[video]http://mesto.com.mk/video/2ddcd606e5017b7/[/video] Македонските волци во Ирак
--- надополнето ---
Филм за македонските Волци
Американска компанија ќе снима филм за четворицата македонски војници од специјалната армиска единица “Волци“, кои беа одликувани од САД, за мисијата во Ирак во 2003 година.
Како што дознава Нетпрес, претставници на заинтересираната компанија веќе направиле првични контакти со одликуваните “Волци“. Интересот бил да се филмуваат воените акции што ги извеле “волците“ во својата мисија во Ирак, поради кои потоа во 2004 година, беа одликувани од Доналд Рамсфелд, со ордени на САД.
Во филмот детално ќе бидат опишани настаните поради кои македонските војници ги заслужиле одликувањата.
Првата смена од армиските специјалци, веќе напишале и своја книга за нивната миисија, како дел од коалициските сили “Слобода за Ирак“.
Книгата под наслов “Слобода за Ирак - Патот до Вавилон“, ќе биде промовирана во текот на идниот месец, а издавач е Култура. Во книгата се опишани настаните и задачите на првата смена на специјалната едница на АРМ, кои биле извршувани во Ирак од јуни до декември 2003 година, според записите на македонските војници.
Настаните се детално опишани, а изменети се имињата на ликовите. Дел од книгата е илустрирана и со фотографии, што припадниците на “волците“ ги снимиле за време на извршувањето на воените задачи во Ирак. Првичниот тираж на книгата Култура го издава во 500 примероци.