Македонски Железници

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

Дали е подобрен железничкиот сообраќај во Р.М


  • Вкупно гласачи
    181

vmx

Член од
25 април 2005
Мислења
5.633
Поени од реакции
201
Порано ептен патував со воз на релација Скопје - Битола и обратно на факс нели, многу случки сум имал со возовиве, каснења, расипување на возот, па чекање нова локомотива и сл. Значи беше катастрофа.

Пред недела дена одев за Битола и за изненадување не каснеше возот ама ич, стигна точно за 3ч.30м. колку што пише во возниот ред, а и за назад исто. :) Вагоните колку толку се посредени сега, тапацирани седишта, кожни седишта, парно греење, завеси. :cuc:

Или мене ми се погоди така или нешто е подобрено.

А веб страна: http://mztransportad.com.mk
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Jas se vozev pred godina dena do Demir Kapija, do specijalniot Zavod sto e imav nekoja rabota...vozot bese krs...imav cuvstvo deka sekoj moment lokomotivata ke se odvoi od ostanatite vagoni..
I do Belgrad se imam vozeno. Abe katastrofa. Megunaroden i toa. Kade li se vagon restoranite sto bea do pred edno 20 godini, koga bev mala se sekavam kako bese, milina da ti e da se vozis..sega...uzas..
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Jas se vozev pred godina dena do Demir Kapija, do specijalniot Zavod sto e imav nekoja rabota...vozot bese krs...imav cuvstvo deka sekoj moment lokomotivata ke se odvoi od ostanatite vagoni..
I do Belgrad se imam vozeno. Abe katastrofa. Megunaroden i toa. Kade li se vagon restoranite sto bea do pred edno 20 godini, koga bev mala se sekavam kako bese, milina da ti e da se vozis..sega...uzas..
Aj да те доразочарам.Во МЖ останати се моментално само 2 ресторан вагони (сите други се земани за Белград малку по малку за време на поделбата на Југославија) од кои едниот многу години не е мрднат од место, а другиот до пред година - година и пол одеше накај Битола.Сега е на ред за ремонт во Велес.
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
652
Поени од реакции
192
Aj да те доразочарам.Во МЖ останати се моментално само 2 ресторан вагони (сите други се земани за Белград малку по малку за време на поделбата на Југославија) од кои едниот многу години не е мрднат од место, а другиот до пред година - година и пол одеше накај Битола.Сега е на ред за ремонт во Велес.
Ma za remont ni e cela zeleznica, ne samo vagon restoranot...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Доволни се вагоните да се вакви како словенечкиве:



Или уште подобро вагоните на Хрватските Железници
 

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Шпанскиот воз. Нема нешто шо мразам поќе од проклетиот шпански воз. Да не беше тој животот ќе ми беше толку убав. Ама сериозно, од сите вагони, шпанските се најлоши, се надевам дека наскоро ќе ги пензионират.

Инаку ова година за чудо само еднаш возот ми каснел (ито оправдано пред една недела во најголемите снегој), стигнува дури и зачудувачки точно за 3 и пол сати.
И џабе се буните толку, најефитно е, а и за времево најсигурна опција е.
 
M

Moon Child

Гостин
Ај ако патувал по студов и снеговиве некој нека каже, дали е можно утре навреме да стигнам од Велес до Скопје, т.е регуларно за најмногу саат време? И која е веројатноста да се расипе? Да знам дали да идам со автобус или да ја бирам поефтинава варијанта...
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ај ако патувал по студов и снеговиве некој нека каже, дали е можно утре навреме да стигнам од Велес до Скопје, т.е регуларно за најмногу саат време? И која е веројатноста да се расипе? Да знам дали да идам со автобус или да ја бирам поефтинава варијанта...
Јас на појаки студови патував од Велес за Скопје и не ми се случила никаква незгода. Но имаше проблем не работеше парното. Ова беше пред 13 години. Сега би требало да е подобро... А колку што се сеќавам имаше и таксисти кај автобуската станица кои возеа за 100 денари за Скопје, ако ја напунеше колата со 3-4 луѓе. Не знам дали вакви се уште има.
 
M

Moon Child

Гостин
Јас на појаки студови патував од Велес за Скопје и не ми се случила никаква незгода. Но имаше проблем не работеше парното. Ова беше пред 13 години. Сега би требало да е подобро...
Имам патувано по студ и снег, пред 3 години за еден Рок Фест, и не стигнав, пошто се расипа на Рајко и стоеше 3-4 саати. Утре сакам да одам на Скрим, и несакам да ме снајде истата судбина.:pos:
 

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Ај ако патувал по студов и снеговиве некој нека каже, дали е можно утре навреме да стигнам од Велес до Скопје, т.е регуларно за најмногу саат време? И која е веројатноста да се расипе? Да знам дали да идам со автобус или да ја бирам поефтинава варијанта...
Јас би одела со возот, некако посигурно ми е од какви и да е други патни возила по ваквиве патишта, иако сега поарно би требало да е. Секако има шанси да се подрасипи, ама не се случило то многу често овај период а и не си на многу голема релација, така да и да се расипи не би требало многу да заглавиш.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Шпанскиот воз. Нема нешто шо мразам поќе од проклетиот шпански воз. Да не беше тој животот ќе ми беше толку убав. Ама сериозно, од сите вагони, шпанските се најлоши, се надевам дека наскоро ќе ги пензионират.

Инаку ова година за чудо само еднаш возот ми каснел (ито оправдано пред една недела во најголемите снегој), стигнува дури и зачудувачки точно за 3 и пол сати.
И џабе се буните толку, најефитно е, а и за времево најсигурна опција е.
Само до кога.Најавено поскапување за 50-60% од следната недела.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Што има да се мисли.Последен пат кога патував со Македонски железници беше во 2007 год. до Загреб.Патувањето требаше да ми трае петнаесет часа, а траеше деветнаесет благодарение на нашата дотраена железничка инфраструктура.Пешки да тргнев побрзо ќе стигнев.Згора на тоа кога се симнав во Загреб мирисав на конзерва па после тоа морав да купувам четка за рибање кондури за да ја отстранам смрдеата од дотраените Горбачов вагони.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
2.263
Поени од реакции
5.082
Поскапува патувањето со воз за 50 отсто
Цените на билетите во патничкиот железнички сообраќај во земјава од идниот вторник се зголемуваат во просек за околу 50 отсто, одлучи Управниот одбор на „Македонски железници - Транспорт“.
Според соопштението од Железницата, причина за поскапувањето на железничкиот превоз се зголемените цени на нафтата и на струјата.
„Цените на железничките превозни услуги не се променети од 12.7.1995 година. Во меѓувреме, цените на нафтените деривати (Д-2) само во последните пет години се зголемени за повеќе од 70 отсто, а пак цената на електричната енергија во последните пет години е зголемена за повеќе од 60 отсто. Земајќи го предвид периодот 1995 - 2012 година, може да се констатира дека не постои област во стопанството во земјава која драстично не ги зголеми цените на своите услуги. Оттаму и потребата и Железницата да ги зголеми цените на своите превозни услуги во железничкиот патнички сообраќај“, се вели во соопштението од „МЖ Транспорт“.

Ај наздравје, матер им ебам!
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Да не се поради Фершпед и другите тужби поскапувањата? :cautious:
„Фершпед“ ја тужи железницата за 1,5 милион евра


Претпријатија од Чешка, од Србија, но и од Македонија со тужби побаруваат од „МЖ-транспорт“ основен долг од околу 8 милиони евра



Ревизорите утврдиле дека „МЖ-транспорт“ работи без дозвола за јавен превоз и без сертификат за безбедност

Шпедитерската компанија „Фершпед“ го тужи државното претпријатие „Македонски железници-транспорт“ и бара надомест на штета од околу 1,5 милион евра, бидејќи за превоз на различни стоки од 1993 до 2003 година претпријатието применувало повисок курс при пресметка на фактурите, утврдиле во Државниот завод за ревизија. Ова е само еден од многуте судски спорови во кои железничкото претпријатие се јавува како тужена странка. Претпријатија од Чешка, од Србија, но и од Македонија со тужби побаруваат од „МЖ-транспорт“ основен долг од околу 8 милиони евра.

- Имајќи ја предвид висината на тужбените барања во делот на главниот долг, евентуалните пресметани и признаени камати и судските трошоци за водење на постапката, може да се создаде можност за влошување на ликвидноста на друштвото - велат во ДЗР.

Дополнително, против „МЖ-транспорт“ се водат уште седум судски постапки со неопределена вредност од кои можат да произлезат одливи на пари што не можат да се пресметаат до завршувањето на постапките. Од друга страна, претпријатието има поднесено тужби кон повеќе купувачи во вредност од околу 6,3 милиони евра, кои во зависност од исходот може да обезбедат прилив на средства на сметката на „МЖ-транспорт“. Ревизорите во извештајот откриваат и дека претпријатието врши превоз на стоки и на патници иако нема обезбедено дозвола за јавен превоз и сертификат за безбедност во согласност со постојната регулатива. Во ДЗР укажуваат дека во 2009 година надлежното министерство на „МЖ-транспорт“ му издало дозвола за јавен превоз со рок на важење од пет години иако притоа претпријатието не поднело доказ од Централниот регистар за економска и финансиска способност.

Наедно, претпријатието не презентирало ниту доказ дека е осигурено во осигурителна компанија преку писмен документ што ќе гарантира дека е способно да надомести евентуална штета во случај на несреќа во однос на патниците, багажот, околината или трети лица, што е обврска во согласност со меѓународните договори и Законот за железници. Ревизорите утврдиле и дека „МЖ-транспорт“ работи без сертификат за безбедност, што е исто така спротивно на регулативата. Во ДЗР укажуваат дека поради неневремена исплата на ратите за локомотиви и вагони што биле земени на лизинг од Швајцарија постои можност „МЖ-транспорт“ да ги загуби овие средства.
 

saskon

Член од
22 август 2008
Мислења
2.231
Поени од реакции
5.464
Само да потсетам, вистинско име на МЖ-Транспорт е МЖ-Транспорт-АД. Акциите се во сопственост на владата на РМ.
Фершпед е фирма основана од МЖ, со цел клиентот да не трча по разни сертификати за дозвола на превоз, потоа приватизирана на кој начин не смее за тоа да се проговори. За една обична шпедитерска услуга наплаќа енормно големи суми на штета на МЖ. Никој и ниедна влада до сега не успеа и НЕ САКА да ја одлепи пијавицата Фершпед која го собира кајмакот, а железницата вози работи и ги собира трошките.
Нека НЕКОЈ ја одлепи таа пијавица Фершпед, железница има стручен кадар и истите услуги може сама да си ги направи.
Претпријатија од Чешка, од Србија, но и од Македонија со тужби побаруваат од „МЖ-транспорт“ основен долг од околу 8 милиони евра
МЖ-Транспорт- АД е само превозникот, тој само наплатува за својата услуга од корисникот на превозот. Многу "смрди" тука на сплеткарот-пијавица. Фершпед се јавува како меѓународен превозник и на услугите од странските компании нема исплатено ниту денар, сега треба МЖ-Транспорт-АД да ги плаќаат туѓите сметки? Поради ова многу од меѓународните товарни возовите кои транзитираа низ Македонија кон Грција, се завртени и транзитираат преку Бугарија. Не сакаат соработка со Фершпед, трпи цела држава, корупција до гуша. Цела железница е ЗАВИСНИК од услугите на Фершпед, обична шпедитерска куќа??? Па каде го има ова!!!

Трансформација на МЖ во две компании ЈП-МЖ Инфраструктура и МЖ-Транспорт-АД. Истата трансформација направена во Хрватска, но по само еден месец веднаш вратено по старо. Ова функционира во големи системи со широко распространета железничка мрежа, каде како превозници се јавуваат повеќе компании. Целта е самофинансирање односно наплата од превозникот за услугата, користење на инфраструктурата.
Кај нас проблемот е што МЖ-Транспрт-АД и да нема никаков превоз мора постојано да плаќа за користење на објекти, колосеци на кои постојано лежат празните вагони без разлика дали се тие исправни и секоја траса на редовни и вонредни возови. Значи постојано генерирање на долгови од ништо. Само да се рече дека е направена трансформација односно реформи, без разлика дали таа е економски исплатлива.
За услугите на ЈП-МЖ-Инфраструктура, односно користење на инфраструктурата не е наплатено ниту еден денар од тоа АД-то. Кој ги има акциите ја има и контролата на парите, значи целокупно цела железница нема апсолутно никаква контрола на финансиите.
Не се најде ниту еден раководител да ја каже вистинската состојба, причина е партизацијата. Село раководство (и сите синдикати) се партиски во смисол "сакаш да бидеш директор, раководител, шеф" еве ти фотеља земај плата и ќути таму. Проблемот е што железничката работа и интересот на партиите немаат никаква допирна точка, кога партиските интереси ќе се замешаат во работата, тогаш тоа не е работа. Рече некој таму на ТВ да се земе една "метла" и да се чисти тоа, менаџерски тим кој ништо не работи и не смее да работи. Како ќе ти свирнат така ќе играш, како што кажав погоре седи таму и земај плата.
Во последниве 2 години во железница има партиски хххх вработувања (заслужни партиски членови, лепачи на плакати). Од нив има и такви кои не знаат ни како изгледа изгледа железница, седат дома ниту еднаш не се јавени на работа, а земаат плата од железница? Некој со години ја градеше железница, за наеднаш "неки нови клинци" да ја уништат од корен, при тоа играјќи со вработените како со мали дечиња. Не е јасно само зошто е тоа партиско штитење од раководниот кадар кога и тие немаат плата земено, што штитат работат од "љубов" или за пари.
Да нема забуна, немам никаква партиска кишка и не ме интересира ниту една партија. Голем дел од вработените не се партиски определени, чесно си ја извршуваат работата, за таа цел нечесно и долу од секое човечко достоинство не добиваат плата. Ова што се случува во раководството на железница е исто како да има слеп возач на Ф1.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom