Македонски специјални единици (полициски и воени)

storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Поддршка на МВР во акции дава само пСО,примарно ЕСН. 501 се водеа и сеуште се водат под повеќе имиња(501 падобранско-диверзантски одред,флајт за специјални намени,вод за специјални намени).Ај баш прати ми да видам кога и каде имале заедничка вежба со ЕСЗ.
Имаа заедничка вежба септемврито, есз и псо(есн и рб) ама беа и од воздухопловна бригада, видов слика на фб од еден пријател од 501 и претпоставив дека и тие се вклучени. Иначе да знам, псо дава поддршка на мвр.[DOUBLEPOST=1558298206][/DOUBLEPOST]https://24info.mk/волците-и-тигрите-на-заедничка/
@Semper Fi еве линк, и вбр биле.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Имаа заедничка вежба септемврито, есз и псо(есн и рб) ама беа и од воздухопловна бригада, видов слика на фб од еден пријател од 501 и претпоставив дека и тие се вклучени. Иначе да знам, псо дава поддршка на мвр.[DOUBLEPOST=1558298206][/DOUBLEPOST]https://24info.mk/волците-и-тигрите-на-заедничка/
@Semper Fi еве линк, и вбр биле.
Немаше припадници од 501 во вежбата.На вежбата од пешадија беа само пСО(ЕСН и Рб),бВП,ЕСЗ,ЕБР и мал дел Шкорпиони.
Никогаш не ни имале вежба заедно ЕСЗ со 501.ЕСН и 501 имале повеќе вежби заедно,ама ЕСЗ со 501 никогаш.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Зоран Јованов е роден 1972 година во Скопје. Во текот на своето детство и во текот на своите тинејџерски години се има занимавано со повеќе боречки вештини и со падобранство. Војска има одслужено во 1991 во 63. Падобранска единица во Ниш. Важеше за многу професионален и искусен војник,има дејствувано во борбите на Вуковар и на други останати места од страна на Југословенската Народна Армија.По завршетокот на големите немири во 1994 на 1 Март како потпишува договор и е прв припадник на Единицата за специјални намени Волци. Посветен е кон професијата, семејството и пријателите. Има голема активност во одбраната на оваа држава и како најспремен припадник на ЕСН-ВОЛЦИ има големи одликувања. Завзема голема активност во 2001. Неколку години по војната се префрла во Падобранската бригада 501 и таму е Падобрански Инструктор со професионални скоро 300 скока и учествува во формирања на ренџерскиот баталјон. Загинува во Прилеп на 23 Мај 2004 година при редовна вежба на Падобранската Единица. Зад себе ја остава неговата Фамилија која имаше голема верба во него, своето семејство синот и сопругата. Зоран Јованов - Циганот (1972 - † 2004), човек кој направи многу за оваа држава, и сите ќе ја паметат неговата храброст и несебичност да се одбрани своето во секое време. Неговиот живот заврши на 23.05.2004 година на 298 скок за време на падобранската обука-скок на слободно од Авионот Ан-2 од 1000 метри околу 12 часот во Прилеп на аеродромот Мало Коњари. Никогаш нема да бидеш заборавен! Почивај во Мир! Слава Ти!



11136775_821390061265111_1411032626686459549_n.jpg
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Слики од меморијалниот собир кој беше посветен 15 години од трагичната смрт на Циго.А во текстот кој го постави Волчко има некои работи кои не се точни.Како прво Циго и уште 3-4 волци беа првите припадници на ново формираната единица Соколи,која се формираше на 26 ноември 2001 година.И нејзин командант беше Горан Грујевски се додека не се "расформираше" единицата,тоест кога Соколите и Рисовите ги собраа на едно место-во Ренџерите.После тоа тој кратко време беше командант и на ЕСН.Второ Циго нема никакво учество во формирањето на Ренџерите.Туку тој,односно неговата смрт е причината за "гасење" на Соколите,укинување на военото падобранство,и создавањето на Ренџерите.
Btw,како што имам пишано претходно,Соколите како единица не ги гасат,туку повеќе од 90% људството на единицата преминува во Ренџерите,останува само еден вод.
На собирот беа изложени неговите униформи и медали.Вечна ти слава човеку :cuc:
61012439_10156606544524671_3018876544639565824_n.jpg 60783662_10156606544479671_1415468465954750464_n.jpg 60826241_10156606544439671_6185758370968895488_n.jpg 60888130_10217668513280546_564893735360397312_n.jpg
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Дури,овој припадник е првиот што гледам да ја има завршено америчката ренџерска школа што трае 2 месеца.Импресиониран сум :)
 
Член од
14 октомври 2013
Мислења
886
Поени од реакции
3.485
ВИСТИНАТА ЗА ВОЈНАТА ВО ОЧИТЕ НА ХЕРОЈОТ НА "ТИГРИТЕ"
Воено крштевање на специјалците
Генерал - мајор Стојанче Ангелов

По избувнувањето на оружжните судири во почетокот на минатата година, Македонија се најде во нова, специфична, за нејзините безбедносни сили дотогаш неискусена состојба. Непријателот се наоѓаше на територијата на Република Македонија, располагаше со завидна количество оружје, муниција и друга воена опрема, во еден дел беше добро организиран, имаше одреден степен на обученост, во неговите редови се наоѓаа инструктори и платеници од странство, а еден негов дел веќе имаше борбено искуство од боиштата на територијата на поранешна Југославија.

Борбата со ваквиот непријател по многу свои обележја беше специфична.

Во некои делови на Македонија воените дејствија се одвиваа на самата гранична линија (која непријателот ја оспоруваше), некаде тоа беше граничниот појас, но во добар дел непријателот веќе се наоѓаше длабоко на македонска територија. Еден дел од непријателот на овие места дојде од надвор (пред се од Косово), но другиот дел всушност таму живееше со години. Иако речиси сите тие населени места биле македонски (населени во најголем број со македонско население) во новонастанатата состојба која беше производ на смислена повеќедецениска вешто водена демографска политика на албанскиот фактор, тие веќе беа етнички чисти, населени исклучиво со албанско население. На овој начин еден територијален појас кој се протегаше со километри во длабочината на македонската територија се најде населен исклучиво со албанско население.

Во ваквата специфична состојба, според Уставот и законите, АРМ беше должна да ја обезбедува границата и да презема борбени дејства во граничниот појас. Но, што со другите делови каде се појавија вооружени лица кои прогласија слободни територии на кои им беше забрането на македонските безбедносни сили да стапнат (а камоли да воспостават правна власт)!?

Кој треба да се справи со домашните и влезени од надвор терористи кои се дрзнаа на територијата на една суверена, меѓународно признаена држава да прогласат слободни територии со намера истите да ги присоединат кон друга држава!?

Според Уставот и законите грижата за одржување на правниот поредок на територијата на Република Македонија беше во надлежност на МВР. Аналогно на тоа, во прво време во некои кругови владееше мислење дека со терористите кои преземаа воени дејства на територијата на Република Македонија треба да се справи МВР. Но, колку беше реално очекувањето МВР само да се справи со напаста која и се закануваше на Македонија. Колку МВР, во тој момент, беше подготвено да излезе во пресрет на таков предизвик?

Во тогашната структура на МВР се наоѓаа управата за безбедност и контраразузнавање, криминалистичката полиција, и униформираната полиција - сите со конкретно определен делокруг на работа и работни обврски. Во тој период во склоп на униформираната полиција од аспект на можно учество во вооружените судири имаше три ешалони: првиот ешалон го сочинуваа припадниците на Единицата за специјални задачи - "Тигар", како единствена специјална единица во МВР; вториот ешалон се состоеше од припадниците на Посебната единица која е во состав на Секторот за посебни единици и која е составена од делумно селектирани (пред се по возраст и работен стаж) припадници кои покрај вршењето на редовните полициски обврски во своите матични полициски станици, изведуваа и посебна обука во која акцентот беше ставен во одржувањето и воспоставувањето на нарушен јавен ред и мир во поголем обем;

третиот ешалон го сочинуваат другите униформирани лица во поголем дел повозрасни лица со подолг стаж во МВР (од кои дел веќе биле во посебната единица), повредени или болни лица како и по некое лице кое од разни причини, иако можело, не влегло во посебната единица.

Карактеристично за сите три ешалони беше немањето искуство со ваква проблематика (учество во вооружени судири од поголеми размери) со исклучок на дел од припадниците на ЕСЗ "Тигар", кои имаа неколку вакви искуства од неспоредливо помал обем (неколку вооружени пресметки).

Поради недостиг на луѓе, на терен се испраќаа припадници на трите ешалони со тоа што се водеше грижа припадниците на третиот ешалон, а колку што беше можно и припадниците на вториот ешалон да не учествуваат во директните борби, посебно оние со напаѓачки карактер. И покрај ангажирањето на сите три ешалони, на теренот повторно се појавуваше проблемот со недоволен број полицајци.

Од разбирливи причини, во ниту еден момент не можеше да се испрати на терен поголемиот дел припадници на вториот и третиот ешалон, а истовремено успешно да се остварува целосната функција на ресорното Министерството. Како алтернативно решение можеше да се прифати дел од вработените во Криминалистичката полиција и Управата за безбедност и контраразузнавање да се пренасочат на терен и да земат учество во активностите на униформираната полиција, но покрај тоа што ваквото пренасочување многу негативно ќе се одразеше врз извршувањето на нивната функција, истото ќе беше проследено со низа слабости поради необученоста, неопременоста и неорганизираноста за преземање вакви дејствија. Поаѓајќи од тоа се наметна потреба од итно наоѓање решение за пополнување на евентуално испразнетите места и проширување на првиот и вториот ешалон во МВР.

Таканаречениот прв ешалон на униформираната полиција се состоеше од припадниците на ЕСЗ-"Тигар". Почетокот на војната ја затекна единицата неподготвена за таков вид војување. Бројноста на единицата беше доволна за мирновременски период, но новата состојба налагаше итно пополнување на евентуално празните места како и нејзино проширување. Во поглед на обуката, последните години упорно се форсираше типично полициска обука пред се обука за решавање на заложничка ситуација, иако во Македонија се уште немало ниеден класичен случај на држење заложници од било кој вид. Ако се направеше една стручна анализа на развојот на настаните на Балканот и ако се погледаа искуствата на сродните единици (воени и полициски) на соседните земји ќе се дојдеше до заклучок дека итно е потребна промена на приодот кон обуката и нејзино проширување со вклучување на типична воено командоска обука иако се работи за полициска единица. Ова оттаму што најголемиот дел од активностите и борбите кои ги имаа припадниците на единицата по речиси сите обележја беа типично воени.

Нареден елемент за успешно реализирање на поставените специјални задачи беше доопремување на единицата со вооружување, техничко-материјални средства и опрема.

Единицата беше релативно добро опремена за реакција во мирновременски период, но новата состојба налагаше итно доопремување со заштитни средства, со потешко вооружување (пушкомитралези, митралези, рачни ракетни фрлачи, фрлачи на гранати и сл.), како и итно набавување оклопни транспортери кои беа од исклучива важност за побезбеден транспорт на лица и опрема како и за давање огнена поддршка. Значајно е да се напомене дека поради лоша процена и неправилен приод кон оклопните возила кои единицата веќе ги поседуваше, тие беа во лоша состојба, со нив речиси и не се изведуваше обука и бројот на припадници на "Тигар" кои знаеја да управуваат со нив беше многу мал. Претходното раководство на единицата беше глуво на редовните укажувања на старешината кој беше одговорен за оклопните возила.

Следниот проблем кој се појави беше несоодветната организација и структура на единицата за успешно излегување во пресрет на новата ситуација. И покрај наброените недостатоци, припадниците на ЕСЗ - "Тигар" многу успешно ги извршуваа поставените задачи. Но, во мај 2001 година од страна на ГШ на АРМ и раководната структура на МВР беше договорено ЕСЗ - "Тигар" да влезе во Ваксинце, Кумановско. И, падна наредба за влез во селото...



(АВТОРОТ Е ЗАМЕНИК-КОМАНДАНТ НА ЕДИНИЦА ЗА СПЕЦИЈАЛНИ ЗАДАЧИ "ТИГАР")
Оружјето се менува,ама воините не..jpg
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Припадник на ПЕП,од денешната вежба на Криволак заедно со ЕСН и Зелените Беретки.
62216824_829429160774490_6831038646976512000_n.jpg
Оваа слика од ЕСН и ПЕП ме потсети на 2001,зошто тогаш скоро целото време двете единици беа заедно.
62359612_829428987441174_5541617545489940480_n.jpg
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
@Semper Fi и од мвр има на вежбата во криволак?
И јас се зачудив кога ја видов Марпат униформата на Криволак хехе.Вчера имале еднодневна вежба, инфилтрација со Ми17,координирано тимско движење,извидување и ексфил.Заедно со Зелените Беретки.[DOUBLEPOST=1560189269][/DOUBLEPOST]Припадник на 501,од денешната прослава на Воздухопловната бригада.
Screenshot_36.jpg
 
Последно уредено:

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.873
Поени од реакции
4.577
И јас се зачудив кога ја видов Марпат униформата на Криволак хехе.Вчера имале еднодневна вежба, инфилтрација со Ми17,координирано тимско движење,извидување и ексфил.Заедно со Зелените Беретки.[DOUBLEPOST=1560189269][/DOUBLEPOST]Припадник на 501,од денешната прослава на Воздухопловната бригада.
Прегледај го приврзокот 210593
Овакви луѓе се сеуште војници, ако овој човек не заслужил чин, кој?
 

storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Овакви луѓе се сеуште војници, ако овој човек не заслужил чин, кој?
Во арм 15 години нема објавено конкурс за курс за подофицери, затоа многу од нив се сеуште војници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom