Македонски серии

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Се снима некоја серија Швалери. Играат: Марија Кондовска, Душица Стојановска, Лазар Манасков и др.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Според темава нема ништо ново. Некој серијал Швалери се снимал. Според името ми делува како продукција на Алфа, ама да видиме, по имево не делува како ништо инвентивно.
Диме Спасов да не е главна улога ? :icon_lol:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.857
Поени од реакции
7.546
Се снима некоја серија Швалери. Играат: Марија Кондовска, Душица Стојановска, Лазар Манасков и др.
Нино Леви исто глуми во серијава ,а тој Лазар не е Манасков туку Манасковски.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
линк

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска се сретна со филмаџиите кои во Битола ја снимаат играната серија „Црвениот поет“, историска драма посветена на поетот и револуционер Коста Солев Рацин.

На средбата со актерите и филмската екипа, министерката Канческа-Милевска, рече дека „Црвениот поет“ е првата играна серија што се реализира во Македонија и е посветена на еден од најзначајните историски личности Рацин, македонскиот поет и револуционер.

- Во играната серија се претставува историскиот лик на Коста Солев Рацин од неговото раѓање па се до неговата смрт, прикажан низ различни историски премрежја, настани од период пред Втората светска војна и за време на Втората светска војна. Се надевам дека со завршувањето на снимањето на оваа играна серија ќе се поттикнат и други продукциски куќи да создаваат играни серии кои освен кај нас ќе бидат емитувани и во други држави каде ќе се гледаат македонските играни серии, истакна Канческа-Милевска.

Играната серија „Црвениот поет“ се снима на повеќе локации во Битола и се очекува да заврши до средината на овој месец, а првата епизода ќе биде емитувана во јануари, беше најавено на денешната средба на министерката Канческа-Милевска со актерите и тимот филмаџии кој го предводи режисерот Николче Поповски.

- Приказната почнува во 1908 година, а завршува во 1943 и говори за животот и делата на еден од најголемите наши поети Кочо Рацин. Во серијата е опфатен синдромот на маргинализирање на оние кои нам најмногу може да ни помогнат и да придонесат за нас. Се надевам дека на овој начин конзервираме дел од нашата историја и дека овој тип на производство на играни серии ќе продолжи и понатаму, а моите колеги ќе го препознаат како предизвик, истакна режисерот Поповски.

Главната улога, ликот на Коста Солев Рацин го игра актерот Александар Ристоски кој рече дека сака уште повеќе да се слави еден поет што е во рангот на најголемите светски поети.

Продукцијата на серијата ја водат Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од продуцентската куќа „Сектор филм“, а како дел во авторската екипа се Сашко Насев, сценарист потоа Кирил Спасевски сценограф и костимографот Емилија Ивановска Атанасовска, а директор на фотографија е Апостол Трпески.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Операција дијамант - нова македонска серија на Сител. На оние што не им чини Преспав се кладам дека ова повеќе ќе им чини. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Не бе, баш ''јако'' изгледа. На политички ориентираниве ќе им биде најбоља серија у живот. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Не, сериозно, ова стварно не ми изгледа како да е 2016.

Едно 16 години уназад се вратиле со кадрите и режијата :eek::eek:
Искрено никогаш не ни биле напредни за да се вратат 16 години назад. :pos:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Ова изгледа како од времето пред Салон Хармони, можеби за рани деведесетти е. НО не за денес.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Нова серија од утре (22.30h) на Сител. Се работи за Среќа во вреќа (работен наслов Швалери). Главни улоги: Марија Кондовска и Лазар Манасковски.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.719
Поени од реакции
1.475
Среќа во вреќа добра идеја малку да се доработи тоа сценариото не е лошо и далеку подобро е од Преспав.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И тука да го пишам, ако некој не видел во другата тема.

http://www.filmneweurope.com/news/croatia-news/item/113679-fne-at-zagreb-film-festival-2016-hbo-adria-last-call-for-scripts
Пошто имаше доста курнази како знаеле да направат подобри серии, филмови од постоечките еве ви шанса. HBO Adria организира конкурс за сценарио за серија од регионов. Ако сте квалитетни сценаристи со добро напишана серија - пријавете се, па да ве гледаме. :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom