Македонска фудбалска репрезентација

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.830
Поени од реакции
6.834
Се мислам утре вечер дали да седам дома или да одам некаде со друштво на излегување, шо ќе ми препорачате вие ха? :smir:
Ако излегуваш со женска :) ич да не му ја мислиш, терај работа :) Aко не тогаш вреди да им дадеш шанса на нашиве. Ако ништо друго ќе го видиш новиот убав стадион во Даблин :)
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.938
Поени од реакции
4.432
Ако излегуваш со женска :) ич да не му ја мислиш, терај работа :) Aко не тогаш вреди да им дадеш шанса на нашиве. Ако ништо друго ќе го видиш новиот убав стадион во Даблин :)
Aбе камо да беше со женската :)) ама не е другар слави роденден :))

Патем нешто ме влече накај изненадување победа за Ирска :)) :smir:
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.119
Поени од реакции
3.977
Па победа за Ирска нема да биде изненадување лол
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Македонската фудбалска репрезентација е решена конечно да победи една подоброрангирана селекција на гостински терен и тоа планира да го направи вечерва (20.45 ч.) на стадионот „Авива“

Каков коментар мајкеее
http://www.time.mk/read/1fa833df73/4a6e43830d/index.html
 
П

Паспарту

Гостин
Абе све можам да разберам,играат со врски,подмитени се итн но под никаков притисок,не знам зошто се уште мислат дека 2 Азербејцански лиги,Белоруски и сл се подобри од 1 МФЛ.Па зошто бе овој Буба не го земаат?
Парите...

Во Азербејџан многу се вложува во фудбалот последниве години, а парите што би ги земале играчите во нашава лига и таму не се исти. Кај нас никој не се нафаќа да вложи убави пари во фудбалот веќе долго време, ова што го имаме во моментот се екипи кои се добри поради тоа што сите останати се лоши. Нашите клубови ја сфаќаат реалноста дури откако во првото претпретпретквалификационо коло ќе ги исплеска некоја екипа од Ерменија или Луксембург. Порано ваквите екипи на ниту една екипа од Македонија не им претставуваа никаков проблем, денес тие се апсолутни фаворити... Ѕинго, Ламбе и Хари го сфатија фудбалот како своја лична сопственост, уништија 90% од македонските фудбалски брендови, ги лапнаа парите што ги донираа ФИФА и УЕФА, Нирнберг ни подари столчиња, а во Тетово ги монтираа и прикажаа како купени, поставија селектори на младински и сениорски репрезентации како награда за "добро" завршена работа итн. Квалитетен фудбалер и репрезентативец не излегол од нашава лига со години, а сето тоа е поради она што претходно е кажано. Да не спомнувам дека и политиката е длабоко навлезена во целиот наш спорт...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
^
Во исто време не треба да се залажуваме дека и со добра финансиска поткрепа Македонија ќе има некаква си фудбалска лига освен да се припои во некоја балканска лига. А на истото ова се надоврзува фактот дека не е пресудно да се има силна лига за да се има и слина репрезентација. Доволно е играчиве од репрезентација да се во добра форма и постојано да настапуваат во силни лиги а под ова не се подразбира само западен свет туку тука спаѓаат и Русија и Украина кои како големи држави ќе имаат што да бараат во својата лига освен добра финансиска поткрепа.
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Па победа за Ирска нема да биде изненадување лол
Kолку да напише нешто он, колку да има мислење плус, да спамира само ... Ме турил у потпис, а ни самниот не знае што лупета.
 
П

Паспарту

Гостин
Парите ќе донесат поголем квалитет сигурно, не е исто да донесеш играч кој вреди 200 000 евра годишно и играч кој вреди 10 000 евра. Потоа треба многу пари да се инвестираат во младинските школи, а не како сега да се пуштаат децата да играат по околните села на терени со кал до колена и стадо овци позади гол. Васовски, Пандев, Роберт и Горан Попов, Стојков, Тасевски, Гроздановски и други, се дел од онаа генерација која играше во нашето првенство кое во споредба со сегашново е барем 10 пати поквалитетно. За странците подобро и да не зборуваме, такви многу оддамна немало во нашата лига. Сега кај нас доаѓаат странци од 2ра и 3та српска лига, како и Бразилци кои до вчера продавале крофни на Копакабана. Овие странци е илузорно да се споредуваат со Оливеира, Брага, Љубиша Савиќ, Ахметовиќ, Чановиќ, Милошевиќ, Џеферсон, Жилсон, Петков и уште многу други. Доволно е само да се врати тоа време, обичниот гледач не бара лига на рамниште на италијанската и англиската, туку ако ништо друго, барем да бидеме пред оние фудбалски "вукојебини" каде што сме и ние сега. Тогаш се вложуваа многу повеќе пари од овие што се "вложуваат" денес, тогаш имаше гледачи на стадионите, тогаш се живееше за клубовите. Кога наш играч не може да помине на тест период во екипа од 3та лига, тогаш треба да ни е јасно каква ни е лигата... Со зголемувањето на конкуренцијата (квалитетни странци) и вложувањето во младинскиот фудбал ќе се зголеми постепено и квалитетот на играчите/лигата, а тоа доведува до трансфер во поголем клуб (поквалитетни натпревари), а со тоа и до поквалитетна репрезентација.
 
Член од
13 март 2009
Мислења
1.968
Поени од реакции
1.868
^
Во исто време не треба да се залажуваме дека и со добра финансиска поткрепа Македонија ќе има некаква си фудбалска лига освен да се припои во некоја балканска лига. А на истото ова се надоврзува фактот дека не е пресудно да се има силна лига за да се има и слина репрезентација. Доволно е играчиве од репрезентација да се во добра форма и постојано да настапуваат во силни лиги а под ова не се подразбира само западен свет туку тука спаѓаат и Русија и Украина кои како големи држави ќе имаат што да бараат во својата лига освен добра финансиска поткрепа.
Да ама требаат нови играчи, а тие од каде ќе излезат?!Последен добар играч што излегол од нашава лига бил Васовски, а тоа беше пред 6-7 години, после него се дрва. Не можеме да очекуваме од дијаспората цел тим, можеби 2-3 играчи и то е то, друго мора од кај нас да излези.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Парите ќе донесат поголем квалитет сигурно, не е исто да донесеш играч кој вреди 200 000 евра годишно и играч кој вреди 10 000 евра. Потоа треба многу пари да се инвестираат во младинските школи, а не како сега да се пуштаат децата да играат по околните села на терени со кал до колена и стадо овци позади гол. Васовски, Пандев, Роберт и Горан Попов, Стојков, Тасевски, Гроздановски и други, се дел од онаа генерација која играше во нашето првенство кое во споредба со сегашново е барем 10 пати поквалитетно. За странците подобро и да не зборуваме, такви многу оддамна немало во нашата лига. Сега кај нас доаѓаат странци од 2ра и 3та српска лига, како и Бразилци кои до вчера продавале крофни на Копакабана. Овие странци е илузорно да се споредуваат со Оливеира, Брага, Љубиша Савиќ, Ахметовиќ, Чановиќ, Милошевиќ, Џеферсон, Жилсон, Петков и уште многу други. Доволно е само да се врати тоа време, обичниот гледач не бара лига на рамниште на италијанската и англиската, туку ако ништо друго, барем да бидеме пред оние фудбалски "вукојебини" каде што сме и ние сега. Тогаш се вложуваа многу повеќе пари од овие што се "вложуваат" денес, тогаш имаше гледачи на стадионите, тогаш се живееше за клубовите. Кога наш играч не може да помине на тест период во екипа од 3та лига, тогаш треба да ни е јасно каква ни е лигата... Со зголемувањето на конкуренцијата (квалитетни странци) и вложувањето во младинскиот фудбал ќе се зголеми постепено и квалитетот на играчите/лигата, а тоа доведува до трансфер во поголем клуб (поквалитетни натпревари), а со тоа и до поквалитетна репрезентација.
Затоа потоа ќе не боли кога ќе гледаме македонски спортист во дрес на друга држава, ќе праќаме молби да го присвоиме некако и потоа повеќето од нас ќе го пцујат, наводно, предавник. Ние сме единствена држава каде што спортисти плаќаат за да тренираат, едни Зимбабве, Того не надминаа. Со ваква поставеност македонскиот спорт ќе стане апстрактна именка за некоја година, не само фудбалот.
 
Точно! Убаво што ме потсети сега, порано во младинските школи (фудбал) не се плаќаше ништо, а денеска се плаќа месечна членарина!? Јас разбирам дека клубовите треба да имаат некаков профит, но да удриш по грбот на децата е најлошата можна работа... Затоа и како што кажа пропаѓа спортот во Македонија, наместо на сите деца да им се овозможи да мислат само на спортот коишто го тренираат, на нив најмалку простор им се остава да се посветат на тоа, капак на се што во секој спорт се форсираат внуци, синови, ќерки итн. Од секое дрво не бива шупелка, па така и од секој син/ќерка квалитетен спортист.

Па какви радости имаше кога на една Олимпијада (не ми текнува точно која) нашиот се бореше до крај за претпоследно место со некој од Африка, а за скијање имаме планини со огромен потенцијал, но немаме луѓе со мозок кои ќе го овозможат развивањето на тој потенцијал, а со самото тоа и квалитетот на скијачите. Тенисери, пливачи, кајакари, сите одат на припреми со пари од свој џеб, а по секој постигнат успех политичариве очи ќе си извадат за да го претстават тој успех како свој. Нормално е дека на секој спортист тоа самофинансирање некој ден ќе му дојде преку глава...
 
Офтопик ама сепак е македонски спорт и е поврзано со репрезентации, сеедно, тој беше Дарко Дамјановски, памтам беше позади црнецот од некоја африканска земја што прв пат се најде на снег во животот :lud: Јас не знам дали некој од надлежниве лица пуштил ТВ или отворил весник да види какви застрашувачки резултати се постигнуваат сега а како било пред 15 години. Или па го најдоа спортот како најлесна работа на која може да се заработат пари. За самофинансирањето немам коментар, барем аир да се гледаше ама ни тоа го нема. Нема услови како прво за нормално тренирање, а потоа за витаминизација и исхрана. Зошто со цедевита пред натпревар во други земји и на локално ниво ќе те посрамотат. Страшно.
 
П

Паспарту

Гостин
Еве го мислењето на Ѓоко за натпреварот против Ирска

164082.jpg
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.232
Поени од реакции
8.011
Офанзивно во Даблин
Сабота, 26 Март 2011 03:15
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Мирсад Јонуз го објави официјалниот состав, кој вечерва во Даблин ќе и се спротивстави на Република Ирска во рамки на квалификациите за Европското првенство 2012-та година...

Голман: Едо Нурединовски;

Одбрана: Грнчаров, Шиков, Новески и Попов;

Среден ред: Демири, Шумоликоски и Тасевски; и

Напад: Пандев, Тричковски и Наумоски.

извор

Се ми се чини дека ќе беше подобро со ристич да почниме наместо прилепчанецот но друг е селектор а не јас и тој ако загуби треба да је преземе одговорноста за евентуалниот пораз а не да се правда кога ќе ми речат(хари) ќе се повлечам или да се вади со изјави до типот имавме шанси ама толку ни е силата ете иамвем зицер ама немамевме среќа како што прави секогаш

--- надополнето ---

Makedonija-Slovenija U21

Man of the match : Ferhan Hasani :)
Младинците подобри од Словенија
Сабота, 26 Март 2011 02:33
Во текот на вчерашниот ден, македонската фудбалска репрезентација до 21 година на пријателски натпревар во Скопје, со минимални 1:0 ги совлада врсниците од Словенија...

Единствениот погодок на стадионот "Борис Трајковски" беше фудбалерот на холандски Херенвеен, Самир Фазли во 39-тата минута од натпреварот.

За четири дена нашите надежи патуваат во Подгорица, каде ја играат следната подготвителна средба против соодветната селекција на Црна Гора.

извор

оти бе играч не мечот хасани ?кога ете голот го ставил фазли ...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom