зависи од среќата...еве сега ќе ги носат нели во Малта, Англија...таму има многу ловци на таленти и дај боже некој да ги запримети
Сериозно колку има таленти низ светот баш нив ќе ги заприметат,мислам добри се ама не се ништо невидено и нечуено ,така да имате премногу алузии во врска со успех надвор од Македонија ,пресудно за било каков пробив надвор се ПАРИТЕ ,талентот е спореден
Инаку вчера навивав за Мики ,Мики ми беше подобар вчера, освен во последната испеана песна ама генерално вчера беше подобар од Иван ,ама Иван беше подобар последните гали додека Мики некако паѓаше во квалитет.
И јас се сложувам дека треба да се паузира следната сезона ,бидејќи Македонија е мал пазар за секоја година Идол,треба да им се даде шанса да ја искористат сегашната популарност овие пејачи ,иако се ќе остане на нив и на нивното залагање ,нека не очекуваат многу помош од други
Организацијата ,озвучувањето треба да се подобри за следниот Идол ,а од водителите мене Ненад ми беше добар ,непосреден и ненаметлив ,а Иванна ми беше ужас вештачка ,преглумување без крај ,нападна ,нејзе треба да ја сменат.
И жирито треба да го сменат ,безвезни беа ,никаква стручност не покажаа,првин беше прекрасен си, ти престои блескава кариера ,па после почнаа да се расправаат и да ја елиминираат забавата од една забавна емисија,мислам дека Калиопи веќе почна со сопствена самопромоција на грбот на популарноста на идолите,очекувам нејзини концерти на кои главни гости ќе бидат идоливе,учи ,учи Калиопи од виденото во Хрватска
п.с
смајливе се безвезе ,вратете ги старите