Македонска фудбалска репрезентација

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.153
Поени од реакции
4.037
Нема потреба некој да ти објаснува коа си запнал да го браниш хари ако сам не сваќаш.Одговори си само зашто репрезентацијата паѓа се подоле и подоле..Зашто нашите млади селекции го јадат немиен секоја утакмица.Затоа што во македонија поради врските се изгуби желбата да се тренира кај младите,знаат дека не може да успеат.Тренираат само оние што знаат дека ке се пробијат,а тоа се оние неспособните со врски.Верувајте ова не е дното,ке идеме и подоле коа остарат и овие неколку професионалци што ги имаме.
Само од љубопитност, каков состав би составил ти лично (од нашево првенство)?
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.149
Поени од реакции
8.118

те разбирам шо сакаш да кажиш ама и вие мене не ме разбирате..реков погоре знам каква е состојбата во младинските репрезентации..а во сениорскта то го нема --тие се нашите најдобри играчи ама не дават се од себе шо е и нашиот најголем проблем
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748

Го нема, да секако.
Ги собираат тие играчи кои им треба трансфер некаде, па со одреден процент за некого у ФФМ при неговата продажба да си лапнат.
Жити мене, знаеш како беше Јонуз избран, за после и покрај катастрофалните резултати да не сака човекот да си поднесе оставка, тоа дека не му одговарало секако не сакал да замине.
У младинскте репрезентации ти е скоро па исто, иако некое дете што има квалитет, техника и фудбалско знаење ама нема некој чичко да му се јави на Бабунски да го види, тој ќе си игра у трета лига исток, место у репрезентација.
Те молам, аман не трескај, се нема водство у федерацијата за развој на фудбалот у Македонија туку основна цел е да се испере што е можно поголема сума на пари.
Хари така си го разбира постоењето на ФФМ, не го интересира него дали ќе се успее да се победи Андора или Естонија, туку него го интересира како од тоа тој да извлече што е можно повеќе пари и да си биде обезбеден до седмо колено.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.153
Поени од реакции
4.037
Значи според тебе, ако се повика играч од странска лига тогаш тоа е поради трансфер, а ако се повика некој од нашата лига тоа е бидејќи е стварно добар и заслужува повик повеќе него овие што играат во западниве лиги, Украина, Кипар, Полска, Швајцарија, Србија... Извини али аргументиве ти се смешни.. Андобт е во право - 90% од играчите беа правилно избрано (реално гледано тие ни се најдобрите) (што сакаш да кажеш дека овие од нашево првенство повеќе заслужуваат повик од 90-95% од тие што беа повикани? дај малце и ти размисли и не само тропај безвезе), проблемот е што самите уопште ко без желба играа и ко уопште да не се замараа...
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Што збориш бе?
Не значи дека тој што игра у странско првенство има екслузивно право да плати за да игра у репрезентација, туку подеднаква шанса да го направи тоа може и играч од домашно првенство.
Извини, ама аргументите се тие.

Друга работа, домашното првенство ни е каша попара, се мести кај ќе се стигне. Од лигашки и куп натпревари па до натпревари во квалификации за еврокупови.
Непишано правило е дека силна лига значи и силна репрезентација, а тоа кај нас е само мисловна именка поради погоре кажаното.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.153
Поени од реакции
4.037
Значи според тебе, Пандев, Новески, Попов, Тричковски итн итн итн сите плаќаат пари за да играат во репрезентација, и ги повикуваат поради трансфер зделки, а на нивно место би требало да играат играчи од типот на Филип Ивановски (кој неможеше да се избори во еден просечен тим од Кипар за место во тимот и цела сезона на клупа седеше) и такви некои фаци од нашава лига кои неможат ни во Србија трансфер да направат а не па негде подалеку...
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Четворица не ја прават цела репрезентација, мислам доволно јасно ти е тоа.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Значи според тебе, ако се повика играч од странска лига тогаш тоа е поради трансфер, а ако се повика некој од нашата лига тоа е бидејќи е стварно добар и заслужува повик повеќе него овие што играат во западниве лиги, Украина, Кипар, Полска, Швајцарија, Србија... Извини али аргументиве ти се смешни.. Андобт е во право - 90% од играчите беа правилно избрано (реално гледано тие ни се најдобрите) (што сакаш да кажеш дека овие од нашево првенство повеќе заслужуваат повик од 90-95% од тие што беа повикани? дај малце и ти размисли и не само тропај безвезе), проблемот е што самите уопште ко без желба играа и ко уопште да не се замараа...
Да, “играат“ во странство, ама размисли колку од нив ИГРААТ за своите клубови. Се повикуваат играчи кои добиваат по 5 минути на натпревар, се повикуваат играчи кои не ги добиваат ни тие 5 минути, се повикуваат играчи кои играат во Француска 5-та дивизија (што е најтрагично, Лазаревски ни таму не добива шанса). Не е работата само да викнеш некој што е излезен од државава, без разлика дали тој истиот не е ни во плановите на некоја затуцана Казакстанска екипа од втора/трета лига.
Точно е и тоа дека немаме некои подобри играчи од нив, на хартија (значи само на хартија), тие играчи ни се најдобри. Ама како што кажав претходно, има играчи кои сакаат да играат за репрезентација и можат достојно да го носат дресот на Македонија. Многу пати одлучува желбата и максимумот даден на терен, а не знаењето. Па за мене подобро би било да гледам некои деца кои ќе го испотат дресот, кои ќе се борат на секоја утакмица, отколку да гледам препотентни идиоти кои мислат дека се ѕвезди кога ќе дојдат овде и ги боли ку*от за репрезентација. Резултатите и вака и така ги нема, ама барем ќе знаеш дека некој се борел за нешто да напрае.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.394
Поени од реакции
18.548
те разбирам шо сакаш да кажиш ама и вие мене не ме разбирате..реков погоре знам каква е состојбата во младинските репрезентации..а во сениорскта то го нема --тие се нашите најдобри играчи ама не дават се од себе шо е и нашиот најголем проблем
Пак треба да се објасни изгледа.Нашиот проблем не се сениорските репрезентативци и нивното не давање се од себе.Нашиот проблем е што неаме со кој да ги замениме..Толку ли мозгање треба да го сватите ова..НЕАМЕ БОЉЕ.Се што вредело се ОТКАЖАЛО од фубал зашто хари ја ебал иднината..ДА имаше јак младински погон ке се погодеше една една геренерација што се залага и ке пројдевме..Ама НЕМА.Затоа се крстиме на деца од странство кој кур ги боли за оваа земја...па играат за да се продадат.Сватете го ова аман више,сум имал другари што тренирале не го тупете коа не знаете како е..
--- надополнето: Nov 24, 2011 5:53 PM ---
Само од љубопитност, каков состав би составил ти лично (од нашево првенство)?
Кај виде ти дека ке состаам нешто од нашево првенство..Па цело првенство е пуно со мулиња врскаџии и се мести секоја 2 утакмица.Кој е крив за ова ја да не сум крив ебате..Треба тој што е случајно прецедател да го среди првенството за да може асални играчи да се вадат от тука.
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.577
Зар вреди бе за такви токмаци да “дискутирате“ и да арчите тоа тастатурата...
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.153
Поени од реакции
4.037
Четворица не ја прават цела репрезентација, мислам доволно јасно ти е тоа.
Еве конкретно сите ќе ги прокоментирам, за секоја позиција:

Голмани:
1. Томе Пачовски
2. Един Нурединовски
3. Мартин Богатинов

Ни еден од овие не е некој супер голман, ама еве кажи ти самиот кој па повеќе заслужува повик? Да не сакаш да кажеш дека некој од нашава лига би бил поискусен и посоодветен од овие??? Томе и Един прво направија трансфери во странство, таму станаа стандардни И ТОГАШ добија покана, што значи сосема заслужено, а не обратно како ти што тврдиш дека сите го добиле своето место во тимот. Богатинов во меѓувреме беше трета опција од овие, го земаа откако Пачовски доби тешка повреда а почна да игра по оној меч против Ирска кога Един катастрофално изигра и нормално, се решија да го заменат. Богатинов во моментот кога прв пат беше повикан важеше за најдобар играч во нашата лига, што значи оправдан му беше повикот, а во моментот кога стана наш привремен прв голман, тоа беше откако Пачовски и Нурединоски отпаднаа како опции а он веќе беше стандарден и во одлична форма голман во Украина.

Еве ти кажи кој од овие беше погрешно повикан и кој би требало да го замени, ај ти кажи самиот кои би требало да би бидат опциите за голмани??

Одбрана:
Лев бек:
1. Горан Попов
2. Александар Лазевски
3. Владимир Димитровски (ново повикан од новиот селектор, пробан на пријателски натпревар).

Тука искрено пак не гледам ама НИКАКВА сомнителност. Ако Попов не заслужува повик тогаш незнам кој. Лазевски исто така, играше одлично за Партизан и во лигата на шампиони и е еден од нашите најголеми надежи, како се овие двајца „поради зделки повикани“, па ако играчи од оваков ранг кои играат/ле во лига на шампиони и лига европа не заслужуваат повик тогаш па јас стварно незнам кој повеќе. А Владимир Димитровски како што пишав, е повикан од Тошак (не Јонуз) за последниот натпревар (кога Попов беше повреден) и тоа само колку да му даде шанса и да го види колку потенцијал има, бидејќи е млад играч, важеше за најдобар во нашата у-21 репрезентација до пред година дена и во својот клуб од Чешка лани беше избран за најголема ѕвезда...

Централни бекови:
1. Николче Новески
2. Ванче Шиков
3. Даниел Мојсов
4. Бобан Грнчаров

За Новески не ни планирам да дискутирам, Грнчаров беше повикан во моментот кога постигнуваше неверојатни резултати во Кипар и даваше голови секој втор натпревар, но откако му дадоа шанса да игра против Ирска одма го исфрлија оти се виде дека сепак не е стабилен, Мојсов важи за голем талент и беше избран за најдобар централен дефанзивец во Србија, додека Шиков е редовен и стандардно многу солиден и стабилен во своите клубови, прво во Кипар сега во Украина која е одлична лига (во споредба со средините кај што играат останатите наши играчи). Искрено, пак стварно не гледам кој повеќе заслужува повик него овие... Кој од нашава лига би бил жити се способен да игра подобро, кога немаат едноставно никакво играчко искуство, нашава лига ти е практично аматерска, тоа би било чудо некој кој игра во такви услови да биде посоодветен него овие горе за у репрезентација..

Десени бекови:
1. Даниел Георгиевски
2. Александар Тодоровски
3. Владе Лазаревски

За оваа позиција факт е дека играчите се веќе послаби, но и самите селектори стандардно го потенцираа тоа и со право, бидејќи реално глеано неаме некои поарни. Лазаревски порано беше стандарден, но едноставно не е тоа тоа, Јонуз го повика Тодоровски кој ни беше едина друга опција во моментот, од играчи од странство зборам, тој беше добар но брзо го суспендираа во својот клуб и од тогаш со право не беше повикуван додека не направи трансфер и почна редовно да игра. Во меѓувреме, Тошак го донесе Георгиевски кој може не игра во кој знае каква лига (Хрватска) но е сепак посикусен него овие што играат кај нас, како што кажав од нашево смешно првенство и условите во кои играчите играат реално глеано неможе да се има доволно искуство и да се биде во форма за да игра за репрезентација, па сепак опции како Георгиевски и Тодоровски се убедливо подобри...

После ќе продолжам и со среден ред и напад, оти морам на кратко да одам, али ај еве за овие конкретно објасни ми како не сум во право и кажи ми кои 3-4 опции би ги земал ти за овие 4 позиции?
--- надополнето: Nov 24, 2011 6:26 PM ---
Кај виде ти дека ке состаам нешто од нашево првенство..Па цело првенство е пуно со мулиња врскаџии и се мести секоја 2 утакмица.Кој е крив за ова ја да не сум крив ебате..Треба тој што е случајно прецедател да го среди првенството за да може асални играчи да се вадат от тука.
Епа сеа, викаш тие што моментално се повикуваат, што играат во странство, не заслужувале повик, тие од домашното првенство исто не, епа кој да игра? Ете од било кое првенство, кажи моментално кој треба да биде повикан и кој да играат за репрезентација? Тоа да се среди домашното првенство никој не го оспорува, муабетот е моменталните репрезентативци дали се со право повикани или поради врски, додека има други 20 играчи кои би требале да играат на нивно место?

Или според тебе кој и да игра моментално, тоа е незаслужено и со врски и поради пари, и тоа ќе биде така се додека не се среди домашното првенство?
 
Незнам што е работава,или нејкеш да сватиш или тераш инает.90% од репрезентативците се со право повикани..Не зашто се многу добри туку зашто неам бојље.
Ја се вклучив во муабетот пошто викавте Хари зашто е крив.Не е само домашното првенство,проблем се младинските погони и немањето желба кај младите за фудбал.Ова раководство у ффм со врските и криминалот ја уби желбата за фубал во македонија.Ја нигде не реков кој треба да игра и кој не,пошто реално кој и да игра ништо не правиме.
Ако ме прашуваш мене што би направил,би го избркал цело раководство и би ги средил фудбалските школи..со квалитетни тренинзи и опрема како што доликува.Има донации од фифа за тоа,само не идат кај што треба.За 10 тина години таа генерација што ке искочи ке има шанси за влез на светско или европско.Може нема да влеземе али ке се бориме..Нешто што од кога глеам фубал се нема десено.А за овие аматери што играат нека играат само колку да се има селекција,впрочем тоа и го прават..Македонија општо повикани или не повикани има 5 играчи професионалци(незнам што ги замараат да играат за џабе,ризикуваат повреда за ништо) друго се се аматери кој имале среќа и пари у животот,тоа е едино што ги разликува од оние што играат у мало кај мене.
 
Член од
8 јули 2011
Мислења
265
Поени од реакции
202
Дечки ви ја следам дискусијта околу состојбата во Мак фудбал сите имате свои аргументи донекаде сте во право но во моментов е тоа што ги имаме мора да се искористи до махсимум.
А за да се подобри состојбата генерално треба многу работа за да се смени менталитетот на начинот како се води една организација.Па не можи да се смени фудбалскиот сојуз и да биде организиран на западно ниво ко све околу шкрипи во цела држава .
Но ме радува има некој мал напредок во државата барем така ми изгледа ценејки по новинарски извештаи но има уште многу да се работи кога државаните инстутуции ке станат тотално траспаренти ефикасни кога ке завладее правото во инстуциите кога ке се сведи на мин корупцијата тогаш можи да бараш напредок и во други сектори како што е ФФМ фудбалот.
Додека беше Југославиа се слеваа огромни пари во фудбалот од стопанството и тогаш се крадеше во сојузот ама не се осекаше затоа што имаше извор на пари.
И затоа се јавуваа и таленти сега сето секна.
А ние не сме држава со некоја фудбалска историја како латинските држави за да никнуваат таленти како печурки.
Јас не гледам како ова ке се смени за брзо време па и кој сакаш да го ставиш за преседател на ффм во моментов во овие моменти со ваква економска клима во Македонија нема да смени многу во фудбалот.
Но не значи да изгубиш надеж чист пример се кошаркарите .
И таа организација не на ниво домашно првенство е за никаде ама ето се најдоаа неколку таленти и се деси успех тоа можи да се случи и со фудбалот.
Во нормална држава после таков успех на тоа поле ке мислиш ке се трудат да се капитализира на тој успех и да се надгради ама не кај нас затоа велам треба да се смени менталитетот прво кај нас сите па после да очекуваме подобри успеси на сите полијна.
Гледам овде има фанови од клубови поделени по навивачки групи имаат свои идеи зашто не искористите бројноста на вашите групи да се лобира за подобра фудбалска инфракстратура во своите градови кога ке дојди до избори.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
Што збориш бе?
Не значи дека тој што игра у странско првенство има екслузивно право да плати за да игра у репрезентација, туку подеднаква шанса да го направи тоа може и играч од домашно првенство.
Извини, ама аргументите се тие.

Друга работа, домашното првенство ни е каша попара, се мести кај ќе се стигне. Од лигашки и куп натпревари па до натпревари во квалификации за еврокупови.
Непишано правило е дека силна лига значи и силна репрезентација, а тоа кај нас е само мисловна именка поради погоре кажаното.
И пак идаме на истото. Кој е крив за слабата лига? Хари & Ко.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Рома заинтересирана за Александар Лазевски
27.11.2011 19:23

Италијанскиот калчолигаш Рома појави интерес за ангажман на македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Лазевски, откако левиот бек одиграл одлично на вечното српско дерби, кое го следел спортскиот директор на римјаните, Валтер Сабатини. За можниот трансфер на Лазевски веќе наголемо се пишува и во италијанските медиуми, а прв оваа информација ја објави најтиражниот спортски весник „Газета дело спорт“.
Спортскиот директор на Рома, Валтер Сабатини, дошол на „Маракана“ да погледне неколку фудбалери, а пред се се интересирал за дефанзивци. На „волчицата“ и е потребен нов фудбалер во одбранбениот ред откако Николас Бурдисо сериозно се повреди и ќе отсуствува до крајот на сезоната. На радарот на Сабатини, како што пишува „Газета дело спорт“ биле Александар Миљковиќ, Александар Лазевски и Иван Иванов од редовите на Партизан, како и Ли Ади од Црвена звезда. Од сите овие фудбалери, најдобар впечаток на дербито оставил Александар Лазевски, па се очекува Рома многу брзо да отпочне преговори за негов ангажман.

http://www.footballpress.net/?action=read&idsel=94953

TRANSFER MARKET
ITALY/ ROMA, Mission in Serbia for a defender
27 Nov| Marco Gori | read 1027

© foto di Alberto Fornasari

Seeking a defender, Roma Sports Director Walter Sabatini, according to La Gazzetta dello Sport, were yesterday in Beograd to observe Partizan 21 year old Aleksandar Miljković, 23 year old Ivan Ivanov, 23 year old Aleksandar Lazevski and Red Star 21 year old Lee Addy.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom