Кога се бараа нови регрути во Тигрите, нашите "патриоти" ги врзуваа рацете и главите за да се покажат неспособни за служба. Посебно оние кои се чукаа во гради дека се спремни да загинат за Македонија, кога дојде време да се покажат на дело, ги снема, како во земја да загинаа
.
Единствено доследни останаа Волицте, кои и покрај сите оние гомна кои се јадат меѓу народот, се сепак најспремните, тактички и технички, по опрема и по ефикасност. Се слушаа муабети дека регрутирале поарнешни воени ветерани, па ги дрогирале, па не знам што...

Единствено што им беше дозволено да примаат е епинефрин, кој не му се дава на секој. Затоа секој припадник на Волците претходно беше испитуван и тестиран.
Епинефрин е всушност адреналин, но во ублажена доза, која само стимулира храброст, и тоа во одредена мера.
Факт е дека и после вложените напори, и покрај успешните мисии кои Волците ги извршија, на територија на Македонија, и некои задачи надвор од нашиве простори, спека, Владата на Република Македонија издвои многу малку средства за финансирање на оваа специјална едница. И покрај тоа што некои од нив ги дадоа животите бранејќи го она што со право им припаѓа, нивните семејства не беа згрижени. Така, жени, мајки со две или повеќе деца, останаа сами на себе, кој како знае да се снајдува.
И покрај голем број на кампањи кои се направија по ТВ и весници, дека оваа специјална единица ќе биде опремена и додатно обучувана, иако ова второво не е потребно, сепак ништо од ветеното не се направи. Сметајте колку им е потребна поддршката на специјалните единици од ваков калибар од државата.
Сите земју вложуваат во нив, а Македонија се плаши да ги вооружи, затоа што можат да победат воени конфликти како оној од 2001 година. Интересен е фактот дека, и покрај сите оспорувања од владата, оваа специјална единица си го задржа рејтингот, како најобучена и најспремна единица за спрејални потреби на Балканот. Не знам колку знаете, но и спрските специјални единици,68мата и 73тата бригада, доаѓаат да вршат тренинзи со Волците.
Кој сака повеќе инфо, слободно кажете.
Поздрав.