Македонски Идол

Статус
Затворена за нови мислења.
S

Sheldon Cooper

Гостин
Иначе Нико беше добар нез зашто испадна...тоа лиглето влезе..гррррр
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ајде мала рецензија на Идолов..:)

Прво едно браво за организацијата, очекував нешто оскудно и лошо, а наместо тоа видов добро осмислен простор, сценски настапи и одлични изведби. Браво за дечкиве, ме изненадија ептен со ретки исклучоци. Се потрудиле да смислат нешто сценски и речиси секој имаше по некој белег на сцена. Сега откако ги изгледав уште повеќе сум убедена дека машко ќе биде идол. Прво морам да кажам збор, два за водителиве. А мислев дека полошо од Ен Хатавеј и Џејмс Франко не може никој, ама можело мајката. Ивана и Ненад се тапа жива како водители, ниту се смешни, ниту успеваат да задржат внимание. Ненад окезен до уши и не знае што збори, Ивана дава лоши кометари како божем немаат сценарио (коментарот на Ненад, Нико-ризико, ме натера под кревет да се скријам). Го испотупеа на крај со она ти одиш, ти не. Драмскиот чин со паузите од една минута додека му кажат на кандидатот дали оди или не понатаму беа толку тупаџиски, што мислам дека гоблен од досада можеше да се сплете. Башка аман со тој филм Лисјата паѓаат. Нека не го даваат во понеделник и готово. Вака испозаспала публиката и во студио и пред екран.

Второ, што правеле децана студенти ми мили на ФОН, убава кажа Игор дека дечките биле експериментални глувци. Речиси и да немаше нечиј стајлинг што ми се свиѓаше.

Е сега главното за изведувачите. Прв пат во животот гласам и ич не ми е криво. Гласав за Мики. Ме изненади ептен, мислев дека ќе мине бледо и незабележително, ама наместо тоа имаше најенергичен настап, ме насмеа, развали со пеење и башка испеа песна што ептен ја сакам. Ја размрда цела публика. Алал вера. И јас си го викав Марјан Стојановски. Ама отиде тој воз. Дечково е топ.

Криво ми е што овој од Радовиш влезе во финале. Комплетно беше бездушен на сцена, имаше дечки кои повеќе заслужија од него да се таму. Исто ми е мило што Ивица влезе. Одличен е дечкото. Нико како минува времето ми делуваше премногу самобендисано. Сега веќе кога сите знаат да пејат, се обрнува внимание на детали, а однесувањето е битна алка. Човекот одлично пее, ама ете многу ми е егоцентрик.
Вечерва повеќето беа рокерски настроени, ама сакам да ги чујам како пејат нешто македонско, пошто ова е нели македонски идол..:)

Главно ова беше одлично изненадување за мене. Момците растурија и беа уникатни. Сигурна сум дека рејтингот на гледаност на шоуво беше огромен, веројатно неспоредлив со М2.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Второ, што правеле децана студенти ми мили на ФОН, убава кажа Игор дека дечките биле експериментални глувци. Речиси и да немаше нечиј стајлинг што ми се свиѓаше.
Кога чув дека Ношпал им е професор, ништо чудно... :nesvest:

Инаку мило ми е што Мики успеа да помине, и уште помило што Денис отпадна. :)
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
131
Поени од реакции
3
Кога чув дека Ношпал им е професор, ништо чудно... :nesvest:

Инаку мило ми е што Мики успеа да помине, и уште помило што Денис отпадна. :)


озбилно Ношпал професор???? за грев студентите
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
И јас се сложувам со RockNRolla за водителите. Не знам кој го излажал оној Ненад дека го бива за такво нешто. Ме нервира како зборува, нема фонд на зборови, цело време прави меѓу зборење мммм еммм и сл., ме нервира уште кога беше на МС пред 5-6 години. Од тогаш mute стискам кога ќе начекам да збори тој некаде.
 
T

theTinule

Гостин
Prevara zhiva Niko i Viktor gi izbacija.
Sve lazhovi.
Mrsh.
Ne gleam vekje.
 

Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Дејан и Христијан аут, Нико и Виктор ин.

Сите добро се претставија, ама па и многу лесно е некое евро да е инвестирано во гласање за некои од кандидатите. Баш ми е мака шо испаднаја Нико и Виктор, само заради нив го гледав идолот, ако не се врати барем еден од нив незнам зошто би го гледал идолот понатаму. Штета е шо мораше да испаднат половината од кандидатите, ќе беше поинтересно да испаѓаа 1 по 1, да ги слушневме појќе пати.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Боби[Мкд];4139808 напиша:
Он Декан е на ФОН бе, а мислам и дека предава нешто. :pos:
Абе ФОН плени со знаење и вештини па да не те чуди ваква титула. Го почитувам човеков во одредени рамки. Ама да ги ставиш момцине во рацете на деца што учат е аматерски. И кркаа критики ни криви ни должни.
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
131
Поени од реакции
3
Ако го земиме во предвид форумот се гледа дека на појќето Нико и Виктор му се фаворити и не само форумот ете и фб топици итн. стварно е чудно како се деси ептен спротивното и двата бидат отпаднати????
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ако го земиме во предвид форумот се гледа дека на појќето Нико и Виктор му се фаворити и не само форумот ете и фб топици итн. стварно е чудно како се деси ептен спротивното и двата бидат отпаднати????
Ја ќе ти кажам зашто е чудно. Земете гласајте па нема да ви биде. Со пишување постови и викање пред телевизор нема никого да го внесете во финале. Пратете порака некоја ако имате фаворит да му се невиди. Од овие што се жалат овде 1 % немаат пратено порака. Се дури не се вмешате со некое денарче немате право на теории на заговор.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.997
Поени од реакции
16.467
Ако го земиме во предвид форумот се гледа дека на појќето Нико и Виктор му се фаворити и не само форумот ете и фб топици итн. стварно е чудно како се деси ептен спротивното и двата бидат отпаднати????
Види јас можде фаворизирам некого, ама ете не гласам ..а верувам дека и повеќето не гласат, не си арчат кредит, чест на исклучоци.
Така да коментарите на форумот нема потреба да се споредуваат со гласови.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Бројот на пораки од еден телефон не беше ограничен. Значи за да победиш на Идол потребно е да влезеш во топ 20 и да имаш пари за телефонски сметки.
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
131
Поени од реакции
3
Ја ќе ти кажам зашто е чудно. Земете гласајте па нема да ви биде. Со пишување постови и викање пред телевизор нема никого да го внесете во финале. Пратете порака некоја ако имате фаворит да му се невиди. Од овие што се жалат овде 1 % немаат пратено порака. Се дури не се вмешате со некое денарче немате право на теории на заговор.

кој гласа гласа кој не не негово право на избор ама од овие сите шо коментират поголем процент се за овие двајца е сега ако и тие шо не кометират према тебе овде а се "гласачи" е исто вака незнам како тие изгубија

--- надополнето ---

Види јас можде фаворизирам некого, ама ете не гласам ..а верувам дека и повеќето не гласат, не си арчат кредит, чест на исклучоци.
Така да коментарите на форумот нема потреба да се споредуваат со гласови.
абе мора да има и то врска кога некои имиња од идол често се спомнуваат имат фанови значи е сега колку гласале колку не гласале незнам
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Не ми се свиѓа начинот на гласање и мислам дека е сосем неправеден..
Али има нешто друго ...Дечките во целина се одлични ,и верувам дека девојките ке покажат многу ,јас лично сум многу горд на сите нив како мои браќа и сестри ( не сум кај Љубе жими мајка ,3 пати крст ке бацам ако треба....:toe:) ,и ке се фалам со нив како што тоа го правам со Тоше ,Каролина ,а за Боки викам дека е адаптирано бугарче :icon_roll.
Многу ме интересира дали ВЛАТЧЕ го гледа Македонски Идол и дали има грам срам во него ........јас би сменил личен опис и би избегал за секогаш:kesa:
Па не само овие ,него и оние 20 што отпаднаа се класа пеачи за него ,отвори се земјо....
Влатчееееееее јави сеееееееееееее немој да стенкаш и не брукаш има време да се откажеш :helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom