- Член од
- 2 јули 2010
- Мислења
- 5.906
- Поени од реакции
- 7.468
Добро ,што се случува со младава репрезентација,денеска против Унгарија пак,два пенали против нас,и два црвени во нашиов тим...или опасно местиме или..не знам што е работата.
Ирците се мулиња кои не знаат да врзат две додавања, а не тепаа 2-0. Замисли па да знаеја да играат фудбал.Ние играме добро, само правиме катастрофални грешки, во серија.Прочитав еден куп глупости тука, ама ајде секој си има право на свое мислење. Ќе си кажам по мене за натпреварот и играчите, иако факт е дека пред ТВ може да се добие подобра претстава со оглед на тоа дека на стадион некогаш не можам да забележам кој играч точно бил и можеби се прави грешка при некоја проценка.
Генерално никогаш не сме изгубиле дома од репрезентација што играла толку очајно. И не знам што сите се палите на тоа дека Ирците играле колку што треба и дека кога сакале можеле да ни покажат што знаат ова она. Јас само видов мулиња што не знаат 2 додавања да врзат и кои всушност цел циклус играат слабо и ако бидат меѓу првите 2 тоа ќе биде само затоа што и Словачка разочарува во овој циклус.
Нашите и не играа толку очајно во поле, не знам што сите ја хејтате катастофалната игра, кога сме имале и многу полоши изданија. Едноставвно продолживаме со евтини грешки во одбраната, и со нереализирани 100% шанси.
Голманов цело време мислев дека го шитна првиот, но сепак не беше виновен, а потоа ја испушти и онаа од слободен, сепак не може да се каже како виновник. Тоа што го направи Грнчаров е непростливо.
Величе уште од првиот натпревар не го сакам така да нема што посебно да коментирам, Демири солиден колку што можев јас да видам, иако тука на големо го критикувате. Хасани исто така според мене меѓу подобрите.
Пандев просечно, со тоа што изнуди пенал, но и не ја искористи шансата што мораше да ја реализира (како и секогаш), а Тричковски имаше и подобри натпревари во овој циклус.
Се на се, не е ни до играчите ни до тренерот. Ова се повторува веќе 15 години, веќе 10 циклуси во кои се менувале играчи и тренери, но менталитетот останува.
Што знам, можеби нас ни треба квалитетен противник. Ако они изиграа супер, можда ние ќе победевмеНе можам да се сложам со ваквите мислења. Ако на секој натпревар се истакнуваме со кардинални глупости, не може да е случајност. Тоа е незнаење, неквалитет, ниско ниво. Ништо друго не може да биде. Тоа што Ирска не тепа со никаква игра покажува само дека сме биле очајни. Ете, ако тие не можеле да врзат две додавање, зошто ние тоа не го искористивме да направиме нешто повеќе?
Добро, од Островјаните можеш да очекуваш убав клупски фудбал ама репрезентативниот им е тапа, мислам за око збориме.Што знам, можеби нас ни треба квалитетен противник. Ако они изиграа супер, можда ние ќе победевме
Шала на страна, тоа мулиња си го употребувам и за Шкотска и за Англија. Едноставно тој островски стил на игра воопшто не ме пали и обично против таквите екипи и имаме шанси. Е сега трагедијата е што овие екипи никогаш не немаат надиграно, а постојано не победуваат.
Се сложувам со тебе дека целосно не функционира нешто, ама муабетот ми беше дека и не играме до толку лошо (кога ќе се иземат 2 - 3 грешки во одбрана и 1 - 2 неискористени шанси, кои секогаш за жал се кардинални), а и без врска се плука по одредени играчи. Ете сега Попов едно 5 - 6 души рекоа дека е дрво, а беше најдобар поединец. Точно можеби требаше на моменти да проба да влезе во 16 ник и со ниска топка наместо центар - шут, ама што да прави човекот кога претрча 10 пати повеќе од другите, кога сите топки одеа кон него, кога десен бек ни игра класичен стопер, кога Величе нема никаква визија и не гледа отворен играч што и слепец ќе го види.
Мене и не ми се допаѓа нашава а - ла Барса формација, и со оглед на ефикасниве напаѓачи што ги имаме би земал 4 - 5 - 1 барем да не стојат за џабе напред.
А за селектор би сакал да го видам пак Џиџи, со кого барем мене лично најмногу ми се допаѓаше играта, можеби Хаџиевски со кого бевме најблиску до 2ро место или пак Чедомир Јаневски.
Завршив со коментарите, човеков ме остави без текст! :браво:По катастрофалното издание на македонската фудбалска репрезентација на синоќешниот евроквалификациски натпревар против Ирска, кристално јасно е дека се потребни промени. Но прашањето е од каде да почнеме? Од нов стручен штаб? Нови играчи? Проблемот во репрезентацијата можеби оди уште подлабоко, но селекторот Мирсад Јонуз вели дека ќе направи добра анализа на досега сработеното и за неколку дена ќе соопшти дали ќе подесе оставка на функцијата.
„Ќе размислам убаво и ќе направам длабока анализа на она што сум го сработил во овие 6 натпревари во квалификациите“, изјави Јонуз, кој пред почетокот на овој циклус најавуваше атак на првите две места во групата Б. „Јас на пријателските натпревари пред почетокот на квалификациите мислев (???) дека имаме репрезентација, која што ќе игра важна улога во оваа група, но едно се квалификациите, а друго пријателските натпревари. Направивме многу грешки во текот на овие натпревари, не искористивме многу шанси, а исто така не успеавме да реализираме и многу пенали. Ќе направам длабока анализа и за неколку дена на управниот одбор на ФФМ ќе му ја соопштам мојата одлука“, рече селекторот.
Јонуз повторно се обиде да го ублажи ефектот од поразот со тоа што потсети дека во минатото Македонија губела на домашен терен и со 5-0. „По мое лично видување ние досега требаше да имаме освоено 10 или 11 бодови. (Има ли пилот во авионот? хахаха... лудница...) Ние во овој момент имаме 4, а реално (да видиме дефиниција за реално) по она што го одигравме против Словачка, Русија и Ирска заслуживме победи. (хоули фак!!!) Во овој момент треба да се свртиме кон она што го одигравме досега и да анализираме. Фудбалот не завршува тука, ние во минатото на домашен терен сме губеле и многу поубедливо, по некогаш и со 5-0, но не било страшно. (не било страшно??? )Јас мислам дека играчите го дадоа максимумот и не можам да им забележам ништо на фудбалерите“, истакна Јонуз.
Ако фудбалерите синоќа го дадоа максимумот тогаш што ќе се случи со репрезентацијата кога нема да дадат се од себе? Можеби неговите избраници се обидоа да одиграат најдобро што можат, но на сите 30.000 присутни на стадионот и на оние покрај малите екрани им беше јасно дека ова не е максимумот на нашите најдобри фудбалери. На спортските арени ширум Македонија има една изрека, која вели, „срце на терен“. Синоќа не слушнавме такво скандирање, но затоа пак цел стадион неколку пати побара оставка од селекторот, кој изнервиран од неколку провокативни прашања на новинарите пред време ја напушти синоќешната прес конференција. Мирсад Јонуз мора да ја прифати одговорноста и реалноста во која се наоѓа моментално, а таа многу јасно ги покажува случувањата во нашиот фудбал. Селекторот како искусен фудбалски работник многу добро знае дека тренерите секогаш се први на отстрел и секогаш се главни виновници, кога работите не одат како што треба. Професионалноста и принципите секогаш треба да бидат пред егото.
Самокритичен е чоекот...Вчера ќе беше садо-мазохистички да се чита ова, ама денес из џст фани!
Завршив со коментарите, човеков ме остави без текст! :браво: