Македонска фудбалска репрезентација

Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Затоа у понеделник да се отиде и да им се даде што е можно поголема подршка на нашите, заслужуваат да играат пред полни трибини!

идеме на кале сите у понеделник!!!
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.992
Поени од реакции
16.432
И за денеска викавте идеме и празна пак.
Сите сме навивачи на компјутер, ја да сум бил од Скопје, не би се мислел дали ќе одам или не..плус слободен влез, мада и 50денари да е сепак футсалот т.е репрезентацијата ретко игра.
Кога за ЕП во ракомет/женска конкуренција немаше народ во салите, што да очекуваме за ова.
Подобро во Куманово да се играло, барем салата фул ќе била и со наплаќање на карти.
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Имаме доста добра репрезентација, имаше многу добри акции изработено и на двата натпревари кои очигледно се добро извежбани на тренинзите, многу добро работаат како колектив и тоа ми се свиѓа многу. Само им фали подобра кондициска спремност иако нонстоп се прават замени не можат до крај да го издржат темпото на игра... Денеска сериозно се повреди и еден од подобрите 8-цата ( со бројка бидејќи никого не знам по име :) ) ќе бидеме ослабени за натпреваров со Грузија со неговото неиграње.
Иначе екипа од Грузија лани за малку (само заради тоа што имале послаба гол разлика) не влегла у фајнал форот на ЛШ у футсал па по тоа ќе се види каква им е репрезентацијата... Но како што видов и мие не сме за потценување па со полна сала у понеделник може да се совлада и Грузија. :)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.458
Поени од реакции
8.591
Футсал:Со помош на публиката до победата
Недела, 23 Јануари 2011 13:52


Македонската футсал репрезентација со две победи на претквалификацискиот турнир за ЕП што се игра во Скопје се наоѓа на делба на 1.место во Ц -групата заедно со селекцијата на Грузија. Обете селекции собраа по 6 поени па утрешниот меѓусебен дуел ќе одлучи кој ќе патува на квалификациите во Полска. Селекторот Скендеровски се соочува со бројни повреди по средбата со Естонија:



-Задоволен сум од постигнатото но најважното допрва следува. Само победа против одличните грузијци не остава во игра. Повредени се Насковски,Ранготов и Петровски што ни прави дополнителни проблеми. Се надевам дека последните двајца ќе се опорават и ќе имаме поголем избор на играчи. Ги повикувам фановите да ни помогнат утре да ја оствариме целта. Средбата се игра во понеделник во СРЦ Кале со почеток во 20.30ч.
ffm.com.mk

--- надополнето ---

Кој се нашите жолтите или црвените ?
оти нема глас кај мене http://wwitv.com/tv_channels/b5644.htm :kesa:

--- надополнето ---

ГОЛЛЛЛЛ видов жолтите се нашите:vozbud:
 

GIS

Член од
21 октомври 2007
Мислења
881
Поени од реакции
154
Браво за нашите многу добра игра во првото полувреме,заслужено водиме 1-0...сепак требаше да дадеме уште еден гол имавме многу шанси..сега второ полувреме мора да дадеме уште еден набрзина за мирен завршеток!!
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.458
Поени од реакции
8.591
Слабо нашите после голот многу се повлекоја наместо да ги притиснат тогаш на почетокто кога беа збунети нашите се задовлија и изненадија со брзото водство
Мора да нападнат сега на почетокот на второто не верувам дека ќе издржат и ќе остани само 1-0 некако уплашени се нашите и чекаат контра и слаби сме по десната страна
Ај се среќа да ни е второто и да тепаме :smir:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Играме у дресови како што носеше брус ли тренерки во еден филм :vozbud:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Лелел каква драма на крај но покажава овие момци иако се аматери дека играат со срце и во мал фудбал сме бољи од голем фудбал акде се професионалци и имаат јаки пари.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Искрено мене овој мал фудбал ми е посмпатичен од гоелмиот, многу е атрактивен брз, една секунда може гол да апдне, нема лежење и задржувањље време, бара многу техника, многу шеми уиграни и треба да се направи повеќе од една амтерска лига. исто така сум поборник да се направатг и игралишта во мал фудбал ама на песок и тоа ми е доста атрактивно но само лето може да с еигра додека ова преку цела сезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom