Па секако дека може да не зафркне Исланд, дури и да играме добро. Ако во некој спорт може послаба екипа во еден натпревар да извади добар резултат против посилна, тоа е во фудбал.
Да не е така, тогаш немаше ни малку да постои надеж кај нас дека можеме да го поминеме баражот и да отидеме на СП. Таму треба две посилни репрезентации да победиме.
По тоа што видов денес од Исланд, доста се лоши дефанзивно во полупростор (како ние на ЕП, посебно против Австрија, кога Сабицер во лев полупростор не уништи), лоши се на длабински топки, лесно е да им направиш простор измеѓу бековите и централните дефанзивци, па не би требало да имаме многу проблем.
Само Барди и Елмас нека не претеруваат со дриблинзи и шутеви од далечина за да се покажат на Градски, затоа што имаат квалитет да дадат топки да ги извадат сите слабости на Исланд на површина. Често сакаат непотребно да солираат во репрезентација, посебно Елмас.
И добро е што Исланд сака да игра и се труди кога може со повеќе играчи да се префрли на протовничка половина. А против Ромснија многу беа лоши во транзиција од напад во одбрана.