1.МЕХАНИЗИРАНА ПЕШАДИСКА БРИГАДА
МИСИЈА
1.Механизирана пешадиска бригада е единица на АРМ од составот на ЗОК со мисија: да изведува офанзивни и дефанзивни операции за одбрана и заштита на територниот интерегритет и суверенитет на Република Македонија, да содејствува со МВР во граничното обезбедување, да дава подршка на цивилните власти при отстранување на последиците од елементарни непогоди и природни катастрофи и да учество во операции за подршка на мирот и хуманитарни операции надвор од државата со една механизирана пешадиска чета од составот на 2.механизиран пешадиски баталјон и инжинериски вод од инжинериската чета.
СУШТИНСКИ ЗАДАЧИ
1. Подготовка за борбени операции;
2. Тактички марш;
3. Поседнување на ОР;
4. Тактичко движење;
5. Изведување на одбрамбена операција;
6. Изведување на нападна операција;
7. Операции за борба против ДТГ и
8. Учество во мирновни мисии.
9. Учество во операции во подршка на цивилните структури во отсранување на елементарни и природни катастрофи
10. Координација со МВР во обезбедувањето ДГ, по потреба.
MOTO
Ние, македонските „СКОРПИИ” ,
сме господари на нашата професија, професија на оружјето.
Нашата професија не е само работа.
Тоа е начин на живот, кој бара лична пожртвуваност каква
што ретко се среќава во општеството.
Суштина на нашата професија се посветеноста и лојалноста.
Граѓаните во нас го препознаваат современиот македонски борец,
а тоа за нас претставува признание и сатисфакција.
Нашиот симбол е “СКОРПИЈА” познат и почитуван насекаде,
затоа што нашето мото е
“HONOR ET FORTITUDO”
(ЧЕСТ И СИЛА)
тие се механизирана специјална единица
они не се посебни по своите вештини туку по машините
не би рекол така:smir: