Македонски лекари vis-a-vis Хипократова заклетва

F

fantomX

Гостин
Тоа што општествените и етичките норми ни се испревртени однопаку не значи дека е тоа некое оправдување за постапката на сите инволвирани во случајот.

Колку што знам (не сум сигурен) , не пружањето на прва помош на човек е казниво дело, без разлика дали е доктор или не. А и да не е казниво тогаш е нехумано да можеш и знаеш да му помогнеш и да не поможиш само затоа што си бил на одмор или на си бил на работа.
Не за џабе во возилата е задолжително да имаш опрема за прва помош. Таа не е само за соопственикот на возилото, уште повеќе што истиот тој сам на себе не може да си даде прва помош посебно ако е во несвест. Таа е таму за да ти му поможиш на некој на кој му треба прва помош.

Да биде работата потрагична за некоја најобична џукела што била стапната од кола или така нешто ке се крене поголема прашина, борците за права на животните ке се испосерат по медиуми како тоа било нехумано или нечовечно, но кога се работи за човек тогаш се е дозволено.

За министерството за внтраешни работи кога вадиш некој документ не се работи за живот и смрт и не се во прашање минути, овде секундите се бројат. Не ке да ти е споредбата сосем на место. Или можеби сакаш да кажеш дека митото е сосема нормална работа и не треба да е казниво. Тогаш ништо чудно што некој смета дека се врши хајка према докторите, дека се демонизираат и има притисоци врз нив, уште кога за некој митото корупцијата треба да е составен дел во медицината, посебно докторите или студентите по медицина( нашите идни доктори). Некако не им се допаѓа идејата дека повеќе нема да бидат богови само затоа што носеле бел мантил и завршиле медицина.

Не ми мириса на арно работата.
Утре да им текни и на пожарникарите да почнат да бараат мито и тоа да го нарекуваат услуга. Ако сакате да дојдеме веднаш ке си доплатите.Ако сакате да дојдеме само со канти за вода имате една цена, со противпожарно возило друга цена, скалите спаѓаат во дополнителна опрема:facepalm:
Општествените норми немаат ама баш никаква врска овде за докторката која е на работно место.

Тоа законот можи да важи овде за тие сеирџиите, нив не ги ни спомнав претходно, зборував за докторот само, за кој и натаму не гледам проблем овде.

Неважно е ова со џукеливе.

Споредбата е сосема на место за мутирано општество кое цели кон капиталистичко. Сакам да кажам дека митото и кај лекарите треба да се легализира како „услуга“, како шо тоа го прави МВР на пример.

Не е битно како ти мириса тебе, така диктира државата и тоа е тоа. А би можеле и пожарникарите да бараат, зошто да не, јас ги поддржувам во таква работа.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Знам дека не е човечки и нее морално ама кога нема сега докторката да најди некои странски адвокати и фино лепо си тужи во стразбург мазбург, тужи се живо од медиуми со бомастички наслови преку квази министраи кои коментираат реклаказала маубети до директори на клиники кои ја суспендираа замислете оти си ја работела работата на работно место... и така со некое милионче денарчина или евричи си замине од државава во да гечеме германија каде не со две туку се четири раце чекаат доктори од цел свет. Ете тоа и треба на нашава споменична/скопје14 држава...

T’га за запад

Гарантно писмо в џеп да си метнам,
да јавнам Конкорд, внебо да летнам,
На гурбет далечен да си идам
да видам New York, Melbourne да видам
Да видам купој пари в џебот,
И за друго да сонам, не само за лебо,
Да видам како се станува газда,
и како со обична плата се купува мазда,
...
Да видам нашинци среќни и стројни
Со црвени образи и мевој лојни,
Како си живеат на висока нога,
и братски тераат дури до бога,
Да видам живот светол ко олтар,
а не ко овде до смрт голтар.

О, дајте виза вџеп да си метнам,
и уште утре јас че му ја летнам,
На гурбет далечен јас че идам,
па ако треба и пингвин таму нека бидам,
Ебати Охрид, Ебати Струга,
Ништо немет, дури ни пруга.
 
С

Само Човек

Гостин
се убаво плукајте по докторка, но не ми е јасно како никој не го кренал и однел типот у клиника. Докторката не е крива. Впрочем доста ви се вреќи за шутирање докторите
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Докторката е хоспитализирана, здравјето и е во влошена состојба откако и се деси ова.

Супер како успеа да и го накачи рајата ова на душа. Нека им служи на чест.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Докторката е хоспитализирана, здравјето и е во влошена состојба откако и се деси ова.

Супер како успеа да и го накачи рајата ова на душа. Нека им служи на чест.
Рајата ни чест а ни човечност како што утврдивне претходно. Раја со испран мозок од квази новинари со бомбастични написи не е раја , тоа се ОВЦИ и тоа Шути со големо Ш
за жал :(
 

SaLt

symbian & iOS master & android
Член од
2 април 2005
Мислења
291
Поени од реакции
84
Јас пак ќе речам зошто таксистите не го зеле човекот на раце и да го внесат во амбулантата. И како второ не може било кој/секој да влегува во докторска соба. Требало да викнат некој друг петсонал ( техничари, болничари медицински сестри па чак и чистачки) да помогнат да го внесат пациентот внатре.
Доколку ова се случело на водњанска сигурен сум дека немало ниеден доктор да истрча туку ќе истрчаат транспортери болничари.
Каква помош може да се даде со слушалки само на улица, абе доста ја напаѓаат доктотрката
Ова е смешно и жално
Sent from my X8 using Tapatalk 2
 

CUCULIGA

Баксуз
Член од
12 август 2012
Мислења
84
Поени од реакции
53
Срамота стварно што плукаат по докторката. Не знам што е тоа во медиумите и во луѓето жално да преенсуваат,, бомбастични,, вести, т.н.скандали да плукаат по лекарите, спортистите, луѓе што допринеле и допринесуваат многу за самиот човек и за Македонија, а кога некој ќе направи нешто добро тоа не го кажуваат или ќе го кажат па добро беше...ама можеше и подобро. Таа може спасила карикирам 100 животи, ама не е битно, и најдоа ,,грешка,,.
Обвиени сме со најцрниот песимизам, само црната хроника и лошите вести се перцепирани. Ова ни е политиката и власта и мултиталентираниот министер, вау колку сме правични и во корист на народот работиме да добијат поени на предвремените. Ало најдете ги убијците на 5те невини души, не не залажувајте до кога вака, не може вечно да не стрижете !
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
http://www.youtube.com/watch?v=gXAVEYWc44Y&feature=player_embedded&has_verified=1
видете го видеово, мада е малку постаро и ставете си го прстот сите на чело!
дефинитивно светов забегал во крајности, СИТЕ се криви, тргнувајќи од државата со нејзините посрани закони,посраните правила во медицинските установи, минувачите, таксистите, докторката.ма сиот народ е забеган веќе, секој си ги гледа своите проблеми, на никого не му е ни гајле ако некој на пола метро од него умира.дали вака беше до пред 20-тина и повеќе години? НЕ, секој еден ќе застанеше и ќе помогнеше, секој доктор ќе истрчаше веднаш за помош! и никој никого немаше да казни заради напуштање на работно место.е тражили сте, добили сте што викаат комшииве.не ви чинеа што ги викаат комуњарите? е сеа ви чинат на сите капиталистите што го испорасипаа сиот народ.трка за пари, негрижа за се околу нас, себичност, неморалност,расипаност.
гледам овде едно момче на 20-тина години во секој пост вели, комуњари-комуњари.а се што знае е она што слушнал од комшијата а овој од тетка му Стојна што слушала на кафе по комшии.абе комотно излегував на автопат, стопирав и од Прилеп џенем ваќав до Словенија и никому ништо, можев да преспивам кај сакам и никогаш влакно од главата не ми фали, сеа да излезам до Плетвар прашање е жив дали ќе се вратам.младиве појма немаат како се живееше, хармонично, чесно, вредно, пријателски настроени, ведри, со елан, со желба за помош, денес тури му курот на се:facepalm:
 
F

fantomX

Гостин
http://www.youtube.com/watch?v=gXAVEYWc44Y&feature=player_embedded&has_verified=1
видете го видеово, мада е малку постаро и ставете си го прстот сите на чело!
дефинитивно светов забегал во крајности, СИТЕ се криви, тргнувајќи од државата со нејзините посрани закони,посраните правила во медицинските установи, минувачите, таксистите, докторката.ма сиот народ е забеган веќе, секој си ги гледа своите проблеми, на никого не му е ни гајле ако некој на пола метро од него умира.дали вака беше до пред 20-тина и повеќе години? НЕ, секој еден ќе застанеше и ќе помогнеше, секој доктор ќе истрчаше веднаш за помош! и никој никого немаше да казни заради напуштање на работно место.е тражили сте, добили сте што викаат комшииве.не ви чинеа што ги викаат комуњарите? е сеа ви чинат на сите капиталистите што го испорасипаа сиот народ.трка за пари, негрижа за се околу нас, себичност, неморалност,расипаност.
гледам овде едно момче на 20-тина години во секој пост вели, комуњари-комуњари.а се што знае е она што слушнал од комшијата а овој од тетка му Стојна што слушала на кафе по комшии.абе комотно излегував на автопат, стопирав и од Прилеп џенем ваќав до Словенија и никому ништо, можев да преспивам кај сакам и никогаш влакно од главата не ми фали, сеа да излезам до Плетвар прашање е жив дали ќе се вратам.младиве појма немаат како се живееше, хармонично, чесно, вредно, пријателски настроени, ведри, со елан, со желба за помош, денес тури му курот на се:facepalm:
Ова е сето точно. Ама фактичката ситуација е, ние сме трета реформаторска сила во светот.

И докторкава изгледа од постара школа е, се разболела, ма дали око ми трепнува бре...
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
( ова требаше да го напишам кога беше актуелно )

Дечки , ако човекот лежел на само 30 метри до поликлиниката , тогаш зошто очевидци , луѓе не помогнаа и не си рекоа "Ќе му помогнам" , и ќе го внесеа внатре .... и докторката рамномерно ќе им помогнеше .... ова не е само вина на докторката , туку и на луѓето ....
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Доцнам со коментар али ја следев ситуацијата што се случи со лекарката и како лекар можам да го кажам следново..
1. Не е виновна.
Како аргумент е тоа што во моментот лекувала пациент (дете) кое било во животно загрозувачка состојба.
Кој е крив затоа што човекот не добил лекарска помош?
Државата..
Зошто?
Затоа што мора да има уште еден лекар (теренец) или стационар кој во вакви ситуации би можел да интервенира..
Затоа чекате за преглед 4 саати, затоа све е споро во здравството и си мислите дека лекарите се понашаа арогантно или ко богови. Еден лекар или специјалист НАЈВЕЌЕ смее да прегледа во ЈЗУ 12 - 15 пациенти дневно..
Така е во Америка и во Западните земји каде што има поквалитетно здравство(за тој што има осигурување)
А во Македонија еден лекар дневно прегледува и по 50 пациенти дневно.. И ај сега кажете ми тие пациенти да ги прегледале наместо 1 - тројца доктори дали тоа не е логичниот пристап и дали тоа не е најдоброто решение? Навистина е. Али државата не дава пари и затоа има преоптоварени лекари кои не можат да одговорат на толкав број на навалица на пациенти..
Не зборувам за матичните лекари кои само фрчат со упати и за 1 минута ве "ПУДАТ" од ординација и префрлаат одговорност на специјалистите и итната медицинска помош . Секако има исклучоци НО факт е дека се штитат со префрлање на одговорност. Исто како што се штитат и случајните минувачи кои сите имале "обука" за пружање прва помош.. Лекарката е крива..
2. Зошто никој не излегол надвор? (сестра, шофер, портир, техничар) ?
ЗАТОА ШТО НЕ ПОДЛЕЖАТ НА ОДГОВОРНОСТ :)
Освен ако не им нареди докторот и освен ако не се направат мутави или недостапни во моментот. Денес тие сестри, шофери зимаат плата скоро исто како докторот.. И затоа и никој не ја почитува лекарската професија веќе. Има изрежирано влошени меѓучовечки односи помеѓу лекарите и средниот медицински или техничко-административниот персонал.. Но тоа пациентите не ги интересира.. Ко што некој кажа погоре:
- - Што ми е гајле колку плата земал или не земал? Ако облекол бел мантил тогаш има да си ја врши работата..
Вистината е дека медицината е уметност и посебна професија која е премногу ризична,одговорна и бара доживотна обука за разлика од другите професии..
НЕЗАДОВОЛЕН ЛЕКАР ПРУЖА НЕДОВОЛНА ЛЕКАРСКА ПОМОШ.. Престанува да има желба да се доедуцира, да следи современа медицина, да го губи филантропизмот и хуманоста во себе и почнува пациентите да ги гледа со омраза - не затоа што ги мрази тука ради тоа што почнува да си ја мрази професијата..
Да бидам попластичен:
Eден Судија зема 90 000 денари а доктор специјалист со дупло повеќе школо и одговорност зема 29 000 денари..
Ако судијата згреши - Има Апелација.
Ако докторот згреши - Има затвор.
А што се однесува до пилотите:
ИМА ДВАЈЦА ПИЛОТИ ВО АВИОНОТ!!! :) Имаат навигација, потоа цел персонал кој што им помага при полетување, слетување, проценка на временски услови итн итн.. А докторот е оставен сам на себе, сам да одлучува, и сам да ја сноси одговорноста која само тој ќе биде казнет ако имало грешка.. НИТИ СЕСТРА, НИТИ ШОФЕР..
Тие само прават што им каже докторот.
ПОНАТАМУ.
- - Авиони и типови на несреќи има неколку - во смисла на кварови и непредвидени несреќи.. А болести, комликации, несакани ефекти има МИЛИОН.. Така да Пилотот има одоворност АЛИ НЕСПОРЕДЛИВА е со таа на лекарот..
И затоа поради недостатокот од благодарам и недостатокот од почит спрема овие луѓе - богови се дешаават срања.. И затоа и си одат најквалитетните од земјава, сега веќе и младите доктори.. па вие прашајте утре кој е крив за тоа..
А кој е крив зошто починал човекот пред болница?
Недостатокот на кадар, немање на екипа за брза помош во Поликлиника Ѓорче, преоптовареноста на лекарите со навалица на безобразни пациенти и сеирџиите кои не го внесле човекот внатре или во Ургентен.
 

nilla-vanilla

#kingliam
Член од
17 јуни 2010
Мислења
2.041
Поени од реакции
1.747
Македонските лекари се малку платени. Што е вистина, вистина е. И заради тоа што лекарите се малку платени (а нормално како и сите други луѓе и тие сакаат повеќе да заработат) ако не им дадеш пари со око нема да трепнат. Јас лично се најдов 2 пати во таква ситуација. Ако не дадеш пари ни доаѓа да те прегледа ни му е гајле како си, ни е заинтересиран за здравствената состојба. Кога ќе му ги дадеш парите одма очите му се отвараат од две - четири и растрчува околу тебе ко млада девојка. Медицинските сестри и браќа - и тие се иста приказна. Само што тие не можат да лапнат пари, ама затоа можат кафе, чоколадо, сок... ако ништо не дадеш, ги мрзи и инфузија да ти сменат. Значи до каде е дојдено здравството во Македонија не можам да поверувам. Да си на умирање ако не им дадеш пари не те гледаат воопшто и ќе си умреш. Нормално сега не е секаде така и не се сите такви генерално. Има исклучоци. Можам да кажам само тешко на оној кој ќе дојде во тешка ситуација, да му треба помош а да нема пари. Како тргнала работата се ќе се подели на ,,за богати,, и ,,за сиромашни,,. Образованието веќе се подели - богатите студираат на приватни универзитети, сиромашните на државните. И здравството веќе се дели. Богатите имаат пари и одат во приватни болници каде што е ,,изгор,, скапо али те третираат како бог. Се што ќе посакаш, услуга каква што нема никаде на друго место. А сиромасите ќе се туркаат по државните болници, ќе чекаат по 100 саата за преглед, ќе се караат меѓу себе. Уште ако некој се побуни кај сестрите или докторите(додуша докторот не можеш да стасаш да го видиш не па да се побуниш) ќе му се развикаат да не биде здодевен и да си ја гледа работата. Факт е дека во државните болници во Македонија ако немаш врски и(или) пари ништо нема да направиш(впрочем и за секоја друга сфера од животот стана така). Затоа македонските лекари и Хипократовата заклетва? Пфф...yeah right.
 

SaLt

symbian & iOS master & android
Член од
2 април 2005
Мислења
291
Поени од реакции
84
се умртви некако темава :tapp:
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 22:57 ---
се умртви некако темава :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom