Македонска фудбалска репрезентација

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Еве ви поединечно ќе се продаваат, како што сакавте.:D Си имате блокој си има трибини, затоа и цената е различна. Кој нема ќе си иде позади за 100че кој има 400 како цар.:D
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.692
Поени од реакции
6.033
Како можете да гледате фудбал на запад или исток? Како тенис ми е и плус со двоглед треба да гледам на другиот гол што се дешава. Ќе си купам на север или југ, барем да гледам нешто.
Баш се добро направени сега бе убав поглед има од бил кој дел од стадионот да гледаш и не изгледа далеку сепак затоа и псотрмни се правени трибините зад а не бидат даелку тие што се најгоре
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Super e gletkata od pozadi golovite, baska kontrite - najdobar pregled :P
 
А

Анноун

Гостин
едниот меч од 300 карта , другиот од 200 (се надевам ќе погодам да биде поцентрално) :pos:, за 500че двете .
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Глејте реално, (малку) скапо е. 150 денари за на запад/исток, 2,5 евра не е багатела. Ај пресметајте на пример за некој од друг град што ќе сака да дојде. Со автобус од најблиските градови, Тетово и Куманово е 100 денари (во еден правец), а не за подалечните.

Плус, колку берат трибините позади головите, по 4-5000 нели? Тие карти ќе се шитнат за еден ден, нема секој да успее да набави од најефтините, па ќе мора да земе поскапо. Да не влагаме у филм, не сме Сомалија ама не сме ни Бразил. Реалната цена, за моменталните услови е карти од 100 до 300 денари, 300 за седиштата каде што нема да ти смрзне газот.

Али ги разбирам, сега имаат најголема шанса за ставање на вакви цени а тоа да не се одрази многу врз интересот. Еуфорија има доволно, можеби ова е и единствената шанса за ваква пропорционалност на цените и посетата, пошто ако ги заебеме овие 2 утакмици, најверојатно ќе опадне заинтересираноста. Така да, ќе си ја наполнат убаво касата за овие 2 натпревари.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.591
Поени од реакции
14.398
Ќе фрчат гратиси, нема шанси да се продадат сите карти. А сите знаеме какви навивачи се тие со гратиси. Требаше 300 денари да биде најскапата карта, ќе се рушеше стадионот тогаш.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Високи цени? are you fucking kidding me?

2.5 евра е 1% од просечната плата. Ако тоа неможеш да си го дозволиш за да идеш на комплетно нов стадион тогаш седи си пред телевизор.
Да не се лажеме 70% од тие што ќе идат ставаат минимум 4 пати поише месечно у кладилница.

Со Србија и Хрватска неможе да биде 100 денари карта, незнам у кој свет живеете ама видете у странство колку се картите (и да споредебено со нивните плати и цени за превоз).

Така да 150 до 400 се сосема пристапни цени.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.401
Поени од реакции
16.631
Ех, камо сите да бевме од Скопје па да дадевме само 150 до 400 ден за карти :)
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
Ех, камо сите да бевме од Скопје па да дадевме само 150 до 400 ден за карти :)
Ама сериозно да збориме, дали тебе ќе ти сменат тие 150 денари нешто?
еве на пример доаѓаш од Прилеп. Карта е колку повратна? 600 денари? И сега тебе на тие 600 би ти сменило дали е 100 или 200 денари карта?
Мислам бидете реални, картата е најмал проблем за тие што доаѓаат од другите градови, и 0 денари да е картата вие пак треба да потрошите минимум по 500-600
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.401
Поени од реакции
16.631
Ама сериозно да збориме, дали тебе ќе ти сменат тие 150 денари нешто?
еве на пример доаѓаш од Прилеп. Карта е колку повратна? 600 денари? И сега тебе на тие 600 би ти сменило дали е 100 или 200 денари карта?
Мислам бидете реални, картата е најмал проблем за тие што доаѓаат од другите градови, и 0 денари да е картата вие пак треба да потрошите минимум по 500-600
Доаѓам од Прилеп и сакам да идам да глеам фудбал, а не со гулабите горе на Исток/Запад да глеам.
Башка у колку саат се игра утакмицава, сигурно јас не можам со повратна карта да дојдам, да спијам на автобуска до сабајле па со прв автобус да кренам назад, не зезај. Кој и да дојде надвор од Скопје со приватен превоз треба да дојде, бензин (кој сега нималку не е евтин), патарина, па ќе ти се пријаде, сакаш да се напиеш нешо најмалце 1000 ќе ти отиднат.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Високи цени? are you fucking kidding me?

2.5 евра е 1% од просечната плата. Ако тоа неможеш да си го дозволиш за да идеш на комплетно нов стадион тогаш седи си пред телевизор.
Да не се лажеме 70% од тие што ќе идат ставаат минимум 4 пати поише месечно у кладилница.

Со Србија и Хрватска неможе да биде 100 денари карта, незнам у кој свет живеете ама видете у странство колку се картите (и да споредебено со нивните плати и цени за превоз).

Така да 150 до 400 се сосема пристапни цени.
Еве вака сеа:
Која плата ја има еден студент, или средношколец кој сака да иде на фудбал !? Има илјадници кои немаат сопствен извор на приходи а горат од желба да отидат на стадион. Или шо, таквите не треба да идат, еве за пензионерите ќе биде и бесплатно...

Зашто да неможе со Србија и Храватска да биде 100 !? И глеј, битно е дека по 150 денари ќе има едвај 30% од картите, останатото ќе биде од 200 нагоре. Гарант 50% од седиштата ќе бидат од 300 и 400. Немој да ми кажеш дека тоа е ефтино. Значи не се цените изгор, но можеле да спуштат уште малку.

За споредбиве, Хрватска лупна високи цени па видовме колку беше „полн“ Максимир. Со Шкотска, Велс и Белгија е илузорно да се споредуваме во многу работи, вклучувајќи ги и овие поврзани со фудбалот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom