Не само поради овие резултати, мислам дека има подобра иднина за нас и може барем добар дел од квалификациите да се надеваме на нешто, ако даде Господ и да се квалификуваме. Кога можеше Летонија...
Пандев се повеќе сфаќа како може да биде најкорисен, Тричковата форма е во нагорна линија, Ѓуровски е земен, а е таков офанзивец да нема замена за него, одбраната е стандардна и квалитетна...
По мојот вкус, првите 11:
Николовски
Тодоровски - Новески - Митрески - Попов
Грозданоски - Ѓуровски - ????? - Тричковски
Пандев
Стојков
Стварно немаме квалитетен играч да игра до Ѓуровски. Величе е нула од играч, овие другиве исто така лошо решение.
Сега ја гледав конференцијата на Јонуз и многу ме изненади со настојувањето да се придобие
Александар Игњовски, кој мислам дека нема македонски пасош (роден во Београд) и кој веќе игра за У-21 на Србија. Ако ова се случи, тоа би било мноооооогу голем плус за македонската репрезентација. 19 години има, играч кој игра подеднакво добро во двата правца, веќе е подобар играч од кутрото Величе и има голем радиус на движење. Со него во тимот и со доза на среќа, не е недостижно квалификување за некој голем настан. Башка што би играл минимум 10 години.
Ако тој не прифати, на оваа дефицитарна позиција јас би го пробал
Драган Стојков. Исто така доста млад и надежен фудбалер, кој може да напредува. Моментално е повреден, последен пат го гледав пред некои 7-8 месеци и бев позитивно изненаден. Многу агресивен (позитивно), не го тупи многу, има брзи и квалитетни решенија. Грев е да не сметаме на него, мора да се пратат неговите игри. Штета е што неговиот тим (Напредак Крушевац) испадна од првата лига.
Стојков и Ристиќ како замена и мислам дека и тука сме добри.
А Јонуз не би бил Јонуз ако не кажеше дека Игњовски игра во
Баер 1860! :kesa: