Штета што играчи како Несторовски, Пандев, Хасани, Алиоски, Ибраими и Спировски кои што очигледно разбираат фудбал и имаат некаква замисла се осудени на пропаст само заради тоа што позади нив игра онаа ретардирана ‘‘петка‘‘ која што нема појма од фудбал + месечарот Богатинов. Онака ефтини голови итаљаниве не даваат ни на тренинг, но тоа е таа наша страотна петорка која што не знае ни да се постави на центаршут. Јас имам миљарда утакмици гледано на Градски од кои 90% се утакмици на Вардар кој што се натпреварува во една од најаматерските лиги во светот, но верувајте дека онакви циркузанти од штопери, бекови и голмани немам никогаш видено. Заради тие говеда и Мрме кој што упорно ги вика во репрезентација се она што го направија офанзивните играчи паѓа во вода и за тоа ми е најмногу криво, а реално на овие 3 воведни утакмици (посебно на денешнава) успеавме да создадеме и повеќе од доволно чисти шанси за гол кои што на многу тимови би им донеле 9 бодови. Јас искрено веќе неколку години имам дигнато раце од оваа репрезентација од добро познати причини и ич не се замарам што сме 150ти на ранг листа и што губиме од сите како магариња, но кога гледам дека дечките играат напред како што играа денес и создаваат огромен број на шанси (15+ шутеви против Италија е нешто со кое што ретко кој може да се пофали) ми е криво што на крај пак ние сме тие што го напуштаат стадионот со наведнати глави само заради тоа што ретардираната одбрана ги прима најефтините голови во историјата на фудбалот. И да, срамота е ‘‘професионални‘‘ фудбалери после 60 минути фудбал да не може да се движат по терен.
Ако во иднина некои луѓе планираат од Македонија да направат сериозна репрезентација ( што не верувам ) после утакмицата што ја игра составот до 21 година во вторник треба да се седне на маса и сериозно да се направи план за иднината на македонскиот репрезентативен фудбал. Факт е дека ние немаме играчи за да бидеме во првите 30 на ранг листата, но исто така факт е дека не сме до толку утепани за да бидеме меѓу последните. Има во оваа А селекција барем 6 солидни играчи кои што очигледно е дека разбираат фудбал, а еве гледаме дека и во селекцијата до 21 година има надежни фудбалери па убаво би било да се направи еден спој на младоста и искуството и да им се даде можност и на тие деца да покажат колкаво знаење имаат кога станува збор за вистинскиот фудбал. Секако не може да одиграат полошо од Мојсов, Жута и компанија па не гледам зошто да не им се даде можност уште во овие квалификации кои што се изгубени уште на самиот старт.
Голмани: Гачевски, Захов, Димитиевски, Алексовски. ( тој со најголема минутажа и најдобра форма стартер + уште еден од тројцата за резерва)
Одбрана: Зајков, Велковски*, Дамчевски (?), Бејтулаи, Тошевски и левиот бек за У21 мислам дека беше Мурати. Убаво би било и Грнчаров како најдобар македонец стопер да игра за репрезентација ама за тоа ќе мора прво Илчо и компанија да летаат од ФФМ.
Средина: Барди, Велковски*, Николов, Спировски + како офанзивни Бабунски, Алиоски, Хасани, Ибраими, Пандев, Радевски и Трајковски кога ќе се врати.
Напад: Несторовски и Костовски.
Ова мислам дека е најдоброто со кое што располагаме во овој момент и од овие 20ина играчи треба да биде составена репрезентацијата, а во стартен состав оние со најголема минутажа и они кои што двојат по квалитет во однос на другите. Овие младиве не би ме зачудило ако излезат и поголеми цепеници од овие што играат моментално, но ако ништо друго ќе се тешиме дека се млади и дека ќе научат.