Можеби квизов е местенка, ама и да е така, треба да си луд да се бламираш пред цела јавност, а пари да земеш во А1, е тоа не знам баш како оди....
Многу одамна, кога се појави првиот квиз на А1 - “Без Паника“ игра на асоцијации, јас бев дел од публиката во првата емисија што се снимаше. Тогаш , случајно, бидејќи немаа доволно натпреварувачи , ми понудија да учествувам. Со другар ми прифативме, направивме тим и снимавме. Ни беше понудено, дека за секоја емисија ќе добиеме пари, нормално, колку победуваш, повеќе заработуваш. Ние, тогаш млади деца, ајде се залетавме, победивме во две емисии, ама во третата не победија оние “легендарните“ Аце и Мики...
И дојде моментот да си ги земеме парите, ама пари јок, вика вие изгубивте....
Па нели, победивме два пати, па нели, секоја емисија ја плаќавте.....
Ништо, ко сам со себе да разговараш, ни дадоа по две маици со лого на квизот, демек “награда“....
Затоа, иако многу пати ми викаа потоа, абе што не се јавиш на квиз некој ( мислам на квиз на знаење, не на квиз за глупирање како овј момент на вистината) не ни помислувам, оти е бадијала трошење време, а пари....друг пат..
Малку излегов од темата, ама беше за истиот организатор кој го прави ова дебилно “шоу“. Оваа емисија после кратко време на тв нова во Хрватска ја прекинаа, оти заради емитувњето ризикуваа да им отиде телевизијата-во нормална држава се пази на морал и што све смее да се емитува на телевизија.
Кај нас, све она што е нај ниско во однос на моралот - воајерски спектакли (големиот брат, фарма...), идиотски “квизови“ по телефон каде треба само да се јавиш и да си ги змеш парите , ама тамам добиеш линија, не ти иде да гукнеш, девојчето те преколнува, плаче да зборнеш, а ти “прекинуваш“ линија - забранети насекаде, Момент на вистината, сето тоа кај нас е законски, морално етички.
Се тоа кај нас е хит, многу популарно, седи дома, биди воајер, смеј се на перверзии, јавувај се на на “Даринка“ (мислам така го пиша “квизот“ во еден весник).
Уште Џери Спрингер шоу ни недостасува, и ќе се дотераме до даска....
Ма све тоа би забранил да можам, труење на мозок , “едуцирање“ на млада популација како да стане што поперверзна, за да биде во тренд......
Само, дали има закон овде.......