Македонска фудбалска репрезентација

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.476
Јеботе невероватна работа е колку не може да се изанализира една утакмица на форумов. Одбраната прима два евтини гола, Пандев и Илчо се криви, ма да вториов излезе по 10-15 минути. Страшни работи:

1. Број еден на вечната листа е Х.Х., ама да се симнеме долу на терен.
2. Број два виновник е Јонуз. Човекот се фалеше дека ќе сме играле како Барселона (не го реметам сега, на пасови мислеше, само нема усул што тропа кога споредува.) Наместо тоа, се играше на долги топки. Брилијантно: тројца ниски напаѓачи против четворица високи играчи ем островјани, тие ја измислија играта на долги топки... И наназад гледано, само со пас-игра сме им правеле проблем, пример Шкотска.
3. Одбрана. Се што им требаше на Ирците е да им ја дадат топката и да ги притиснат. Можеби си мислите дека Ирска не одиграла добро, ама тие не се паднати од Марс. Точно не проценија и школски не победија, без напор.
4. Среден ред: знаеме дека е мизерен средниот ред, ама Марио Ѓуровски на клупа? Единствен во овој состав што може да направи нешто креативно со топката по средина?
5. Играчите премногу оддалечени еден од друг, слабо откривања, грешки во додавања и еднолични дај-му-ја-топката-на-Попов акции.
6. За кој фактор го кривите Пандев, хелоууу? Има ли пилот во авионот? Човекот изнуди пенал, можеше со чисто срце уште еден да ми свирне судијата. Направи колку што може да направи било кој напаѓач кој е тотално отсечен и не добива топки. За Меси ќе почекаме.

Може и да не сум во право за сите 6 точки, ама дај да му се невиди не трескајте глупости, земете прочитајте странски форуми на Островскиве репрезентации на пример, да видите како форумџиите точно знаат да ги лоцираат грешките на нивниот тим. И таму има разлики во мислења се разбира, ама околу елементарни и очигледни работи се сложуваат. Овде кај нас, не се знае кој пие кој плаќа. Пандев е крив, Илчо е крив, Цацко е крив...
 
Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Уууу Аааа Македонија.
Репрезентација составена од еден добар играч ( Попов) и ресто подпросечни не треба да се очекува од неа чуда.
Иначе му успеа на тој како се вика селекторот да ја направи репрезентацијата ко Барселона. Еј тотално ги надигравме Ирците ...70% посед на топка(ко фановите на барса ќе бидам ;)).

Ирците незнам што да кажам за нив. Дрва и тие ама начекаа поголеми дрва и удри. Иначе очекувам од Андора да не плесне или пак да ни одземе некој бод.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
КАТАСТРОФА! и игра и навивање... покатастрофално навивање не сум видел,мора КОМИТИ да се вратат на стадион... за игра да не правам муабет :)
Комити беа на стадион ако не си забележал , иначе атмосферата беше одлична , а и навивањето беше исто така одлично , цел стадион пееше ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ , тоа беше најак филинг да ја пееш таа песна со 27999 други луѓе ;)
 
М

Мартин`

Гостин
Само што стигнав сега дома од Скопје поточно од стадион ..

1. Народ колку сакаш едноставно претерано многу народ дури и кога почна утакмицата имаше огромни редици кои влегуваат или тек сега идеа, да не зборувам за тоа дека карти се бараа цело време кај билетара беше хаос .. билетите стигнуваа и цена за 1000-1500 за еден, секоја чест за препродавачите ги наполниле џебовите добро иако и ги немаше баш.. ќе се појави чат пат по некое старче да продаде и за 5 секунди картите се продаваат. Јас бидејки дојдов од Велес по саат време чекање се изнервирав барајки и земав 2x за 1500 денари.. не е малце сепак не мислам за џабе дека сум дошол.

2. Атмосферата во салата не којзнае каква но со оглед на резултатот според мене солидна, посебно она брановите и излези момче горе на тераса.. како и секогаш така и сега имаше идиоти кои ги мрзи барем еднаш да викнат, и незнам што мајка бараат таквите на натпревар а уште повеќе не репрезентативен натпревар! Дел од заслугата за добрата атмосфера имаат Комити Стара Гарда .. дечките се трудеа колку толку да ја разбудат публиката!

3. Играта очајна од одбрана па до напад, единствена светла точка можеби беше Пандев се трудеше човекот ама џабе е сам неможе да игра многу јасно. Првиот гол безвеза ни го дадоа одбраната кикс поради не-навременото покривање а и голманот што мајка бараше толку испаднат врска немам. Инаку одбраната дефинитивно најслаба на натпреварот, 2-риот гол чист поклон.. ти ебам одбраната глупа што дава поклони на противничките напаѓачи.

Плус поништен гол, промашен пенал така да сосема заслужено изгубивме .. не заслужуваме повеќе!

И мило ми е што се исвирка и се скандираше против Јонуз само требаше и против брадоњата кој е на чело на ФФМ мафијата Хари, додека се они напредок во фудбалот тешко дека ќе имаме!
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947

Комити не беа на стадион и нема да одат додека не се смени раководството.
Атмосфера ? Која атмосфера бе другар она јави се јужна и плескањето со раце како на дувна ветре развигорче го сметаш за добра атмосфера ?
Навивање ? Знаеш што е навивање ? Си бил на утакмица каде што има присуство од навивачка група ?
Се пееше песната само еднаш наместо 5-6 пати по ред,
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.078
Поени од реакции
45.941
Комити беа на стадион ако не си забележал , иначе атмосферата беше одлична , а и навивањето беше исто така одлично , цел стадион пееше ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ , тоа беше најак филинг да ја пееш таа песна со 27999 други луѓе ;)
Koмити повеќе не се организираат за натпревари на Македонија, мада нека потврди некој од нив тука, причина е Хари дебилот. Имаат палец горе од мене за тоа.
 
Во која сала си бил момче? :p
 
С

Спенсер

Гостин
Комити беа на стадион ако не си забележал , иначе атмосферата беше одлична , а и навивањето беше исто така одлично , цел стадион пееше ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ , тоа беше најак филинг да ја пееш таа песна со 27999 други луѓе ;)
Не беа,може биле некои членови,ама не организирано... И браво за Старата Гарда-Комити... колку-толку направија нешто :)
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.596
Комити не беа на стадион и нема да одат додека не се смени раководството.
Атмосфера ? Која атмосфера бе другар она јави се јужна и плескањето со раце како на дувна ветре развигорче го сметаш за добра атмосфера ?
Навивање ? Знаеш што е навивање ? Си бил на утакмица каде што има присуство од навивачка група ?
Се пееше песната само еднаш наместо 5-6 пати по ред,
Добро добро полека :) за мене беше задоволство што цел стадион пееше , што досега не сум го видел кај нас ... а иначе знам што е навивање ...
--- надополнето: Jun 4, 2011 11:47 PM ---
Не беа,може биле некои членови,ама не организирано... И браво за Старата Гарда-Комити... колку-толку направија нешто :)
Епа моја грешка тогаш , јас видов дека Комити имаше на Јужна , а тоа да ти било Стара Гарда , дубоко се извињавам
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па добро бе не иделе Комити и што сега ајде никој да не оди не држат вода такви муабети атмосферата беше луда буквално во второ полувреме и покрај резултатот. На Запад почна да се пее и да се пали и плус со двете знамиња вергина и националното беше врв!
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Koмити повеќе не се организираат за натпревари на Македонија, мада нека потврди некој од нив тука, причина е Хари дебилот. Имаат палец горе од мене за тоа.
Кажав погоре ќе кажам и тука Комити не идат на натпревари за репрезентација додека не се смени раководството.Капак на се беше тргањето на трансот со Јохан портив Шкотска.
 
С

Спенсер

Гостин
Па добро бе не иделе Комити и што сега ајде никој да не оди не држат вода такви муабети атмосферата беше луда буквално во второ полувреме и покрај резултатот. На Запад почна да се пее и да се пали и плус со двете знамиња вергина и националното беше врв!
Проблемот беше што немаше иницијатор,немаше кој да почне песна... кога ќе почнеа,продолжуваа сите,како што беше со Едно име имаме,и Излези момче... затоа викам Комити/ а и без тапани неиде...
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Ако видим лош збор за Тричковски ќе скокнем одма од 4ти!
 
|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Отидов , испразнив негативна енергија и се прибрав. Нема потреба да отварање дискуции за играта, хари ,јонуз и слично,бидејки од 311 страници на темава мислам дека во 300 се спомнуваат тие имиња... ајде сега фино лепо еден кикс со Андора и да крене народов на бунт. :sneaky:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom