заверена кај нотар од Потврда за граѓанство
  • 2 слики од вас, формат4/3
И од тамо ви даваат да потполните 2 документа.
Едниот да наброите 5 факултета на кои сакате да се упишете, а на другиот има за лични податоци.

Ако немате диплома, не е страшно, може само Свидетелствата да ги доставете, но подоцна ја праќате дипломата по пошта и е-мајл, заедно со едно ливче со број кој ќе ви го дадат откако ќе ги доставите документите.

Побарајте од вашето училиште да ви ги издадат Свидетелствата порано.

Зошто во Бугарија? Па сигурно нејкам да ме скине некој албанец у школото или у некој автобус. Терористички напади у Куманово има секакви глупости во Македонија. На вести само мир и хармонија а во реалност сме полоши и од Ирак и Иран. Поарно жив и да бидам Бугарин отколку мртов и Македонец, земја направена од пропаганди и корупција. Зборувам ја реалноста. А реалноста е дека за скоро скоро ќе бидат малцинства Македонците.

Вие како сакате. Словенија е секако подобра од Бугарија, но студиите тамо ми нудеа на Словенски и затоа не сакам. Инаку ви препорачувам да пробате во Словенија и Бугарија. Секако во Словенија е подобро.
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Здраво. Би замолил за инфо.
Сестра ми студира прва година во Бугарија, еден месец е таму. Дали може некој што веќе студира таму да ми ја објасни постаката за виза (потребни документи, време на чекање, трошоци) и постапката за вадење лична карта во Бугарија за да може да регулира престој?
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Здраво. Би замолил за инфо.
Сестра ми студира прва година во Бугарија, еден месец е таму. Дали може некој што веќе студира таму да ми ја објасни постаката за виза (потребни документи, време на чекање, трошоци) и постапката за вадење лична карта во Бугарија за да може да регулира престој?

Јави се во амбасадата во Скопје и ќе ти објаснат се.
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
445
Поени од реакции
341
Јави се во амбасадата во Скопје и ќе ти објаснат се.
Се јавив друже 2 пати, флеки се невидени. Ми дадоа емаил за инфо, само така можело да ми се одговори, меѓутоа излезе дека е погрешна адресата. Затоа прашав тука.[DOUBLEPOST=1445616722][/DOUBLEPOST]
Јави се во амбасадата во Скопје и ќе ти објаснат се.
Се јавив друже 2 пати, флеки се невидени. Ми дадоа емаил за инфо, само така можело да ми се одговори, меѓутоа излезе дека е погрешна адресата. Затоа прашав тука.
 
Последно уредено:
Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Се јавив друже 2 пати, флеки се невидени. Ми дадоа емаил за инфо, само така можело да ми се одговори, меѓутоа излезе дека е погрешна адресата. Затоа прашав тука.[DOUBLEPOST=1445616722][/DOUBLEPOST]

Се јавив друже 2 пати, флеки се невидени. Ми дадоа емаил за инфо, само така можело да ми се одговори, меѓутоа излезе дека е погрешна адресата. Затоа прашав тука.
Еве ги пишува сите

http://www.vfsglobal.com/bulgaria/turkey/bulgarian/student_docreq.html
 

eff

Член од
19 септември 2013
Мислења
29
Поени од реакции
12
возножно ли е да се извади привремена лична карта без д виза? лани имав виза ама не замарив да си извадам лична карта?
 
Член од
8 септември 2013
Мислења
6
Поени од реакции
0
Здравоо
Има ли некој што студира медицина во Бугарија?
Ме интересира кои се трошоците на факултетот, храна и сместување?
Како што видов има во Софија и Пловдив, каде е подобро?
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.643
Поени од реакции
729
Здравоо
Има ли некој што студира медицина во Бугарија?
Ме интересира кои се трошоците на факултетот, храна и сместување?
Како што видов има во Софија и Пловдив, каде е подобро?
Братучетка ми е прва година медицина во Софија, можам да ја прашам колку горе-долу и излегува. Сега е малку доцна, но утре можам да прашам. Претпоставувам дека во Софија е најдобро. Братучетка ми е целосна отличничка и едвај би одбрала нешто различно од најдоброто.[DOUBLEPOST=1456737576][/DOUBLEPOST]Ако живееш во скромно 250 евра ќе ти стигнат за месец, заедно со таксата за студентски дом. Овие 250 евра не вклучуваат цената на учебниците и таксата за семестар. Братучетка ми, плаќа 460 евра за година (2 семестара x 230 евра).

Прием на странци:
.................................
Наставна школарина во Медицински Универзитет - Софија за една академска година:

За обука во ЦЕОФВС во комплетен курс на бугарски јазик - 3 700 евра;
За обука во ЦЕОФВС во комплетен курс на англиски јазик - 4 800 евра
За полагање само на влезниот тест по бугарски јазик - 120 евра;
За обука по медицина, стоматологија и фармација на бугарски јазик - 7 000 евра,
За полагање само на влезниот тест по англиски јазик - 120 евра;
За обука по медицина, стоматологија и фармација на англиски јазик - 8 000 евра;
Обука за ОКС "Bachelor" на бугарски јазик- 3 000 евра.
Обука за ОКС "Bachelor" на англиски јазик - 4 000 евра
За обука во Медицински колеџ за "Професионална диплома" - 3 000 евра
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom