Македонска фудбалска репрезентација

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Доаѓам од Прилеп и сакам да идам да глеам фудбал, а не со гулабите горе на Исток/Запад да глеам.
Башка у колку саат се игра утакмицава, сигурно јас не можам со повратна карта да дојдам, да спијам на автобуска до сабајле па со прв автобус да кренам назад, не зезај. Кој и да дојде надвор од Скопје со приватен превоз треба да дојде, бензин (кој сега нималку не е евтин), патарина, па ќе ти се пријаде, сакаш да се напиеш нешо најмалце 1000 ќе ти отиднат.
Па тоа ми е цел муабет, дали ќе биде 300 или 400 најсапата карта ќе ти смени тебе ако си решил веќе да дојдеш и да потрошиш 1000 на пат и пиење? Значи дали ќе ти смени дали ќе поебеш 1300 или 1400?
--- надополнето: 21 септември 2012 во 23:12 ---
Еве вака сеа:
Која плата ја има еден студент, или средношколец кој сака да иде на фудбал !? Има илјадници кои немаат сопствен извор на приходи а горат од желба да отидат на стадион. Или шо, таквите не треба да идат, еве за пензионерите ќе биде и бесплатно...

Зашто да неможе со Србија и Храватска да биде 100 !? И глеј, битно е дека по 150 денари ќе има едвај 30% од картите, останатото ќе биде од 200 нагоре. Гарант 50% од седиштата ќе бидат од 300 и 400. Немој да ми кажеш дека тоа е ефтино. Значи не се цените изгор, но можеле да спуштат уште малку.

За споредбиве, Хрватска лупна високи цени па видовме колку беше „полн“ Максимир. Со Шкотска, Велс и Белгија е илузорно да се споредуваме во многу работи, вклучувајќи ги и овие поврзани со фудбалот.
А што ти е поентата дека треба бесплатно да напраат зашто студентите и средношколците немаат 150 денари да тргнат 5 пати у годината?

значи 300 и 400 не е ефтино, колку треба да биде 100 денари цел стадион? евро ипол влез?
Извини ама не сме толку сироти колку што се праиме сите.
Хрватска стаи цена од 30 евра, а не 2.5 евра и на хрватска и беше гостин мизерен тим кој е 97 у свет, нас ќе ни гостуваат тимови у топ20.
Така да не ти држи вода муабетот ама баш ич
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Па тоа ми е цел муабет, дали ќе биде 300 или 400 најсапата карта ќе ти смени тебе ако си решил веќе да дојдеш и да потрошиш 1000 на пат и пиење? Значи дали ќе ти смени дали ќе поебеш 1300 или 1400?
Како нема да ми смени бе, не знам колку примања имате вие па за вас 400 ден се минорна сума.
 
Член од
21 јули 2009
Мислења
876
Поени од реакции
462
Стварно не ве сфаќам, сите сакате да гледате од најдобро место, а нејќете да дадете 300-400 денари и се жалите колку било скапо.Па никој не ве тера да земете од најскапите карти, затоа има карти од 100 до 400, едноставно колку ви е долга чергата толку ќе си ги испружите нозете ;)
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
о боже не разбираш кај гледаш 400 денари разлика? или ги рачунаш 0 денари картите?
Картите сигурно нема да бидат без пари, колку сакаш да биде ти? еве нека е 300 најскапата
Тебе разликата од 300 до 400 ќе те оттргне од намерата да дојдеш и да гледаш иако претходно си бил спремен да дадеш 1000 за пат?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Џабе, ми ја изгуби поентата.
And for the record, цените и на „искачањата“ у Скопје и остатокот од Македонија се различни. Не се фрлаат секојпат по илјадарки за искачања у другите градови...
Пишав, според мене реално ќе беше цената да е 100, 200 и 300 за најдобрите места. То е. Ајт.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
А сега цената е 150 200 300 и 400
Разликата каде е од тоа твоето?

Ебате беља праите ко да се картите 700 1000 и 1500
 
F

FARANG

Гостин
Глејте реално, (малку) скапо е. 150 денари за на запад/исток, 2,5 евра не е багатела. Ај пресметајте на пример за некој од друг град што ќе сака да дојде. Со автобус од најблиските градови, Тетово и Куманово е 100 денари (во еден правец), а не за подалечните.

Плус, колку берат трибините позади головите, по 4-5000 нели? Тие карти ќе се шитнат за еден ден, нема секој да успее да набави од најефтините, па ќе мора да земе поскапо. Да не влагаме у филм, не сме Сомалија ама не сме ни Бразил. Реалната цена, за моменталните услови е карти од 100 до 300 денари, 300 за седиштата каде што нема да ти смрзне газот.

Али ги разбирам, сега имаат најголема шанса за ставање на вакви цени а тоа да не се одрази многу врз интересот. Еуфорија има доволно, можеби ова е и единствената шанса за ваква пропорционалност на цените и посетата, пошто ако ги заебеме овие 2 утакмици, најверојатно ќе опадне заинтересираноста. Така да, ќе си ја наполнат убаво касата за овие 2 натпревари.
Картиве ќе се продаваат во тобако. Секој има еднаква шанса да купи евтина карта, ако ти прави разлика иди и купи си првиот ден. Треба да сватиш дека ќе има интерес за овие утакмици и дали ќе се наполни стадионот макар само од скопјани. Ако вардар со бате го наполни за 100 ден, мислам 400 е сосема реално тие истите луге да дадат кога ќе гледаат барем 10 пати подобар фудбал и кога после кој знае колку време мислам дека СИТЕ веруваме во репрезентацијата. Фер цена е и има кој да ја плати, ако тебе ти е скапо тогаш гледај и навивај од дома, заштеди си ги парите очигледно ти требаат, нема ништо лошо во тоа.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Поефтини карти за вакви утакмици,здравје.
Со Луксембург и Андора да игравме ова ќе беа пристојни цени,за со Хрватска и Србија се џабе.
Ќе крца стадионов :vozbud:
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.402
Поени од реакции
16.632
Патем, со Шпанија игравме па карта беше 200 ден за Југ и Север.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
А сега цената е 150 200 300 и 400
Разликата каде е од тоа твоето?

Ебате беља праите ко да се картите 700 1000 и 1500
Океј, ај уште еднаш за крај

1. Самиот реков дека се малку скапи. Не прескапи!
2. Разликата е во тоа што пишав дека реалните цени за сеа се 100 и 200 за најголемиот дел од стадионот и 300 за ложите на Југ и Север. Вака ко што е сега, пола од стадионот ќе биде од 150 и 200 а другата половина 300 и 400.
Значи, според мене
80% од 100 и 200,
20 % од 300 и 400.
Вака ко што е:
50% од 150 и 200,
50% од 300 и 400.
Разликата вака и не е така мала не? Ајде ќе почекаме да видиме официјално како ќе биде распределена, можеби ќе усогласат убаво, но се сомневам.
3. Убаво се објаснив у првиот пост, но вие се нафрлате само на едно, веројатно затоа што сте од метрополата. Неам ништо против тоа секако.

Ајт.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.918
Поени од реакции
16.188
Картите не се скапи, но како што кажа ЕлНињо можело за 100 денари и да се поефтини тие што се на поубави места. Зошто е тоа така, тешко дека ќе сфатите ако не сте надвор од Скопје и може да дебатираме за тоа до завршување на квалификациите и пак нема да се разбериме како што треба..

Ај ќе бојкотираме..:icon_lol:
 
F

FARANG

Гостин
Ако се напуни стадионот тогаш картите биле евтини. Ова е сепак бизнис и треба да ФФМ да заработи колку што е можно повеќе. И со 90% пун стадион финансиски ќе биде успех. Доста веќе со овој гага менталитет па маме му ебем од 2 мил народ сигурно има 30 000 кој може да одвојат по 7 евра. Тие што неможат нека гледаат на ТВ или нека се потрудат да заработат малку повеќе. Тој што живее надвор од Скопје цел месец плаќа пиво, кирија и све друго поевтино ако сака да гледа утакмица на стадион нека дојде и доста кукање
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Навивачки групи ќе идат ли да прават атмосфера или нема да идат? Зашто според мене џабе пун стадион ако нема кој да навива и да ја крене публиката и тогаш нема да ја имаат потребната подршка играчите ако биде театар. Комити ќе добијат ли гратиси? Или се доволно свесни и ќе си платат карти и ќе навиваат барем исто како што навиваат за вардар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom