Македонска фудбалска репрезентација

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.327
Поени од реакции
8.362
/\
Не е битно и ова е голем успех за нас :toe:
Среќен беше нашиот 2 гол односно голема грешка на голманот и какао што кажа брзо ги направивме 5 фаули но сепак издржавме до крајот односно до 30 секунди до крај но се гледа дека немаме потенцијал за поголем успех
Да се играше на друго место тешко дека ќе ги тепавме грузијците (кој денес грешеја се )
Кај нас само тој ранготов и стреелцот на вториот гол се гледа дека делат другите се просечни а нај слаб беше капитенот
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Добро е да се слушне за нас и за овој спорт.После се е полесно,како што се случи со Ватерполото да се фати ритам на првенствата.Барем за овој спорт не треба кој знае какви услови,сите го играме во маалата,и да нема барем 8 играчи врвни нема шанса.Него никој не тргнал да види по прави младината.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.412
Поени од реакции
16.675
Епа нека ни е честото пласман во главните квалификации. Но ако сакаме да направиме некој позабележителни резултати ќе треба многу да се работи, силни подготовки, тренинзи, професинален пристап и се она што е фактор за успех. Затоа што сега нема да играме со репрезентации од типот на Англија ( :icon_lol: ), туку секој нареден противник ќе ги има во најмала рака квалитетите на Грузија. Затоа да се стегнат заби, да се направат поволни резултати а подршката и симпатиите од публиката секако ќе ги добијат.
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.939
Поени од реакции
4.432
^И на тебе нема да ти пречат ако зимаш 100К неделно.:nenene:
 
П

Паспарту

Гостин
http://sport.com.mk/?ItemID=90657DA92621DD42A82BE7B6A175F990

На некој не му пречат свирежи во Италија, а во Македонија??
Епа кога требаше да игра за Македонија беше "повреден", а 2 дена подоцна играше цели натпревари за Интер... Сега е тотално вон форма, последниот добар натпревар го одигра пред 9-10 месеци, па мора да ја враќа својата форма каде ако не во македонскиот репрезентативен дрес.

Иако е најдобриот македонски фудбалер, сепак нема ни 10% од срцето на еден Илчо Наумоски...
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Не почнувајте пак со тие муабети,дискутирано е веќе.Да му посакаме да ја врати формата што побргу.
 
Член од
29 јануари 2008
Мислења
821
Поени од реакции
410
Долоркс во право си... али и селекторот си го прави своето... ако имаше барем малку мозок ќе направеше еден компактен тим кој што ќе го уигрува.. каде што ќе има некој да пушти топка до напаѓач во празно.. да истрча противнички играч.. и слично.. али тој цело време прави услуги на менаџери за пари за да можат да си ги продадат играчите во повисоки лиги... па нормално дека на еден пандев нема да му одговара да игра со играчи кој знае дека се во екипата само заради една цел... и на многу други тоа не им одговара само некои се прават на тошо... Многу работи од корен треба да се сменат.. али што се мени тиче јас сум бил секогаш македонец и 100% секогаш поддршка од мене ќе добива репрезентацијата само во овој момент ни господ неможе да ги поддржи..
 
П

Паспарту

Гостин
Долоркс во право си... али и селекторот си го прави своето... ако имаше барем малку мозок ќе направеше еден компактен тим кој што ќе го уигрува.. каде што ќе има некој да пушти топка до напаѓач во празно.. да истрча противнички играч.. и слично.. али тој цело време прави услуги на менаџери за пари за да можат да си ги продадат играчите во повисоки лиги... па нормално дека на еден пандев нема да му одговара да игра со играчи кој знае дека се во екипата само заради една цел... и на многу други тоа не им одговара само некои се прават на тошо... Многу работи од корен треба да се сменат.. али што се мени тиче јас сум бил секогаш македонец и 100% секогаш поддршка од мене ќе добива репрезентацијата само во овој момент ни господ неможе да ги поддржи..
Нормално дека никој од навивачите нема да се откаже од репрезентацијата, но и на тие навивачи им е дојдено преку половиот орган од целиот наш фудбал... Како што кажав, Пандев е убедливо нашиот најдобар фудбалер, неговите квалитети не може никој да ги оспорува, а тоа дали му удриле парите во глава е негов проблем :) Според мене, доколку тоа што го викаш е точно, односно дека не му се игра со вакви играчи и лоповска федерација, тогаш подобро ќе биде да излезе и јавно да го каже тоа, да каже се што се случува во и околу репрезентацијата, а вака излегува дека тој оваа работа ја поддржува. Моментот е сега да се каже вистината за целиот наш фудбал, за крадењето во него, местењето и другите слични работи, а не откако ќе падне оваа власт, после војната најлесно е да се правиш херој ако си преживеал :)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.327
Поени од реакции
8.362
Против Камерун во најсилниот состав
Среда, 26 Јануари 2011 10:47


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Мирсад Јонуз денеска го соопшти списокот на играчи кои ќе настап на пријателскиот натпревар со Камерун што ќе се одигра на Националната Арена Филип Втори Македонски на 9. Февруари со почеток во 17.30ч.
На списокот доминираат стандардните репрезентативци со што се потврдија очекувањата дека Македонија и Камерун ќе настапат во најсилните состави во Скопје со Пандев, Тричковски, И.Митревски, Новевски, Ето, Екото.....



А- РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

1. Нурединоски Един - Етникос Aхнас / Кипар
2. Богатинов Мартин - Карпати / Украина
3. Демири Мухамед - Тун / Швајцарија
4. Митрески Игор - Нефчи / Азербејџан
5. Новевски Николче - Мајнц 05 / Германија
6. Шиков Ванче - Етникос Ахнас / Кипар
7. Мојсов Даниел - Војводина / Србија
8. Тодоровски Александар - Рад / Србија
9. Попов Горан - Динамо Киев / Украина
10. Лазевски Александар - Партизан / Србија
11. Лазаревски Владе - Тобол - Костањи / Казакстан
12. Шумуликоски Величе - Новосибирск / Русија
13. Деспотовски Филип - Интер Баку / Азербејџан
14. Тасевски Дарко - Левски Софија / Бугарија
15. Пандев Горан - Интер / Италија
16. Наумоски Илчо - Матерсбург / Австрија
17. Ристиќ Стевица - Амкар Перм / Русија
18. Тричковски Иван - АПОЕЛ / Кипар

Селекторот Јонуз очекува натпреварот да биде одлична проверка на формата на репрезентативците пред продолжението на квалификациите за ЕП 2012г.:

Ова ќе биде прв натпревар на А репрезентацијата во 2011 година со противник (Камерун), кој што со својот играчки квалитет ќе биде навистина сериозна проверка на нашите можности пред продолжувањето на квалификациите во март. Можам да констатирам дека повиканите играчи во овој период се наоѓаат во различни фази од формата. Играчите кои играат во Италија, Германија и Кипар се во натпреварувачка форма додека останатите се на подготовки и одигруваат пријателски натпревари со своите клубови.

Во овој момент ги одбрав најдобрите играчи кои што планирам да ми бидат на располагање и во март за дуелот од квалификациите. Овој натпревар нормално ќе биде интересен и по дуелите што ќе ги имаат играчите на двете репрезентации, особено на двата капитена Пандев и Ето, како и начинот на игра на Камерун кој е многу сличен со нашиот стил.

Очекувам времето да не послужи, амбиентот на теренот ќе го креираат играчите додека за амбиентот на трибините очекувам да го направат 20.000 навивачи. Ние треба да одиграме дисциплиниран, одговорен, едноставен натпревар и да очекуваме добар резултат. Во случај на повреда или откажување на некој репрезентативец, дополнително ќе биде повикан друг – изјави селекторот Мирсад Јонуз во пресрет на средбата со Камерун.

ffm.com.mk

За што бе и за кој 20000 гледачи да ви го полнат џепот тебе и на хари ?куртони невидени ете на фб почнаа со најавите за наградни игри за утакмицата .Кој ќе му оди бе цело врем верглаат само пандев против ето за да го комерцијализираат повеќе и да му дадат на реклама и значеќе ГРЕВОВИ
Јонуз оди си бе тркаљло торбешко кој к8р уште си селектор бе што резултати донесе бе сукало едно кое место сме на фифа ранконгот ?кое место сме на табелата со само три четири утакмици ги губиме шансите за пласман

ps.долорекс за кој илчо збораш бе ?за тој што се клади во кладилница дека ќе доби прв жолт картон !!!
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.412
Поени од реакции
16.675
ps.долорекс за кој илчо збораш бе ?за тој што се клади во кладилница дека ќе доби прв жолт картон !!!


За овој Илчо.

Немаме ниту еден друг играч-репрезентативец кој игра толку пожртвувано и со срце кога станува збор за репрезентацијата. Тоа е ФАКТ!
И аман со вакви муабети дека се е наместено, претерувате.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.126
Поени од реакции
3.991
Во врска со списокот на играчи за Камерун немам многу забелешки освен: зошто пола тим одбрана ќе ни биде??? Дури 8 одбранбени играчи (Попов, Лазевски, Новески, Мојсов, Митрески, Шиков, Тодоровски, Лазаревски)? А во среден ред и напад само по 4ца... Мислам овој Лазаревски уопште не требале пак да го викаат, и онака веќе повеќе од докажани се неговите „квалитети“, требало место него да повика некој во среден ред или напад евентуално...

енивеј, на овој натпревар исто и Васовски ќе присуствува, ќе се збогува од репрезентацијата.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
71
Поени од реакции
18


За овој Илчо.

Немаме ниту еден друг играч-репрезентативец кој игра толку пожртвувано и со срце кога станува збор за репрезентацијата. Тоа е ФАКТ!
И аман со вакви муабети дека се е наместено, претерувате.
Значи, за истиот Илчо шо е „ватрени навијач Партизана“? Не дека не игра пожртвувано во репрезентација, ама вакви изјави не се баш за почит.

2:38
 

Kajgana Shop

На врв Bottom