Вујчиќ со државјанство и повик во А репрезентацијата
"Бабунски ми најави за можност да внесам конкуренција во средниот ред на националниот тим. За мене би било огромна чест и задоволство да настапувам во македонскиот дрес", вели Штефан Вујчиќ
Актуелниот фудбалер од средниот ред на "романтичарите", 25-годишниот Штефан Вујчиќ според амбициите и плановите на новиот стручен штаб на македонската репрезентација предводен од Велшанецот Џон Тошак наредниот период треба да добие македонско државјанство и повик за настап во националниот тим...
На иницијатива на главниот асистент на Џон Тошак, селекторот на младата селекција, Бобан Бабунски, кој всушност реално го крои актуелниот состав и на сениорскиот национален тим, веќе се очекува да стартува процедурата за добивање македонско државјанство за "Брацо јуниор" по што би следел и официјалниот повик за настап меѓу сениорите.
http://sport.com.mk/?ItemID=26000B8ADF282B47B78A0A1A74A9DD8A