Македонски серии

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Ги има се помалку .
МТВ низ годините правеше серии сега они немаат ништо . Повеќето македонски телевизии само снимаат Македонски народни приказни кој стануваат досадни па мислам дека многу луѓе ги избегаваат и не ги ни гледаат веќе.

Што мислите на оваа тема ? Дали треба да се снимаат и прикажуваат на македонските телевизии македонски тв серии ?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Камионџии, Позориште у куќи, Отписани, Бољи живот,.................. што погрешв сега жити се,
та еве признавам да и не се сеќавам и не ми ни текнува на некоја македонска серија Тв, од тој-овој период, освен самарчето.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Имало македонски тв серии Волшебното Самрче, Белото циганче, Булки крај шините, Црвено Жолто Зелено, Опстанок, Курирот на Гоце, Јуначко колено, Погрешно време, Салон Хармони ....
Но денес нема македонска тв серија. Се почесто се снимаат Народни приказни и македонските телевизии само купуваат и прикажуваат серии од други држави . Домашен производ на тв серија немаме одамна гледано.

Исто би додал дека потребна ни е бар една квалитетна тв серија која ќе дотурка колку толку 2-3 сезони.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ептен е жално што веќе немаме Македонски серии, а се повеќе и повеќе не потопуваат во турски серии. А во денешницава и да се направи некоја наша Македонска серија не верувам дека ќе биде добра и дека ќе ги задоволува сите критериуми за добра серија, од проста причина што требаат пари, а моментално пари за тоа најмалку ќе се потрошат:)
 
Член од
15 октомври 2013
Мислења
7
Поени од реакции
5
Навистина треба да почнат да се снимаат квалитетни тв серии во Македонија, жално е тоа што македонските глумци се приморани да синхронизираат некои турски серии и слично...
 
Член од
21 ноември 2012
Мислења
1.174
Поени од реакции
744
so muzika od [DOUBLEPOST=1404016732][/DOUBLEPOST]
  • Richard Allen Harvey-Rolling (g)", sound recording administered by
    APM Music
  • "Harvey, Richard-Suspense (g)"
  • "Intro1-Video Copilot"
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.281
Поени од реакции
22.559
Имало македонски тв серии Волшебното Самрче, Белото циганче, Булки крај шините, Црвено Жолто Зелено, Опстанок, Курирот на Гоце, Јуначко колено, Погрешно време, Салон Хармони ....
Но денес нема македонска тв серија. Се почесто се снимаат Народни приказни и македонските телевизии само купуваат и прикажуваат серии од други држави . Домашен производ на тв серија немаме одамна гледано.

Исто би додал дека потребна ни е бар една квалитетна тв серија која ќе дотурка колку толку 2-3 сезони.
Наше Маало на пример !??!?! ;)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Треба да се направи член од некој закон (можеби и постои ама никој не го ебе) каде што за пример секоја 3та странска серија, телевизијата треба да прикажува македонска серија и тогаш можеби ќе се потрудат нешто. Уствари тогаш би снимале само некои Драган Вучиќ емисии и тоа би давале наместо турски серии...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.897
Поени од реакции
7.570
Tреба да се направи серија штo нема да биде со војводи, револуционери, народни приказни... во ова денешно време. Пројдено им е времето на сериите кој ги набројав а и вие другите членови ги пишавте, некогаш тие биле гледани, но денес на било која од тие серии и да се направи римејк (одново да се сними со новата технологија и со млади актери/глумци) или пак истата да се изрепризира нема да помине како што тогаш била гледана. Времињата се менуваат па така и за тв сериите, а и за публиката која ги гледа.
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
Во право сте треба да има малку повеке македонски серии,а не со воа турскиве претераа една завршува друга почнува.Македонски се само народните приказни.Тие што се со нови глумци на Канал 5 ич не се интересни.Поарни се тие со Горги Колозов,Шенка Колозова и тој Владо Дојчиноски.Тие се најдобри.Знаат да глумат поубаво и искуство имаат.И @Röddást арно кажа во законот треба да се стави член ама тоа не зависи од нас.:(
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ова ми е прва тема на форумов по 5 години членство, па не замерувајте, ако сум утнал нешто. Темава нека биде општо за информации за нови македонски серии, стари македонски серии, гифови, мифови, и се што е поврзано со македонските серии.
Со законот (мислам дека имаат донесено закон, не ме фаќајте за збор) за продукција на свои телевизиски серии и филмови, периодов националните телевизии почнаа сериозно да се фаќаат за работа и да снимаат, најавуваат, пуштаат во етер нови серии.

По ланскиот пропаднат проект „Цимери“, Алфа ТВ го стартуваше пред некој ден и новиот проект „Комшиски приказни“. Далеку од квалитет пред се сценаристички и режисерски, сепак Алфа со малку пари се труди да сними нешто свое, па макар и модерна преработка на народните приказни.

Канал 5 годинава прв пат извади ТВ филм, а по него пушти и мини доку-фикшн серијал наречен „Болка на душата“ а работен по претставата Змејот горјанин.

Телма ја најавува својата прва серија „Преспав“, која по сите изгледи треба да биде квалитетно парче и прв асолен сит-ком кај нас.


Во следниот период претпоставувам свои серијали ќе пуштат и МРТ1 и Сител.

Во најава е серијата „Краток спој“ која моментално е во процес на монтажа.
А се работи и на серија „(Не)површни“ по чик-лит романот на М. Јаневска, „Белешките на Лајла Грејс.“ Претпоставувам вторава серија доколку се сними ќе се емитува на Сител тв.

За повеќе инфо follow this thread и пишете нешто и вие, да не биде ко блог темава. :D
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Се снима уште една македонска комична серијa.

Неповршни не е ни започната со снимање.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Се снима уште една македонска комична серијa.

Неповршни не е ни започната со снимање.
Има на серијата која се снима или на кој канал ќе ја даваат, ако е одлучено? Знам пред некоја година на Алфа кажаа работеле на ситком со Нина Деан или Ева Скендеровска во главна улога, за да не излезе ништо од таа серија.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903

Kajgana Shop

На врв Bottom