Вовед
Македонски железници е едно огромно претпријатие за превоз на патници и стока.
Чичко машиновоџа си ја знае многу добро работата. Но од што многу добро си ја знае работата кога ќе се поебе локомотивата не знае да ја опраи, ма да се труди да чачне нешто, и едно пола саат до саат време чачка, и на крај ќе му текне да викне нова локомотива.
Обично локомотивите се поебуваат негде во околината на Богомила (на пола пат Скопје – Битола). И бидејќи велешани се скржави (vardarce без лутење), мора да иде нова локомотива од Скопје па да се прикачи за да го догура возот до Битола и обратно.
Забораив да спомнам дека кога ќе се поебе локомотивата на чичко машиновоџа и чичко Црвенкапа и остали у тој бизнис баш им е гајле за патниците дали негде се брзаат, си имаат пословни работи, испити и тако даље и тако даље.
Случки...
1. Зимно време, месец февруари, снег до колена, се качувам у Битола у воз за Скопје. Арно ама на почеток локомотивата била замрзната од ладното, и така да се чекаше да стигне Скопскиот воз за да ја земеме таа локомотива за да заминеме, и така негде 19 часот (по распоред во 18:20 трга) возот тргна.Во вагоните парно греење амин, го пуштиле ама тоа наместо да загрее тоа повеќе ладеше, што значи во вагоните температурата беше негде 6-7 степени под нулата. Луѓе се тресат џоа стоки али тоа е, и вовчето догура негде до големиот тунел и некако му се смачи да тера, го помина големиот тунел за едно 10 минути (обично тој тунел се минува за 2:45 до 3 минути), и стигна у Богомила и доаѓа чичко Црвенкапа свринува и вовчето поаѓа ама со тешкотии у „желудник“ и негде Васил Антески – Дрен (2 станици после Богомила) застана вовчето и не трга, се заглави. И така чекаме нова локомотива, од 21 часот па до 23 часот се чекаше нова локомотива и локомотивата некако стигна, ма да некои изгубија надеж дека ќе дојде. И така си дојде локомотивата пратена од Скопје и се прикачи и го изгура возот. А вагоните од што имаат јака конструкција и се многу „добро“ изолирани почна да навева снег внатре, си мислиш у замрзнувач си и газиш по мразулци. И негде 2 и пол часот по полноќ возот стигнува во Скопје еј Скопје. И од возот се симнаа многу луѓе од кои баби и дедовци премрзнати, вкочанети со реума, ишијас и што ти ја знам друго. И си викам у себе: сега некој да гледаше од страна што бараат баби и дедовци у 2 и пол часот да се симињаат од воз ќе речеа: „брее види ги стариве се враќаат од журка од DownTown у Велес.
2. Оваа случка се случи пред некој ден во четвртокот. Идам јас на воз у 6 сабајле у Скопје, спремен за на испит. И се фино лепо возот си тргна, а ја умрен за спиење сум легнал на седиштата сум тргнал завеси, и спијам, и никој не ми влегува во купе.
И се разбудив негде 9 часот и 45 минути и гледам возов стигнал пред големиот тунел и иде наназад и се чудам што е работава. И добро ај они си знаат шо е работава и ја сум си задремал уште малце и така вовчево се врати у Богомила. И разбрав дека локомотивата се поебала т.е. избил пожар у неа. И сега пак ќе ги окривам велешани скржави, пак мораше нова локомотива да иде од Скопје. Ама како по обичај чичко машиновоџа пак едно саат време буричкаше по локомотивата и на крај му текна да викне нова. И по 2 часа чекање стигна нова локомотива. Ја прикачија и почна да го влече возот, и сите патници израдувани дека возот конечно тргна сите на прозорци закачени и гледаат природа.
А јас убрзан за на испит кој почнува од 13 часот, го испуштив бидејќи возот стигна у 15 часот и 30 минути у Битола.
Ај нема везе за испитот, си се договорив ја со професорот друг ден да полагам.
Што значи од Скопје до Битола со воз, патување е 9 часа, може и 9 и пол.
Има уште многу случки со Македонски железници (кои ќе ги пишам некој друг ден) како се многу ефикасни и брзи во своите услуги.
П.С. Што ти се вика Македонски железници у 21 век.
П.П.С. Сме слушале на вести како некои јапонски машиновоџи се самоубиле бидејќи закасниле 1 минута на станица итн. Па тие машиновоџи да работат во Македонија во Македонски железници, секој ден би имало масовни самоубиства.
И „шпанецов“ знае некад да се поебе, ама „Кенеди“ ептен се поебува.