Македонска фудбалска репрезентација

Johnny B

Misogynist, racist, anti woke
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.681
Поени од реакции
11.852
Досега плачевме и се молевме да не губиме со повеќе од 2 разлика а сега пак не сме задоволни што сме зеле само еден бод од Максимир и Хемпден парк :pos: Многу ни се кренаа апетитите а тоа е знак дека работата можи да тргни (y)
 

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Znaci sansi imame da dojdeme do 2 mesto samo ako gi tepame ovde site utakmici sto e vozmozno , so vakva igra kako denes vo Skotska mozeme site da gi dobieme , a plus i pred 40 000 gledaci .... Filip II poln :vozbud:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Намерно не ти реплицирав прееска, почекав натпреварот да заврши. Е сега од како заврши, ќе ти кажам зошто е тоа моето "да играат со срце и борбено". Вечерва го прикажаа токму тоа, борбена игра и игра со срце, конечно личи нашата игра на тоа шо треба, а таа игра донесе резултат. Немој само да ми речеш дека во минатото, односно во изминатите квалификации сме играле добро, борбено и со срце, затоа што ни блиску не бевме од тоа. Денеска репрезентацијата покажа карактер, дисциплинирана и тактички одлична игра. Можам да кажам дека конечно имаме стратег кој што знае што сака, и е способен сето тоа да го пренесе на фудбалерите.
Па тоа уште потрагичен го прави резултатот. Играа стварно солидно со одредени исклучоци, ама јас секогаш велам, на крајот се гледа резултатот и табелата, а на табелата не пишува кој како играл, ниту добиваш поени за надигрување и добро играње, добиваш поени за резултатот. Заслуживме три поени, не ги реализиравме и тоа е тоа.
Поддршката од мене ја имаат, ја имале и кога биле апсолутни дрва, ама ова уште повеќе боли.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
1.794
Поени од реакции
32
Не се занесувајте со Белгија, ќе не испосерат. Незнам ја овие две утакмици дали не потценија или стварно Шкотска и Хрватска се занигде ама нема да трае долго. Белгија и Швајцарија заедно со Босна се репрезентациите во подем.
Tie kako tebe se zanigde shto posle sekoja utakmica shto ne pobedi Makedonija se isposeruvaat, a koga ke pobedat prvi se tie shto imaat doverba u reprezentacijata i se najstrasnite navivachi.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.037
Поени од реакции
3.623
Znaci sansi imame da dojdeme do 2 mesto samo ako gi tepame ovde site utakmici sto e vozmozno , so vakva igra kako denes vo Skotska mozeme site da gi dobieme , a plus i pred 40 000 gledaci .... Filip II poln :vozbud:
Едно е то, ама и доста голем притисок е за играчите да играат пред тие 40 000, со мисла дека мора да победат и тука се прават грешките.....
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Досега плачевме и се молевме да не губиме со повеќе од 2 разлика а сега пак не сме задоволни што сме зеле само еден бод од Максимир и Хемпден парк :pos: Многу ни се кренаа апетитите а тоа е знак дека работата можи да тргни (y)
Ја колку што памтам и со Норвешка и со Шкотска и со Исланд во квалификациите за СП 2010 тргнавме доста јако на гости со Шкотска и Исланд имавме вакви зицери и тогаш бевме во група со 5 имавме само поголеми шанси за први две места помалце утакмици. Такада ништо ама баш ништо во тој поглед не е сменето освен тоа што сега е почеток на квалификации па тргнавме како напалени, штета што не земавме повеќе бодови, бидејќи можно е реалната слика да се одрази веќе на наредните два меча што ги играме дома. Вака на секој меч со секој противник како денес мало сутра.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Ај сеа индивидуално за секого да пишам и дим да ме њама! :D

За мене, „откритие“ на овие квалификации се Георгиевски и Ибраими! Не дека беа анонимуси пред тоа, али како играат браќата на десна страна... :drk:

Овој Георгиевски постојано подвижен, напред-назад, добар у еден на еден, ги има сите карактеристики на добар бек. Ибраими малку претерува со ударите „ала Робен“ али во глобала е одличен.

Глигоров и Демири се солиден копачки тандем. Знаат да отворат и да примат топка и да ја вратат без да ја загубат. Иако Глигоров е малку шашав у дефанзивните карактеристики и несигурен. Сепак, ја уште на следниот натпревар место нив би ги ставил Хусмани и Спировски!

Одбраната ни е раштрафена у пм... Значи не сфаќам како овој Новески у Мајнц е КАПИТЕН и увек го фалат дека добро игра а за репрезентација не му памтам добра партија... Увек спие у шеснаесетник и прави по некоја почетничка грешка. Шиков е таков, стап, го дава максимумот од негов. Сакам што побрзо Мојсов да се врати у ритам и да заигра место еден од овие. За Герогиевски кажав, а Попов е убедливо најслаб на овие два натпревара! Значи незнам, овој вака ако игра у WBA нема ни за резервите да го сакаат... Катастрофа!

Напред, Тричко е тотално вон форма, ни блиску до оној ланскиот. Ибраими споменав, Хасани не ме импресионира лично. Добар техничар е ама многу претерува со дриблинзите. Игра без памет, без ориентација со главата надоле.

Мирко Ивановски... неам коментар.
Пандев... Пандев... капитенска и лидерска игра! Неможеше вечно за репрезентација да игра топло-ладно. Се гледа сега колку е мотивиран и желен. Он е единствениот покрај, Ибраими и Георгиевски кој игра одлично овие натпревари!

Да бидеме искрени, сите други играат просечно но се доволни за „игра у која нема да се обрукаме“.

Внесување на свежа крв, Спировски, Хусмани, Ранѓеловиќ, Трајковски, особено на првите двајца да им се даде значајна шанса у првиот тим, и постепено внесување на Бабунски.

Со мали корекции ќе имаме барем пристоен тим со кој нема да се брукаме и со кој ќе се јадеме со сите! За Чеде бев песимист, но човекот знае што прави, нема збор за тоа.

И да, тотално ме напизди Величе кога Чеде му даваше инструкции овој си го драпаше и не го слушаше... Абе за уши и дома ебате дрвото!

После толку темнина и кал, се јавува светло! Сега сме ко Кристијан Бејл (Бетмен). И он не успеа од прва да ја искачи јамата, но со напор и работа на крај му се исплатеше!

Оти да не бидеме и ние red&yellow knight rises! :D
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
. Вака на секој меч со секој противник како денес мало сутра.
Те молам, не пишувај ако е така. Си знаеш ти како ќе играме, не мора да ни уништуваш со спојлери.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Супер игра и пак слаба реализација. Па добро колку поубај шанси треба да се напрат од оние на Ивановски и Демири(мислам беше) ?
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Кога ве чита човек ќе помисли дека сме фудбалска велесила ко Шпанија и сме изгубиле у финале на Еп/Сп.

До пред некој месец се пцуеше се живо и диво на фудбалерите кога изгубија таму од Луксембург или Лијтенштајн а од пред некој ден амбициите пораснаа до Рио.

Фудбалот ни е навлезен у минус од времето на Хаџи. Треба време да помине да се создаде солидна репрезентација.

Момците изиграа борбено ја заслужуваат секоја пофалба за нивната игра. Едноставно немавме среќа.

Незнам зошто се хејтаат албанскиве играчи кога Ибраими и Хасани изиграа многу подобро од Тричковски и Ивановски.

Ќе се полни арената а до пред некој месец имаше коментари од типот да се бојкотира репката. Кој дволичен народ сме еј :icon_lol:
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Чедомир Јаневски внесе многу позитивини работи во нашиот тим со оглед дека он не играше ни пријателски мечеви туку директно првиот меч му беше кфалификации , повеќе од добар старт е, има уште доста да се работи но ова што го видов дава надеж кон подобро, кога ја гледав Македонската репрезентација порано едвај се додржував да не заспијам или да сменам канал зошто играа досадно, анемично се бранеа цело време, и шутираа од гол до гол, а сега во овие два меча за разлика од порано се гледа дека има комбинаторика во подавање, агресивна игра , течни акции, борбеност , понапаѓачка игра каде каде, браво најголеми честитки до чедомир јаневски уште пред да го изберат навивав него да го изберат според она што го видов на овие два меча ми ги оправдува очекувањата, се надевам дека за мечевите во октомври од младата селекција ќе ги повика , Трајковски, Стефан Спировски и Бабунски. Оваа млада репрезентација има нешто што на нашата А селекција и фали нешто повеќе од 15 години а тоа се квалитетни играчи од среден ред, Стефан спировски и Бабунски се каде каде поквалитетни играчи од среден ред од , Демири и Глигоров со надевам дека ова Јаневски ќе го согледа.
 
M

MrzaRules

Гостин
Па тоа уште потрагичен го прави резултатот. Играа стварно солидно со одредени исклучоци, ама јас секогаш велам, на крајот се гледа резултатот и табелата, а на табелата не пишува кој како играл, ниту добиваш поени за надигрување и добро играње, добиваш поени за резултатот. Заслуживме три поени, не ги реализиравме и тоа е тоа.
Поддршката од мене ја имаат, ја имале и кога биле апсолутни дрва, ама ова уште повеќе боли.
Епа сеа никако да ни се погоди на нас, кога не играа ништо, зошто не играа, како не играат, не сакаат да играат, вечито четврти сме итн итн. Сега кога се променија многу работи во фудбалот, наеднаш сакаме пласман на Светско, е не оди тоа така. Очигледна е промената во играта, борбеноста и залагањето на фудбалерите, за разлика од минатото, кога играа како да им е сеедно, па ќе повторам дека конечно имаме стратег кој знае шо сака и како да го исполни тоа, а на нас останува да ја дадеме подршката, која мислам дека овој пат ја заслужуваат. Се согласувам потполно дека заслуживме да победиме, но освоивме бод на теренот каде што паѓале и многу поголеми репрезентации од Македонија, на теренот каде што ретко кој дошол и освоил поени.
п.с. не секогаш подобрата екипа победува, златно правило во спортот.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Факт е дека се имаат направено големи промени кон подобро во репрезентацијава но исто така факт е дека моментално сме далеку од пласман на едно големо натпреварување.Дај боже да грешам но моментално имаме неколку недостатоци поради кои нема шанси ни на сон да ја видиме Македонија на СП или ЕП.Ќе го пишам она што го видов на овие две утакмици од кои моравме со најмалце 4 бода да излеземе па да почнеме со ред...

Одбраната прави апла аматерски грешки заради кои моемнтално имаме само 1 бод освоен кај репрезентација што моментално покажува дека е за класа зад нашата.На првата утакмица со Хрватска бековите изгледаа како да се излезени од 4та Македонска регионална лига.Георгиевски на таа утакмица на почетокот беше многу уплашен и затоа Хрватите одеа со напади од десно но во последните 15-20 минути сфати каде е и почна да игра како што му доликува на еден репрезентативец,а таа добра игра ја продолжи и денес со Шкотска иако беше индиректен виновник за примениот гол.Попов беше можеби најсветлата точка во оние денови кога репрезентацијава не личеше на ништо но сега кога колку-толку се среди тој е играчот што прикажа убедливо најслаба игра и ако продолжи вака ќе биде седма резерва во ВБА.Толку лоши поставувања и лоши приеми на топка т.е моментите кога топката му бега преку нога се работи кои се срамни за репрезентативен бек.Стоперското дуо Новевски-Шиков изигра солидни 2 утакмици но на нивна душа одат овие 2 примени гола.Со Хрватите Новевски остана без играч и затоа на онаков ‘‘тренинг‘‘ начин беше изигран Попов,а за денешнава грешка на Шиков не би коментирал ништо затоа што онаков пропуст срамота е да направиш на маалски фудбал.

Средината е нешто што пријатно изненади и туку моментално сме најсилни.Глигоров и Демири прикажуваат доста добра игра кога се браниме но и кога треба да изнесат топка тоа го прават без многу паника.Ибраими е играчот што е доста голем работник и е нон-стоп на местото на кое што треба да биде.Искрено сум изненаден од неговата борбеност и од она затварање во одбрана,а веќе во следниот момент кога напаѓаме тој е напред и не се плаши да прими топка.Единствена нешто што треба да подобри е завршницата,а ако вака продолжи со таа борбеност местото во стартни 11 му е загарантирано.Тричковски исто така прикажува доста добри партии со тоа што имаше неколку непотребни шутеви со Хрватска во ситуација кога мораше да проигра и денес имаше еден задоцнет шут по проигрувањето од Георгиевски кога требаше на прва да шутира.Ако се земе в предвид тоа што игра со повреда мора да се признае дека прикажува едни солидни партии кои треба да бидат многу добри кога ќе биде 100% спремен за настап.Пандев е човекот што е барем 3 класи над сите останати и огромна штета е тоа што нема играч што неговите компјутерски пасови ќе ги претвори во гол.

Нападот т.е оној еден шпиц играч е моментално најголемиот хендикеп на овие квалификации.Ристиќ на првата утакмица не доби ниту една топка веројатно затоа што е навлезен во минус со поставувањето,а овој Мирко Ивановски е убедливо најголемата шушумига во репрезентацијава.Се надевам дека ова вечерва му беше последен настап за Македонија,а во спротивно ќе кажам само една работа - Киневме живци со Величе а сега ќе кинеме со овој.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Мора да ископаме некој везњак,да може Пандев малку понапред да игра.Георгиевски пријатно ме изненади,многу добро играше,за Пандев немам зборови а и Ибраими изигра одлично.

Тричковски,Попов и Хасани се вон форма,можат они многу подобро од тоа што го покажаа денес.
Знае ли некој зошто не го зема Наумовски,не е во форма или нешто друго е во прашање?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom