Оти си мислам дека сите од ФФМ се понашаат како до тука да било, онака лагано како да се задоволија со тоа што го испаднаа актуелниот Европски првак. Се надевам дека грешам.
Утакмицата со Португалија ќе биди потешка, реално подобар тим имаат од Италија, онака кога ги гледаш како поединци.
Феликс, Жота и Бруно летаат на терен, Роналдо бонус, се надевам само дека нема да им е денот инаку чудо ќе биде да се запрат овие.
Секоја чест за одиграното со Италија ама да бидиме реални, Италијаните анемични беа во напад, само два сериозни шута имаа на цел натпревар.
Се надевам дека победата ќе им биде само мотивација и ветер во грб, никако кревање во облаци. Се нервирам кога читам изјави од играчите, као "ќе ја тепаме и Португалија" алоо седи мадро, факинг Роналдо не дава ваква изјава пред натпревар.
Нејсе, нека се спремат и физички и психички, ги чека меч живота.
Кога можеше Германија и Италија, зошто да не и Португал