Македонски лекари vis-a-vis Хипократова заклетва

Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
Пациент почина пред дворот на Поликлиниката Ѓорче Петров - докторката немала законско право да го напушти објектот

Драма пред поликлиниката Ѓорче Петров во Скопје. Пациент почина на 20-ина метри од поликлиниката, откако речиси половина час беспомошно лежел на тротоарот.

Пациентот, очигледно со влошена здравствена состојба, трчал во обид час поскоро да дојде до амбулантата, почнал да се тетарави и паднал во непосредна близина на дворот од болницата. Очевидци залудно апелирале за помош, но од персоналот на поликлиниката им одговориле дека не можат да им помогнат. Кога виделе дека пациентот, чиј идентитет не е познат, почнал да се гуши и обилно да крвари, повикале брза помош, но било предоцна. Тој бил пренесен во ургентниот центар, но таму само констатирале смрт.

Канал 5 побара одговор од дежурната докторка во поликлиниката. Ни одговори дека во моментот додека се одвивала драмата пред амбулантата, била презафатена со пациенти и оти според законот не смеела да го напушти кругот на поликлиниката. Полицијата изврши увид на местото и трага по идентитетот на починатиот и по причините за смртта. Камерата на канал 5, на самото место, регистрираше поголема локва крв и наочари и шапка, сопственост несреќниот пациент.

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=95376

Неможам да ги сфатам нечовечноста и апатијата кај никого, ама нашиве доктори можат да "докторираат" на тема "Нечовечност во 21 век".
Брука и греота!!!
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881

Не барај нечовечност или човечност кај лекариве,за нив работа како и секоја друга.
И да според закон не смее да излезе од кругот на поликлиниката,реформите си го прават своето. Знаеш ли што ке се случело со неа ако недај боже нешто се случело со некој пациент во поликлиника додека таа му пружала помош на тој надвор ? ( не дека не им се случува и кога е внатре ) но прв изговор за бркање од работа би бил си го напуштила работното место и отказ. Секој си го чува лебот поготово ако е некоја/некој земен на заб од менаџерите директорите на клиниките.
 
B

Black Guard

Гостин
Еднаш и на еден мој добар другар не му беше пружена НИКАКВА медицинска помош и тоа во амбулантата на брза помош бидејќи требаше да плати приватно преглед некои 400 денари беа ако не се лажам,па на крајот со мојата книшка појдовме во Општа болница каде го прегледаа му дадоа инфузија и се испадна ОК.

Ама сеуште се прашувам како можеше тој абдал(уште го памтам али го нема сега можеби добил пензија) така ладнокрвно да рече чим немаш пари не можам ништо а ваму човек ти препаѓа.
--- надополнето: 21 август 2012 во 08:28 ---
Не барај нечовечност или човечност кај лекариве,за нив работа како и секоја друга.
И да според закон не смее да излезе од кругот на поликлиниката,реформите си го прават своето.
ОК реформи ама зарем нема исклучоци еве токму кога се работи за итни случаи.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Државата по здравството се познава, а кај нас здраството е заостанато уште во време на Југославија..
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Еднаш и на еден мој добар другар не му беше пружена НИКАКВА медицинска помош и тоа во амбулантата на брза помош бидејќи требаше да плати приватно преглед некои 400 денари беа ако не се лажам,па на крајот со мојата книшка појдовме во Општа болница каде го прегледаа му дадоа инфузија и се испадна ОК.

Ама сеуште се прашувам како можеше тој абдал(уште го памтам али го нема сега можеби добил пензија) така ладнокрвно да рече чим немаш пари не можам ништо а ваму човек ти препаѓа.
--- надополнето: 21 август 2012 во 08:28 ---

ОК реформи ама зарем нема исклучоци еве токму кога се работи за итни случаи.
Хм па не, нема исклучоци искрено кажано, затоа што и на нив им е одмилено и скурчено од реформите. Знаеш колку зема плата доктор со дежурства со сите переипетии 25,000 денари спасува животи, а шофер со осмо оделение во некое јавно претпријатие зима толкава па и поголема плата.Значи какви правила таква игра ги плаќаш по учинок работат по учинок тоа ти е. Живот или смрт за него е само професија составен дел од работниот ден.
Свесно се уништува здравствениот систем во македонија и тоа треба да ви биде јасно.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
Хм па не, нема исклучоци искрено кажано, затоа што и на нив им е одмилено и скурчено од реформите. Знаеш колку зема плата доктор со дежурства со сите переипетии 25,000 денари спасува животи, а шофер со осмо оделение во некое јавно претпријатие зима толкава па и поголема плата.
Свесно се уништува здравствениот систем во македонија и тоа треба да ви биде јасно.
Абе човече, разбирам и мала плата, никаква стимулација, страв од отказ и се...
Ама ЧОВЕК УМИРА на неколку метри од тебе, а ти си "презафатен со пациенти" или "мораш да го почитуваш законот"?!

Па нека ми дадат отказ бе, совеста нека ми е чиста!
Можда баш у тоа е работава, што совеста на луѓево кај нас спаднала на најниско можно ниво. Гревчиња сме си.

А за "реформите" нема поента да се зборува. Ги прават партиски идиоти (свеедно од која партија) кои се советувани од улизици и полтрони! Затоа експертите бегаат у странство. Затоа што незнаат или несакаат да се улизуваат.
 
Немаат нешто работа во Ѓ.П. навечер дежурните, само некоја инекција и ако има мала сообраќајка ги носат да го преврзат и земат изјава. За посериозни работи Војна, Градска или Државна. Така да додека не дознаам повеќе, не сакам да мрчам на празно...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Абе човече, разбирам и мала плата, никаква стимулација, страв од отказ и се...
Ама ЧОВЕК УМИРА на неколку метри од тебе, а ти си "презафатен со пациенти" или "мораш да го почитуваш законот"?!

Па нека ми дадат отказ бе, совеста нека ми е чиста!
Можда баш у тоа е работава, што совеста на луѓево кај нас спаднала на најниско можно ниво. Гревчиња сме си.

А за "реформите" нема поента да се зборува. Ги прават партиски идиоти (свеедно од која партија) кои се советувани од улизици и полтрони! Затоа експертите бегаат у странство. Затоа што незнаат или несакаат да се улизуваат.
Читај сега што ке ти пишам, живот и смрт им е секојдневна појава. Не барај совест од човек кој што постојано се соочува со одлуки кој значат можна смрт.
Револтиран ,Лут, Заљубен и повреден човек никогаш не се раководат според совест ниту се однесуваат рационално.
На крајот од краиштат зошто тие што биле таму наместо да се јавуваат во брза помош не го внеле внатре ? Ехеееее ајде пак докторите се криви,ама има некој и над докторите што треба да се фати за гуша, не дека ги бранам или да ги правам светци ама дете рибата секогаш смрди откај главата.
Не секој е спремен по цена на чиста совест да остане без работа. Себични животињи станавне секој само за себе.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Еднаш и на еден мој добар другар не му беше пружена НИКАКВА медицинска помош и тоа во амбулантата на брза помош бидејќи требаше да плати приватно преглед некои 400 денари беа ако не се лажам,па на крајот со мојата книшка појдовме во Општа болница каде го прегледаа му дадоа инфузија и се испадна ОК.

Ама сеуште се прашувам како можеше тој абдал(уште го памтам али го нема сега можеби добил пензија) така ладнокрвно да рече чим немаш пари не можам ништо а ваму човек ти препаѓа.
--- надополнето: 21 август 2012 во 08:28 ---

ОК реформи ама зарем нема исклучоци еве токму кога се работи за итни случаи.
А знаеш ти после кои проблеми им ги прават на докторите ако прегледаат пациент без упат кој не платил приватно? Обврзани се, значи МОРААТ да одбијат пациент кој нема упат и не сака да плати приватно! Не е тоа волја или нечовечност на докторот, туку остро ги санкционираат доколку примат пациент без упат. И пациентите мораат да се научат дека без упат и без плаќање - нема лекување. Без упат примаат само и исклучиво доколку состојбата е животно загрозувачка (инфаркт, сообраќајка...), во спротивно, како што кажав има санкции. Докторите, исто така, како што кажа dobro poznat не смеат да го напуштат кругот на болницата.
Публиката во случајов можела да го фати човекот под рака и да го однесе до поликлиниката наместо што фаќале сеир и трчале наоколу. Смачено ми е веќе од оваа медиумска хајка против докторите. Не дека тие се совршени, туку сѐ се прави да се прикажат во лошо светло. Каде се да ги покажат случаите кога докторите даваат пари на пациентите за лекови зашто пациентот нема, или излегуваат од дома во 3 сабајле за некој пациент?
 
Тие случаеви : ПА ТОА ИМ Е РАБОТА !! неколку пати сум бил во животна опасност да не речам во критични состојби, нит сум знаел некој доктор нит сум познавал, да не биле тие до сега црви ке ме изедеа 5-пати лесно е само да се обвини некој.
 
B

Black Guard

Гостин
Навистина факт е дека го уништија здравството па на крај краеви кога ќе видете дека го води истиот кој маме му еба на образованието сега има друга работа-здравството,оттука и "набавките и инвестициите" од над 100 милиони евра (слично како образование).

Ај да беа само образование и здравје привремено саботирани добро ќе беше ами од Армија,до полиција,Култура распределба на следства на локално ниво,ама тоа е како ќе каже пастирот.

Знаеш ли дека според новиот закон и да го внеле внатре без упат од специјалист не смее да му пружи третман ?
Значи сме бирале идиоти во парламент кои гласаат како ќе им се нареди без разлика дали е во согласност со општи правила и норми и тронка човечност...важно е да е во согласност со волјата на пастилот.
--- надополнето: 21 август 2012 во 08:53 ---
А знаеш ти после кои проблеми им ги прават на докторите ако прегледаат пациент без упат кој не платил приватно? Обврзани се, значи МОРААТ да одбијат пациент кој нема упат и не сака да плати приватно!
Ова беше пред 5-6 години пред да се донесат лефолмиве и друго не4 да НЕ САКАШЕ да плати приватно туку немаше доволно пари-што не значи дека наредниот ден нема да плати.

Не знаеш сега како беше.

Тие случаеви : ПА ТОА ИМ Е РАБОТА !! неколку пати сум бил во животна опасност да не речам во критични состојби, нит сум знаел некој доктор нит сум познавал, да не биле тие до сега црви ке ме изедеа 5-пати лесно е само да се обвини некој.
Тоа е факт и мене ми имаат помогнато и те како и не е проблемот во нив туку кај овие министрите и пастирот.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
Читај сега што ке ти пишам, живот и смрт им е секојдневна појава. Не барај совест од човек кој што постојано се соочува со одлуки кој значат можна смрт.
Револтиран ,Лут, Заљубен и повреден човек никогаш не се раководат според совест ниту се однесуваат рационално.
На крајот од краиштат зошто тие што биле таму наместо да се јавуваат во брза помош не го внеле внатре ? Знаеш ли дека според новиот закон и да го внеле внатре без упат од специјалист не смее да му пружи третман ? Ехеееее ајде пак докторите се криви,ама има некој и над докторите што треба да се фати за гуша, не дека ги бранам или да ги правам светци ама дете рибата секогаш смрди откај главата
Држи вода се што си напишал, ама ако го гледаш животот со одредена апатија. Токму тоа ми е поентата. Апатијата кон еден човечки живот е погрешна, без разлика дали "за живот и смрт" одлучуваш еднаш дневно, петпати неделно или седум пати на саат...

Ќе ти кажам дека ја кога сум бил задолжен за повеќе луѓе (бев директор на сектор), кога ми претеле газдите дека некој од мојот тим ќе отпуштат (ова најчесто се случувало од субјективни причини) без размислување сум застанувал позади моите луѓе. "Ако го отпуштите него, си идам и ја". И ја можев конформистички да размишљам, да си рационализирам дека ете "имам деца" и "пред се треба на нив да размислувам" и слично. Ама кога ќе видат луѓето дека имаш некакви вредности (да не збориме за ИНТЕГРИТЕТ) повеќе те ценат.

Али тоа е тоа, свиткана кичма сабја не ја сече...
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ова беше пред 5-6 години пред да се донесат лефолмиве и друго не4 да НЕ САКАШЕ да плати приватно туку немаше доволно пари-што не значи дека наредниот ден нема да плати.

Не знаеш сега како беше.
Тој закон го донесоа пред повеќе од десет години, така што важел и тогаш. Еден тон пациенти си одат и не доплаќаат. Од кај знаеш колку пациенти претходно му избегале така на докторот? И пациентите не се цвеќе за мирисање, ајде...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Искачање од клиника за помош само во некоја друга држава, тука тешко нив ако искочат. Така да не ги обвинувам. Криви се тие што ноасат вакви закони.
 
Член од
18 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
38
Искачање од клиника за помош само во некоја друга држава, тука тешко нив ако искочат. Така да не ги обвинувам. Криви се тие што ноасат вакви закони.
Пак ќе речам, ИНТЕГРИТЕТ се покажува кога е ситуацијата тешка, кога е лесно и баба ми знае... Затоа и си имаме ваква власт, за да можеме да ја префрлиме одговорноста на некој друг. Законите се криви за тоа што го оставив човеков да умре...колку конформистички тоа звучи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom