Македонски лекари vis-a-vis Хипократова заклетва

Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
искрено кажано јас или би го влечкал самиот до внатре или би ја истерал докторката на клоци надвор, едно од тие две.
Тука пак се согласуваме.
 
М

Мартин`

Гостин
Слична случка пред неколку дена на оделот кај што е хирушко во Велешката болница, иде пациент на 70тина години со синот и снаа изгледа и бараат доктор да го прегледа зошто имал напади дедото.. и оваа на шалтеров им вика ама разберете докторот не е тука, беше трета смена дежурен и сега неможе да ве прими - и каква е ова распределба на работното време, па срамота е во болница да нема лекар кој да те прегледа ако имаш некаков проблем посебно сериозен како случкава оваа на пр.
 
baksterski

Националист тип 500
Член од
22 февруари 2010
Мислења
431
Поени од реакции
277
Факт е дека последните години се води "војна" против лекарите. Сите лекари се нападнати и од сите страни. Како тие да се најцрните ѓаволи на општеството. Се занемарува нивната хумана работа и се деградирани до коска. Во многу автократски режими по светов интелегенцијата била потискана и репресирана. Познато е за Сталин и егзекуцијата на најголемите медицински умови во тоа време во СССР.

Жално за човекот кој си заминал, но случајот не е испитан до крај, затоа не треба да се коментира на долго и широко. А овие лешојади од медиумиве стварно не се нормални, само нешто да се пишува и напаѓа безсмислено. Веќе стана политика на државава да се води хајка против докторите.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Закани??

Од кој,претпоставувам властите или има и други??
Се ближат избори.
Исто така, морам да те известам дека јас зборувам со факти.Кога ке ти кажам дека има закани, има. Докторите се справуваат со пијаници, наркомани што се тепале, се пукале... Со луѓе што им умрел некој од семејството и за нив и да е 90 годишен маж, докторот е крив оти умрел. И маваат по нив, ги плукаат, ги вреѓаат...
Ама никој не вика загреови докторите што трпат се и сешто. Не викаат браво, си спасил живот...Не викаат, докторот даде се од себе. Знаете за 15 годишното девојче од Велес што умре и родителите ги обвинија докторите? Епа докторите преќутеа и не излегоа да се одбранат у јавност, ама девојчето на барање на родителите било земено од болница за да слават дома роденден. Ја вракаат во кома и бараат докторите да ја спасат. И народот ова не го знае, оти новинарите не прашаат. Оти немаат кликови така. Ама ако пишат ДОКТОРИТЕ СЕ КРИВИ, ете ти кликови и гледаност.
Ја вреѓаме најблагородната професија. Луѓето спасиле куп животи, а ние ги вреѓаме. Море....така ни треба.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.171
Поени од реакции
30.329
Ај малку ставете се во "чевлите" на докторот.
Имате пациент кој има доверба во вас, на кого претходно сте му ветиле дека ќе се грижите за неговото здравје, и имате непријавен случај. Што ќе направите?
а)Ќе се клонирате за да им помогнете на двата пациента
б)Ќе ја ризикувате довербата и здравствената состојба на пациентот на кого претходно сте му ветиле помош за да му помогнете на човек чија состојба е непозната

Во секој случај, докторот си ја вршел својата работа, и немате право да го обвинувате. Ако некој е крив, тоа е министерството. Постои незадоволство во државниот сектор, и затоа повеќе доктори избегаа по приватни клиники и неможе еден доктор во државен здравствен објект да престаса за сите.
 
Ако во конкретниот случај сметаш дека е криво министерството, предлагам да поднесеш барање да се стави по еден човек пред секоја клиника и да гледа дали на некој ке му се слоши.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.171
Поени од реакции
30.329
Ако во конкретниот случај сметаш дека е криво министерството, предлагам да поднесеш барање да се стави по еден човек пред секоја клиника и да гледа дали на некој ке му се слоши.
Во конкретниот случај сметам дека се криви добродушните загрижени луѓе што ја гледале ситуацијата со човекот што се тетерави.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Пак ќе речам, ИНТЕГРИТЕТ се покажува кога е ситуацијата тешка, кога е лесно и баба ми знае... Затоа и си имаме ваква власт, за да можеме да ја префрлиме одговорноста на некој друг. Законите се криви за тоа што го оставив човеков да умре...колку конформистички тоа звучи.
Извини, имаш роднина што е во здравство или ти да работиш ви здравство? Ова како што викаш треба да биде ама реалноста е сурова.
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Еве видете ја оваа прикзна
http://tirekovmirece.com/Novost/Солзи-и-радост-за-благодарност-до-докторот

Само локален медиум извести дека уролог спаси прегазено дете од кола. Човекот си пиел кафе у кафич, кола го удира детето, тој прв станува, според тоа што ми кажаа рипнал од високо и отишол до детето и заради него останало живо. Ама ако Канал 5 го објавеше ова, никој немаше да се замара. Никој немаше да отвори тема и да рече алал да му е на човеков. И уште илијадници примери за кои сум чула....
Коо на пример жената што се породила у такси, бебето излегло 2 мин пред да стасаат до болница. Сестрата што минела таму и одела накај работа ја видела во таксито, трчала до влезот на болницата, го зема бебето, ја пресекла врвцата и ја соблекла блузата, го ставила бебето на градите за да го топли и го внела во болницата. Ама ај да ве видам пишете за тоа?
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
На неколку метри од поликлиникава има сигурно едно пет такси возила. Зашто никој не го пренел човекот, а прееска слушнав изјава дека некој од таксистите го видел како паднал ?

Како е можно да има една дежурна докторка за подрачје кое покрива горе доле едно 40000 жители ?
Ако под претпоставка дека докторката немала пациенти а се придржувала на тоа дека не смее да ја напушти ординацијата за мене таа е отидена. Ќе ги прекршам сите можни закони само да спасам живот, но овде работата е комплицирана, колку вина има дежурната толку имаат и набљудувачите на настанот.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Докторот не смее да ја напушти болницата кога е на работа, а смее да излезе на цигара или по доручек!?

Оди па сфати.
Едно е пауза бе Таруно, друго е за време на работа. Значи стварно не знам дали познавате лично вработени во здравство какви строги правила има и какви хајки се водат против луѓето.

Ќе се јавеа ли канал 5 ако докторкава останеше без работа, а ќе останеше? Не? Така и си мислев.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Не бе, докторите не смеат да имаат пауза, не смеат да идат во тоалет, мора да се телепортираат од место до место за наносекунда и еден дежурен доктор да постигне да им помогне на 10 пациенти одеднаш.
Не знам дали се сеќавате на еден случај за 2-3 годишно девојче кое си пикнало кикирика во нос, а имало слабост на белите дробови и слаба здравствена состојба, родителите со денови не го однеле на доктор, кога го однеле било, за жал, пред умирање. Докторот направил сѐ што може за после родителите со месеци да го прогонуваат, да му се јавуваат на телефон и да му се закануваат, рикаа по телевизија, а никој не ги праша каде е нивната одговорност во случајот. Тоа отиде до таму што докторот психички попушти под целиот тој притисок, а не беше ни крив ни должен што после и се докажа. Каде беа тогаш телевизиите, кога се докажа невиноста? Битно е само да се збори како докторите се вакви или онакви, другата страна никој никогаш не го интересира.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Факт е дека да било до докторкава ќе излезела - значи милион посто ви гарантирам. Ама едно е што законот ти наложува во државава, друга е сентименталноста! Мора да се разграничат овие две работи инаку ќе потонеш во општеството. Значи во сите нормални држави лекарот не ни смее да ја напушти болницата, брза помош кога ќе викнеш парамедицинари доаѓаат, не доктори. Кај нас ем доктори сакаме да идат во брза помош, ем внатре да се, ем надвор да се o_O

Да оставеа лекари да ги носат законите во здравството тоа ќе беше милијарда посто подобро. Ама тие имаат оставено бостaнџии како управни лица и ќе се дешаваат еве вакви работи.
--- надополнето: 21 август 2012 во 12:02 ---
Не бе, докторите не смеат да имаат пауза, не смеат да идат во тоалет, мора да се телепортираат од место до место за наносекунда и еден дежурен доктор да постигне да им помогне на 10 пациенти одеднаш.
Не знам дали се сеќавате на еден случај за 2-3 годишно девојче кое си пикнало кикирика во нос, а имало слабост на белите дробови и слаба здравствена состојба, родителите со денови не го однеле на доктор, кога го однеле било, за жал, пред умирање. Докторот направил сѐ што може за после родителите со месеци да го прогонуваат, да му се јавуваат на телефон и да му се закануваат, рикаа по телевизија, а никој не ги праша каде е нивната одговорност во случајот. Тоа отиде до таму што докторот психички попушти под целиот тој притисок, а не беше ни крив ни должен што после и се докажа. Каде беа тогаш телевизиите, кога се докажа невиноста? Битно е само да се збори како докторите се вакви или онакви, другата страна никој никогаш не го интересира.
Еве јас познавам еден од многу вработни во здравство - буквално сеа со последниве измени ни до вц не можат да идат да напуштат а камоли надвор!
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Еве јас познавам еден од многу вработни во здравство - буквално сеа со последниве измени ни до вц не можат да идат да напуштат а камоли надвор!
Знам, јас познавам повеќе, за ракав ги тегнат пациентите кога ќе пробаат да отидат до вц.
И случајот што го пишав, заканување со пиштол од страна на пациент е реален. Исто како и оние случаи што ги пишаа дека пациентите се закануваат на докторите "Ако не преживее - тешко тебе".
Како и да е, пак ќе кажам, во случајов не треба да се бара одговорност од докторката, нејзе законот ја спречува да отиде да му помогне, одговорноста треба да се бара во случајните минувачи кои фаќале сеир наместо да го пренесат човекот до амбулантата. И баталете ги романтизираните идеи "ако сакам да помогнам, ни закон нема да ме спречи", разбудете се, во реалноста живеете, не во приказна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom