Македонска фудбалска репрезентација

Член од
14 март 2010
Мислења
16.984
Поени од реакции
16.420
Да видиме колку било до Шумуликовски .. :)
Неможам да речам сеа Луксембург не е мерило за квалитетот на нашата репрезентација, ама како што тргнале работите кај нас и те како е мерило..
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.149
Поени од реакции
4.033
Знае ли Ташак шо му прааат репрезентативците за време на зимската пауза?! Хасани не примириса клупа во Волфсбург, Деспотовски го одбија од два казахстански клубови и моментално нема клуб, М. Ивановски игра пријателски за вториот тим во второлигашот од Полска. Продажниот репрезентативен излог продолжува да си функционира непрекинато...
Само да те исправам, од 3 Казахстански клуба го одбија *не 2), вчера пак беше на проба кај еден и уште истиот ден го одбиле и го пратиле дома...

У секој случај и јас се согласувам, овие тројца моментално не се за репрезентација. За Деспотовски - мислам дека у секој случај не рачуна озбилно на него, го викна само како замена за Шумуликоски кој откажа, али за другиве двајца незнам зошто упорно ги форсира и гледа како стандардни репрезентативци кога реално гледано во оваква состојба стварно не заслужуваат повик, додека од друга страна упорно не ги поканува некои други добри и стандардни играчки, како Ристиќ на пример кој одлично игра во Кореја а веќе година дена не е повикан за во репрезентација...

А во врска со Шумуликоски - НЕ СЕ РАДУВАЈТЕ ПРЕД ВРЕМЕ, единствената причина зошто овој пат не е повикан е бидејќи самиот побарал да биде ослободен оти е пред трансфер, моментално е во Кина и е пред потпишување голем договор таму (звучи на некој чкљ трансфер у Кина штом иде, али стварно се работи за голем трансфер и огромна сума пари).... Така да не е дека „Тошак го шутнал“ туку само поради оваа причина не е повикан... А башка, знам дека е катастрофа типот ама ете сеа и самите гледате - кој се сеа повикани на негово место?? Глигоров и Деспотовски, едноставно неаме асални опции за таа позиција...

Јас лично очекувам да почнеме со една од овие 2 опции:​
Опција А - 4-2-3-1:​
Пачовски​
Георгиевски - Шиков - Новески - Попов​
Глигоров - Демири​
Ибраими - Пандев - Тричковски​
Наумоски​
Опција Б - 5-1-3-1:​
Пачовски​
Георгиевски* - Шиков - Мојсов - Новески - Попов*​
Демири​
Ибраими - Пандев - Тричковски​
Наумоски​
*Со тоа што Георгиевски и Попов ќе одат на напред да играат во среден ред и да помагаат (нафрлуваат) во напад​
Исто, можно е Шиков да не настапи поради повредата која веќе подолго време го влече, во тој случај на негово место ќе игра Мојсов а место Мојсов ќе игра Грнчаров.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.149
Поени од реакции
4.033
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=5639

Екипа само што ја објави истата вест за Шумуликоски што ви ја спомнав горе... Во Кина е и спрема трансфер, затоа не е повикан и нема да игра против Луксембург, за жал тоа е единствената причина, не се работи за тоа дека Тошак го избркал од репрезентација...
 
П

Паспарту

Гостин
Доколку потпише за тим од Кина сам ќе се откаже од репрезентацијата... Сите што отидоа и играа во тие предели во тој период не заиграа за репрезентација. Долг превоз, скапи карти итн. Колку што ме држи сеќавањето само Ристиќ настапи на еден натпревар додека играше во Ј. Кореја.

Инаку списоков е 'шта да ти причам', од луѓе кои не одиграле натпревар со месеци, до онакви кои се форсираат за "дај-шта-даш" трансфер. Очекувам нерешено против Луксембург, сепак се работи за репрезентација од наш ранг, а во квалификациите мислам дека за првпат ќе завршиме на последното место во групата.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.149
Поени од реакции
4.033
Доколку потпише за тим од Кина сам ќе се откаже од репрезентацијата... Сите што отидоа и играа во тие предели во тој период не заиграа за репрезентација. Долг превоз, скапи карти итн. Колку што ме држи сеќавањето само Ристиќ настапи на еден натпревар додека играше во Ј. Кореја.
Генерално е точно, ама имаше уште еден (голем) исклучок - Баже Илијоски!!! Така да искрено, кога за еден Илијоски правеа исклучок не гледам зошто и за „вечниот Шумуликоски“ не би праеле, да не се лажеме, сепак човекот има долгорочен договор со ФФМ да настапува во Репрезентацијата, не верувам дека така лесно ќе го отпуштат па макар и отиде во Зимбабве да игра :D лол Ова е само моја претпоставка али ќе видиме... Во секој случај имајте на ум дека има црвен картон и ќе мора да го пропушти стартот од следните квалификации, така да Тошак во секој случај ќе работи да најде замена за него барем за тие натпревари (сега за сега изгледа тоа ќе биде Глигоров), така да ако добро се покаже на овие пријателскиве и добро игра ондак тогаш ништо чудно и целосно да му го превземе местото на Шуми во националниот тим...
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
. Во секој случај имајте на ум дека има црвен картон и ќе мора да го пропушти стартот од следните квалификации...
Ова ни е шансата во овој циклус, да накалемиме неколку бода дури е отсутен капитенов, оти кога ќе се врати немаме шанси ни против ебаната Боцвана.
 
Член од
18 февруари 2011
Мислења
53
Поени од реакции
23
Дарко Тасевски повторно го нема во националниот тим
Ако некој од нашите играчи за врска игра во добар клуб, игра стандардно, дава голови, асистира, брка победи и титули, тоа е само и само Дарко Тасевски. Фудбалерот на бугарскиот тим Левски повторно го нема на списокот од селекторот Џон Тошак.

Имињата за дуелот на 29 февруари во Луксембург се објавени. Списокот е траги -комичен и истиот потврдува дека во националниот тим не се знае "кој ора, а кој копа". Циркус колку ти душа сака па затоа и не треба да се заморуваме со амбиции дека може нешто да направиме. Се додека списокот се прави по одредени шеми, математики и интереси кај нас напредок во националниот тим ќе нема. А, Дарко Тасевски со Левски се врати од подготовките во Софија.
"Не би сакал да кажам дека не би сакал да играм за националниот тим. Јас сум тука, но нема никого да молам. Веќе навикнав на ваков третман кон мене од одредени лица по доаѓањето на Тошак. Не би имал против, но кога ќе го видам списокот ми се смее. Ова не е можно, но тоа е и доказ дека не сум и не сакам да бидам дел од никакви шеми и интереси. Јас сум тука, во Левски. Задоволен сум од третманот и игрите во клубот. А тие кои одлучуваат и прават списоци можеби сметаат дека Софија е далеку и не можат да дојдат да гледаат. Можеби да немав клуб и да одев по проби ќе имав поголеми шанси за место во репрезентацијата", истакнува Тасевски, кој потајно се надева пред објавувањето на секој список дека и неговото име ќе биде на истиот.
А средниот ред кај нас е очај со години. Точно дека Тасевски има минат стаж во националниот тим, но не беше толку лош. Имало и полоши од него па тие се уште се во репрезентацијата, но и не играа во клубови кои се во рангот на Левски. За жал, точна е констатацијата за репрезентацијата која ја слушаме деновиве низ кулоарите.
Таа гласи дека Тошак стана хуманитарец па така на списокот ги става оние кои немаат клубови и одат по проби. Како ли само со такви играчи ќе ни одведе на СП во Бразил!?

http://www.idividi.com.mk/sport/fudbal/749440/index.html
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
а одкај излегоа овие демири и остали, рамковни да не се. Мислам немам ништо против да играат ама кои се и од каде искочија???
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.585

:pos: :pos: :pos:
Нема што да се каже повеќе...
 
WESLEY 10

В А Р Д А Р Е Ц !!!
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.925
Поени од реакции
332
:pos: :pos: :pos:
Нема што да се каже повеќе...
Па нема,и самите си знаете зашто е вака,и репрезентативец на Македонија ми потврди истото,Албанците мораат да играт,пошто Хари си го пуни џебот :D
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Незнам дали има некој што уште се замара со фудбалскава репрезентација. Ја одамна престанав, таке да ништо више не ми е чудно. Попрво ќе имамо светски шампион у пливање отколку што ќе завршимо претпоследни у некоја група (за пласман на ЕП или СП ич не ни сакам да зборим).
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Незнам дали има некој што уште се замара со фудбалскава репрезентација. Ја одамна престанав, таке да ништо више не ми е чудно. Попрво ќе имамо светски шампион у пливање отколку што ќе завршимо претпоследни у некоја група (за пласман на ЕП или СП ич не ни сакам да зборим).
Смешното е што сме имале светски шампион во пливање а овие од 4 место не мрднале :pos:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.585

Kajgana Shop

На врв Bottom