Не сум некој експерт ниту па се разбирам но заборавив да пишам ете и кај соседиве во Србија се снимаат филмови и серии со содржина од старо време ама таму продукциски и содржински е на побогато ниво бидејќи најверојатно државата издвојува одличен богат буџет, па се создале и повеќе продукции со многу статисти, облека се шие, се изнајмуваат објекти, општини помагаат за да се снима кај нив во градовите и селата...
Кај нас некако имам чувство дека многу малку се издвојува а државата политичарите гледаат што повеќе да уживаат благодетите, да испокрадат, со буџет пари да си го наполнат мешето и оние трошки што ќе останат буџет да ги дадат на уметниците. Не дека тоа го нема во Србија и секаде во светов се краде, ама во другите држави барем инвестираат за развој на филмската уметност.