Успех на македонската нова надеж
Коста освои две награди на фестивал на Малта
Пост-празнично, една убава вест за успехот на домашните млади надежи. На фестивалот
Еуростарс на Малта, нашиот претставник Коста Хаџикојчев им се допадна и на жирито и на публиката, и освои две најпрестижни награди.
Имено, Коста (еден од учесниците на македонскиот поп-идол) на својот прв меѓународен настап освои награда за најдобар странски изведувач на фестивалот и престижното
Гран При!
Од информацијата која ни ја испрати Марјан Катароски (претседател на WAF), дознаваме дека Коста блесна со својата беспрекорна изведба, иако конкуренцијата беше многу силна, со учесници на: Малта, Литванија, Унгарија, Русија, Украина, Шпанија, Бугарија, Италија, Полска...
Пред Коста е светла музичка иднина, за која сведочат и многубројните покани за учество на фестивали во странство...