bobipp
Let's cook!
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 11.993
- Поени од реакции
- 7.147
Ако излегуваш со женскаСе мислам утре вечер дали да седам дома или да одам некаде со друштво на излегување, шо ќе ми препорачате вие ха? :smir:



Ако излегуваш со женскаСе мислам утре вечер дали да седам дома или да одам некаде со друштво на излегување, шо ќе ми препорачате вие ха? :smir:
Aбе камо да беше со женскатаАко излегуваш со женскаич да не му ја мислиш, терај работа
Aко не тогаш вреди да им дадеш шанса на нашиве. Ако ништо друго ќе го видиш новиот убав стадион во Даблин
![]()
Парите...Абе све можам да разберам,играат со врски,подмитени се итн но под никаков притисок,не знам зошто се уште мислат дека 2 Азербејцански лиги,Белоруски и сл се подобри од 1 МФЛ.Па зошто бе овој Буба не го земаат?
Kолку да напише нешто он, колку да има мислење плус, да спамира само ... Ме турил у потпис, а ни самниот не знае што лупета.Па победа за Ирска нема да биде изненадување лол
Да ама требаат нови играчи, а тие од каде ќе излезат?!Последен добар играч што излегол од нашава лига бил Васовски, а тоа беше пред 6-7 години, после него се дрва. Не можеме да очекуваме од дијаспората цел тим, можеби 2-3 играчи и то е то, друго мора од кај нас да излези.^
Во исто време не треба да се залажуваме дека и со добра финансиска поткрепа Македонија ќе има некаква си фудбалска лига освен да се припои во некоја балканска лига. А на истото ова се надоврзува фактот дека не е пресудно да се има силна лига за да се има и слина репрезентација. Доволно е играчиве од репрезентација да се во добра форма и постојано да настапуваат во силни лиги а под ова не се подразбира само западен свет туку тука спаѓаат и Русија и Украина кои како големи држави ќе имаат што да бараат во својата лига освен добра финансиска поткрепа.
Затоа потоа ќе не боли кога ќе гледаме македонски спортист во дрес на друга држава, ќе праќаме молби да го присвоиме некако и потоа повеќето од нас ќе го пцујат, наводно, предавник. Ние сме единствена држава каде што спортисти плаќаат за да тренираат, едни Зимбабве, Того не надминаа. Со ваква поставеност македонскиот спорт ќе стане апстрактна именка за некоја година, не само фудбалот.Парите ќе донесат поголем квалитет сигурно, не е исто да донесеш играч кој вреди 200 000 евра годишно и играч кој вреди 10 000 евра. Потоа треба многу пари да се инвестираат во младинските школи, а не како сега да се пуштаат децата да играат по околните села на терени со кал до колена и стадо овци позади гол. Васовски, Пандев, Роберт и Горан Попов, Стојков, Тасевски, Гроздановски и други, се дел од онаа генерација која играше во нашето првенство кое во споредба со сегашново е барем 10 пати поквалитетно. За странците подобро и да не зборуваме, такви многу оддамна немало во нашата лига. Сега кај нас доаѓаат странци од 2ра и 3та српска лига, како и Бразилци кои до вчера продавале крофни на Копакабана. Овие странци е илузорно да се споредуваат со Оливеира, Брага, Љубиша Савиќ, Ахметовиќ, Чановиќ, Милошевиќ, Џеферсон, Жилсон, Петков и уште многу други. Доволно е само да се врати тоа време, обичниот гледач не бара лига на рамниште на италијанската и англиската, туку ако ништо друго, барем да бидеме пред оние фудбалски "вукојебини" каде што сме и ние сега. Тогаш се вложуваа многу повеќе пари од овие што се "вложуваат" денес, тогаш имаше гледачи на стадионите, тогаш се живееше за клубовите. Кога наш играч не може да помине на тест период во екипа од 3та лига, тогаш треба да ни е јасно каква ни е лигата... Со зголемувањето на конкуренцијата (квалитетни странци) и вложувањето во младинскиот фудбал ќе се зголеми постепено и квалитетот на играчите/лигата, а тоа доведува до трансфер во поголем клуб (поквалитетни натпревари), а со тоа и до поквалитетна репрезентација.
Точно! Убаво што ме потсети сега, порано во младинските школи (фудбал) не се плаќаше ништо, а денеска се плаќа месечна членарина!? Јас разбирам дека клубовите треба да имаат некаков профит, но да удриш по грбот на децата е најлошата можна работа... Затоа и како што кажа пропаѓа спортот во Македонија, наместо на сите деца да им се овозможи да мислат само на спортот коишто го тренираат, на нив најмалку простор им се остава да се посветат на тоа, капак на се што во секој спорт се форсираат внуци, синови, ќерки итн. Од секое дрво не бива шупелка, па така и од секој син/ќерка квалитетен спортист.Затоа потоа ќе не боли кога ќе гледаме македонски спортист во дрес на друга држава, ќе праќаме молби да го присвоиме некако и потоа повеќето од нас ќе го пцујат, наводно, предавник. Ние сме единствена држава каде што спортисти плаќаат за да тренираат, едни Зимбабве, Того не надминаа. Со ваква поставеност македонскиот спорт ќе стане апстрактна именка за некоја година, не само фудбалот.
Офтопик ама сепак е македонски спорт и е поврзано со репрезентации, сеедно, тој беше Дарко Дамјановски, памтам беше позади црнецот од некоја африканска земја што прв пат се најде на снег во животот :lud: Јас не знам дали некој од надлежниве лица пуштил ТВ или отворил весник да види какви застрашувачки резултати се постигнуваат сега а како било пред 15 години. Или па го најдоа спортот како најлесна работа на која може да се заработат пари. За самофинансирањето немам коментар, барем аир да се гледаше ама ни тоа го нема. Нема услови како прво за нормално тренирање, а потоа за витаминизација и исхрана. Зошто со цедевита пред натпревар во други земји и на локално ниво ќе те посрамотат. Страшно.Точно! Убаво што ме потсети сега, порано во младинските школи (фудбал) не се плаќаше ништо, а денеска се плаќа месечна членарина!? Јас разбирам дека клубовите треба да имаат некаков профит, но да удриш по грбот на децата е најлошата можна работа... Затоа и како што кажа пропаѓа спортот во Македонија, наместо на сите деца да им се овозможи да мислат само на спортот коишто го тренираат, на нив најмалку простор им се остава да се посветат на тоа, капак на се што во секој спорт се форсираат внуци, синови, ќерки итн. Од секое дрво не бива шупелка, па така и од секој син/ќерка квалитетен спортист.
Па какви радости имаше кога на една Олимпијада (не ми текнува точно која) нашиот се бореше до крај за претпоследно место со некој од Африка, а за скијање имаме планини со огромен потенцијал, но немаме луѓе со мозок кои ќе го овозможат развивањето на тој потенцијал, а со самото тоа и квалитетот на скијачите. Тенисери, пливачи, кајакари, сите одат на припреми со пари од свој џеб, а по секој постигнат успех политичариве очи ќе си извадат за да го претстават тој успех како свој. Нормално е дека на секој спортист тоа самофинансирање некој ден ќе му дојде преку глава...
Младинците подобри од СловенијаMakedonija-Slovenija U21
Man of the match : Ferhan Hasani![]()