Ајде да удриме една рецензија.
Прво, добро колку пати жирито ќе повтори дека не згрешиле што ги одбрале овие 20 дечки и девојки. Океј е сфативме сите, сега е време да се удри на критицизам. Мајке ми, не сум чула понекритично жири. На Лаура после онаа катастрофа да и речеш дека била одлична, за мене е поразително за еден човек кој е естраден уметник. Мора да ги критикуваат, не мислам да го глумат Сајмон и да навредуваат, ама дај нека им кажат каде утнале кога гракаат. Нормално е дека не може да бидат перфектни, но мора да им укажат каде грешат, зашто не сме сите луди, грешат и тоа доста. И тоа мора да се корегира. Не може сите 10 да бидат топ подеднакво.
Второ, водителите катастрофа (позната работа).....
Трето, учесниците. Гласав за Биле. Заслужува да оди понатаму, иако отпеа песна од пејачка која не можам да ја смислам, покажа дека може да се трансформира од дама во дива. Тоа е потребно за на сцена. Мислам дека девојкава има нешто посебно кое ќе се развие тек допрва.
Наталија, аман колку пати ја отпеа Hello од Бијонсе ни сама не е свесна. Има и други песни бе девојче. А се мислев дека минатиот пат ќе ја отпее, ама видиш ме зезна, сега ја отпеа. Девојкава пее растура и тука застанува приказната. Нема капацитет за повеќе. Антипатична е, а однесувањето воопшто не ми се допаѓа.
Моментот со Спајдермен куклата ќе го памтам долго време. Се изнасмеав (уа режија).
Нико отпеа како оригиналот. Секоја чест. Но Нико, го нема факторот Икс. Многу е самобендисан и тоа се чита од него, сам си кажа дека не очекувал дека ќе отпадне. Ако оди понатаму му треба итна промена на стајлинг, зашто покрај онакви бонбони како Кристијан, Иво и Иван, ќе остане незабележан.
Виктор е ептен сакан од поширока женска популација. Се виде. Не може да се негира фактот дека остава впечаток, но се прашувам што ќе ни е уште еден нов Џастин? Кога би бил пооригинален за мене би бил полн погодок.