Морам да се умешам во муабетов како поранешен кошаркар и човек што ги има видено сите овие работи што ги зборувате. Морам да се сложам со нсан, ние немаме мајндсет како нација, зборам спортски мајндсет. Јас лично, не сеа да се курчам нешто, ама имам тренирано во лименката во Јане Сандански на минус 20 и кусур степени, имав слика во стариот телефон ама богзнае каде заврши. Значи надвор ако беше -20 во сала беше - 290000 степени, е до толку беше ладно, тие што навивале за МЗТ и иделе тогаш во сала знаат за што зборам. И тогаш, во такви услови, каде кога врнеше во сала на сред терен ставаа кофа пошо прокапуваше во Јане имаше многу подобра кошарка и многу повеќе талентирани деца отколку сега, каде што имаат да не речам врвни услови. Ај нека не се врни ама одлични, со парно греење, со машини за шутирање, опрема, патики, курац палац. Ние за се ова плаќавме, машина за шут чао, не ни знаевме што е тоа, греење исто чао, патики опреми све сами сме си купувале и баш тој период бевме страшни во кошарка, имаше и деца и све, а сеа има една огромна нула. Епа не е логично на многу подобри услови да имаш многу помалце добри играчи, нели?

Тоа е затоа што целиот систем во државава е канцеросан, не зборам за кошарка него општо за секој можен спорт.
Сега гледам не се ни игра уличен спорт а има еден тон игралишта, јас кога бев дете пример на баскет кога ќе одевме ако изгубиш една партија оди си пошо десет тројки чекаат и нема да дојдеш на ред, сеа кошевите и игралиштата празни, нема деца што се заинтересирани за спорт. Истото важи и за фудбал. У денешно време родителите (не сите ама повеќето) спортот го сфаќаат како разонода за децата као у стилу ај ќе го пуштам да потренира фудбал малиот нека се издува нека се испоти, а не на пример детето да му научи нешто, ако ништо друго спортски навики да стекне. Имам личен пример од еден другар што е тренер по кошарка, викам иам едно дете на многу богати родители и оди нели цел ден во школо и таму од 5 до 7 има некоја луфта во времето каде родителите не може да го земат од дневен престој а детево нема што да прави и вика ме молат со 2 групи да му држам тренинзи, и од 5 до 6 и од 6 до 7 за да имало детето што да прави и каде да седи, а вика детево КУР НЕ ГО БОЛИ ЗА КОШАРКА. Другаров видел не видел му кажал на таткото каква е работата и пази сеа татково не да рече ок ајде ќе се снаоѓаме тоа е што е, он му рекол нееее те молам нека остане кај тебе дај му на мобилен да си игра само нека седи. И сеа детево седи 3 пати во неделата од 5 до 7 во сала и си игра на мобилен додека да дојдат неговите да го земат. И ти сакаш ова дете утре да има некои спортски навики? Да живее здрав живот? Види прво родителите што му прават, а после све останато.
Мора некако да се смени начинот на живот, да се извадат децата од дома и од пред компјутери и телефони и да почнат да играат разни спортови, да пројавуваат желба за спорт. Не ме зезајте има денес деца што не знаат кој е Мбапе и кој е Леброн Џејмс, па у мое време ако не знаеше кој е Роналдо или Зидан ќе те направеа ретардиран и ментално оболен, без разлика дали си спортски фан или не, тоа е општа култура.
И за ова со индивидуалните тренинзи се слагам со СК 92, никого ништо не го спречува да тренира индивидуално, не мора да оди Монт Еверест да го качи ама може да остане да вежба слободни удари, пенали итн. Кај нашиве деца тоа го нема, секоја чест на исклучоци али грото од децата гледаат само да отидат на тренинг, да се пошуњаат, да потрчаат и да си отидат дома. Трајковски на пример УБЕДЕН СУМ дека можеше многу подобра кариера да направи да не беше глупак од Драчево и мрза најголема. Све има, талент, брзина, знаење, ама џабе кога не му се тренира. Исто и Велковски.