Македонски специјални единици (полициски и воени)

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Frame agreement 2001.
На некоја будалу уште му е етсна рамката па ка ја шири.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.557
Поени од реакции
1.502
Искрено западна техника во раце има држено 3 секунди на ТТ збор на АРМ но по логика .
Должината на кундакот е подесива по потреба на корисникот и со тоа регулираш спрема должина на екстремитертие.
Тоа се вика телескопски кундак[DOUBLEPOST=1433412438][/DOUBLEPOST]
Чиче зоки грешиш м4 само во псо и бвп има на друго место не.Ова погоре е хк 416 според мене а и според оперативци на специјалните сили најдобрата автоматска и јуришна и кошта колку 3-4 м4-ки така да пушката е стварно нешто.
Повеќе за пушката еве овде од овој од Future Weapons. Нешто многу ми е смешно во видеово, пушкава ја ставаат во вода, песок и пукаат со неа и тоа го прикажуваат како нешто сензационално, а забораваат дека ак 47 уште пред 50 години ги има овие перформанси на издржливост. Новост кај пушкава колку што применив е системот за краток трзај на гасниот клип кој му овозможува поголема прецизност и помало загревање на механизмот после неколку стотици испукани куршуми.


Не ја пишува никаде цената на војничката верзија на HK416, додека цената на цивилната верзија на познатата фирма за продажба на ловечко и спортско оружје и орема FRANKONIA.DE, на MR223 (цивилна HK416) изнесува 2300 евра

http://www.frankonia.de/MR+223+-+308/Heckler+&+Koch/Ansicht.html?Artikelnummer=150751


Инаку никој не збори за новиот AK12, неговата подобрена егрономија, регулаторот на пукање не е оној масивен како што го знаеме сите по кој го препознаваме калашниковот, туку сличен како кај М4, со додавање на опции на испукување на 3 куршуми покрај рафален и поединечен, а се наоѓа веднаш до ракохватот, менувањето на оквири е олеснато, и наместо оквир од 30 дизајниран е оквир за 60 куршуми, можат истовремено да го користат и деснаци и леваци, најинтересно е што конструкторите обратиле внимание да се користи и со една рака, доколку војникот е ранет, ставен е телескопски кундак за подесување на позицијата за пукање, враќање на затварачот е со притискање на копче кое е сместено кај оквирот со што може да се врати со показалец, има ставено пикатини шини за монтирање опрема итн. а најважното е дека цврстината, издржливоста на екстремни влијанија е останата иста. Некаде читав дека сеуште е во развој, а читав дека и планираат да го вметнат и системот на "балансиран механизам" за да ја зголемат прецизноста и да го намалат односно да го стабилизраат трзајот, а овој систем го има AEK 971 и АК 107, тоа е овој



повеќе за овој систем


 
Последно уредено:

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Холи жити ајварот што те батера волку да пишуваш.
Никој не ја оцени ФН СЦАР;
Клинтон дали и белгијакаа има такво килаво копче позади затварачот.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Дечки извинете вака ама имаме друга тема овде на одбрана ќе дискутираме за ова
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.796
Поени од реакции
4.457
Хохенфелс, Германија, декември 2013. Четврт вод на ИСАФ контингентот за мисија јануари 2014. Јас сум вториот од лево десно од мене китот
Е тука семпер, јас видов повеќе застои на една пушка (м16) отколку вкупно во цела моја кариера заедно
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Да не искочи дека сум контраш , но велат мн детски болести на М-16 се одстранети кај М4 .
А дека ХК бил револуционерна новост.
Сепак тебе ти верувам повеке одколку на стручнит ревии.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.796
Поени од реакции
4.457
M4 Disassembly: http://youtu.be/PVCB7YnbZNw
Еве ти пример за расклопување на м4, комплетно исто ко м16. На 40 секунди го вади затворачот а на 1:20 го расклопува... Сепак гледај го целото видео до крај со затворачот не мора до крај на видео и направи споредба во "леснотија" на расклопување и отклонување застој. Замисли ти влегло некое зрнце песок оти нели во пустина си, и почнуваш во борбени услови да го расклопуваш, па вадиш клешта, па чепкаш со нокти, па нели тој од таа страна те чека да го оладиш железото оти со раце не се фаќа, па маливе делчиња не ти се губат ич... Панаѓур
За м4 велеа дека е многу подобрена од м16, всушност тоа што е срање си остана исто ко пред тоа, скратија цевка и додадоа оптика. Истиот проблем го имаше и м4,па воведоа опција да не пука автоматски долги рафали туку рафалот го ограничува на 3 куршуми. Со други зборови "знаеме дека ако рокаш долго ќе заглави"
ХК немам држено во рака и незнам што има внатре ама се сомневам дека затворачот е различен, а тој е изворот на проблемите. Во основа производителот сигурно нема да рече "еве ви нова верзија ама скапаница ко претходното срање е" мора да каже дека е закон инаку нема да го продаде
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Да се разберема скапо срање.[

Уффф срање па ова на пушкар треба да оди за секое одржување.
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
M4 Disassembly: http://youtu.be/PVCB7YnbZNw
Еве ти пример за расклопување на м4, комплетно исто ко м16. На 40 секунди го вади затворачот а на 1:20 го расклопува... Сепак гледај го целото видео до крај со затворачот не мора до крај на видео и направи споредба во "леснотија" на расклопување и отклонување застој. Замисли ти влегло некое зрнце песок оти нели во пустина си, и почнуваш во борбени услови да го расклопуваш, па вадиш клешта, па чепкаш со нокти, па нели тој од таа страна те чека да го оладиш железото оти со раце не се фаќа, па маливе делчиња не ти се губат ич... Панаѓур
За м4 велеа дека е многу подобрена од м16, всушност тоа што е срање си остана исто ко пред тоа, скратија цевка и додадоа оптика. Истиот проблем го имаше и м4,па воведоа опција да не пука автоматски долги рафали туку рафалот го ограничува на 3 куршуми. Со други зборови "знаеме дека ако рокаш долго ќе заглави"
ХК немам држено во рака и незнам што има внатре ама се сомневам дека затворачот е различен, а тој е изворот на проблемите. Во основа производителот сигурно нема да рече "еве ви нова верзија ама скапаница ко претходното срање е" мора да каже дека е закон инаку нема да го продаде
Абе види сеа, шансите да заглави ХК/М27 се поголеми одколку кај калашот, помали одколку кај М16/М4. Сепак шваба го прави.

Трзај, во споредба со калашот, речиси да нема хеклерот и страшно е прецизен.
Инаку, толку е лесна за користење пушкава што да им ја дадеш на децава што никогаш во живот немаат пушка фатено во рака, да им покажеш како се користи, и да ги однесеш на стрелиште ќе постигнат резултат како еден просечен професионален војник кој би гаѓал со калаш.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.796
Поени од реакции
4.457
Абе види сеа, шансите да заглави ХК/М27 се поголеми одколку кај калашот, помали одколку кај М16/М4. Сепак шваба го прави.

Трзај, во споредба со калашот, речиси да нема хеклерот и страшно е прецизен.
Инаку, толку е лесна за користење пушкава што да им ја дадеш на децава што никогаш во живот немаат пушка фатено во рака, да им покажеш како се користи, и да ги однесеш на стрелиште ќе постигнат резултат како еден просечен професионален војник кој би гаѓал со калаш.
Дискутабилно малку ама еве ќе се сложам. Кажи ми ти што кога таа пушка ќе се напраши? Како тоа дете што гаѓа прецизно ќе се снајде со застој?
Различно е да споредуваш пушки во лаборатприски услови и воени.
Неодамна гледав оружја на сомалиските пирати, буквално 'рѓосани калаши, нема здрав метал на него и пак пука, дали ќе издржи хк нечистена со месеци? На солена вода и сонце изложрна?

Веќе деца кога спомна, колку деца војници има со калаши а колку со хк?[DOUBLEPOST=1433714325][/DOUBLEPOST]AK-74: Fast Assembly & Disassembly In Russian Sch…: http://youtu.be/LrxjYfl05ek
За споредба, децава расклопуваат и склопуваат методски, со контролни укинувања и се по ред.
Во случај на застој, вадиш вкупно 4 дела:
Поклопец на сандак
Повратна пружина
Носач на затворач со клип
Затворач
Ги враќаш по обратен редослед и во 99% од застоите ти си го решил проблемот. Пази ваму правиме муабет за покомплициран застој, за фалично зрно само репетираш и рокај бато....

Еве ќе споделам едно искуство
Со американци на вежби мак војници се жалат дека во операција на чистење објекти кундакот на АП е многу долг и неудобен ради панцирот, значи трчаш не лежиш. Амеров одговара "во чистење објекти 100 од 100 пати би го одбрал калашот пред м4, имате perfect weapon system, буши панцир и ѕидови, нема застој и брзо полни, ако ти смета кундакот склопи го и мавај (а не ние јна школа) и после вели: нашите специјалци (армија не морнарица) користат калаши од француско производство и се презадоволни, официјално не користиме 7,62 па на тајна акција имаме изговор "не бевме ние"
 
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
Дискутабилно малку ама еве ќе се сложам. Кажи ми ти што кога таа пушка ќе се напраши? Како тоа дете што гаѓа прецизно ќе се снајде со застој?
Различно е да споредуваш пушки во лаборатприски услови и воени.
Неодамна гледав оружја на сомалиските пирати, буквално 'рѓосани калаши, нема здрав метал на него и пак пука, дали ќе издржи хк нечистена со месеци? На солена вода и сонце изложрна?

Веќе деца кога спомна, колку деца војници има со калаши а колку со хк?
Детето никако, професионален војник можеби и ќе се снајде, мада и тоа тешка работа. Ќе го удри тоа копчето за одглавување за кое пишуваше пред некој пост и или ќе се одглави или скроз ќе му ја ебе мајката. Повеќе шанси има за второто.

Се согласувам ја дека на калашот, во зависност од тоа кој го правел, за изджливост му нема рамен, ама не се толку срање хеклериве ни во тој сегмент.

За распространетост и достапност, ниедно оружје не може да се спореди со калашот. Пиратите и децата по Африка, и да имаат пари не верувам дека можат да набават ХК416 / М27, не заебавај сеа и ти, не е тоа некакво мерило.

Околу тоа колку време би издржал хеклерот во лоши услови, незнам, јас колку што знам единствена поголема единица која што ги користи се американските маринци, они би требало најдобро да можат да одговорат на тоа.

Како и да е, кога би бирал, би го одбрал хеклерот, без многу двоумење.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.796
Поени од реакции
4.457
Кога веќе зборуваме за деца:icon_lol:
Детево е закон, браво. Ама замисли да има пукано претходно... Многу убаво се снајде со пиплеш деловите ама ако тие пиплеш делови се врели? Шо прајме тогаш?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom