Македонска фудбалска репрезентација

Член од
17 јануари 2011
Мислења
242
Поени од реакции
131
Играчот за врска во нашата селекција, Величе Шумуликоски во интервју за официјалниот веб сајт на ФФМ изјави:

"Ќе ни биде тешко но имаме нов селектор, нова тактика и се надевам ќе одиграме добро. Со Тошак имаме засега добро искуство, сака да играме со топка да стоиме поблиску до противникот и очекувам тоа да даде резултат."

Браво за шуми што ни ја откри тактиката :), а тасевски не треба да се буни затоа што нема одиграно до сеа ни еден натпревар.
 

Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Тошак го соопшти списокот за вечерва (МТВ 18ч)


Петок, 02 Септември 2011 12:02 Репрезентација


Македонската фудбалска репрезентација денеска во 18ч. го игра квалификацискиот дуел со селекцијата на Русија, на стадионот Лужники.
Селекторот Џон Тошак по неколкудневните подготовки денеска на теренот ќе ги изведе следните единаесетмина:
Богатинов,
Д.Георгиевски,
Г.Попов,
Шиков,
Новевски,
Шумуликоски,
Демири,
Пандев,
Ибраими,
Тричковски,
М.Ивановски
Судиската четворка за овој дуел е од Турција на чело со Булент Јилдирим.


извор
http://ffm.com.mk/reprezentacijaatim/toshak-go-soopshti-spisokot-za-vecherva-mtv-18ch-1795

Добро што формација ке игра овој
Претпоставувам
-----------------------Богатинов----------------
Георгиевски----Шиков----Новески----Попов
----------------Демири----Шумуликоски----------
------------------------Пандев--------------------------
Ибраими--------Ивановски-----------Тричковски

Многу напагачки 4 напаѓачи Пандев полушпиц Ивановски Шпиц Тричковски и Ибраими крила....
 

WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
Ова ти е брат 4-2-1-3,формацијата на Жозе Мурињо:),али уште ли бе со Шумоликовски ке се занимаваме аман.А кој е овој М.Ивановски ств не сум и тек може да ми каже некој?
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
326
Поени од реакции
56
КЕ има некаде на телвизија, ке ја пренесува МТВ, дали некој знае ??
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Ова ти е брат 4-2-1-3,формацијата на Жозе Мурињо:),али уште ли бе со Шумоликовски ке се занимаваме аман.А кој е овој М.Ивановски ств не сум и тек може да ми каже некој?
Мирко Ивановски. Додека играше за младинци во Пелистер, беше еден од најдобрите млади играчи во Македонија. Беше прекомандуван во прв тим на Пелистер од каде што замина во Македонија ЃП кога го освоја купот. Летото 2010 година за Арка Гдинија од Полска каде што сеуште игра :).
 
Член од
28 март 2010
Мислења
1.310
Поени од реакции
377
Читам на програмата на МТВ пишува дека нема да има пренос.А читам на форумов погоре дека ќе има.Да почекаме да дојде 18 часот и ќе видиме дали ќе има пренос или нема да има!
 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.823
Поени од реакции
7.033
ќе има на прва фудбал, не си трошете за џабе интернет уште рано во месецот :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Мирко Ивановски !? :eek:

океј е формацијава, и добро шо Георгиевски добива шанса у одбрана.

а првиов програмски сервис не е чудо пак да каснат со трасата. Ко со Ирска... :ROFLMAO:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom